Владата на Аунг Сан Су Кји означи нова зора за граѓаните на Мјанмар

Првата седница на собранието во Мјанмар. Фотографија преземена од официјалната Фејсбук страница на Министерството за информатика на Мјанмар.

Првата седница на собранието на Мјанмар одржана на 1 февруари, 2016 година, беше поздравена од многу граѓани како важно достигнување во транзицијата на земјата кон демократијата. Во собранието мнозинство има Националната Лига за Демократија (НЛД), која ја победи партијата поддржана од војската на изборите минатиот ноември. НЛД е предводена од поранешниот политички затвореник и лауреат за Нобелова награда за мир, Аунг Сан Су Кји.

Мјанмар стана независна држава во 1948 година, но ја изгуби краткотрајната демократија кога генералот Нај Вин ја презеде власта во 1962 година. По две децении воена диктатура, изби огромен државен бунт, кој го принуди го генералот Нај Вин да ја напушти функцијата во 1988 година. Две години подоцна се одржаа избори, но војската не ги призна резултатите кои покажаа дека Аунг Сан Су Кји, ќерка на националниот херој генерал Аунг Сан, победи. Наместо да стане претседател, нејзе ѝ беше определена мерка куќен притвор од хунтата предводена од новиот воен диктатор, генерал Тан Шве.

Дури по нови две децении воената влада ги најави намерите за спроведување на демократските реформи во државата. Беше претставен нов устав, кој резервираше 25 проценти од седиштата во собранието за армијата. Во 2010, партијата поддржана од војската предводена од поранешниот генерал Теин Сеин доминираше на изборите, кои беа обременети со огромни нерегуларности.

Новата влада продолжи со спроведување на драконски политики како прогонување на луѓе од етничките малцинства, апсење на критички новинари и активисти, и интензивирањето на локални конфликти. Но изненадувачки, таа исто така спроведуваше и значајни политички реформи како ослободувањето на стотици политички затвореници, распуштање на цензурата и либерализацијата на интернетот.

По нејзиното ослободување од затвор, Аунг Сан Су Кји ја предводеше опозицијата до изборна победа. Но таа е уставно ограничена од преземањето на претседателската функција бидејќи нејзиниот сопруг и деца се странци. Новата владеачка партија ќе номинира нов претседател за две недели, но Аунг Сан Су Кји се очекува да остане моќен глас во новата влада.

Во меѓувреме, многу граѓани во државата се оптимисти за првиот ден на новата влада. Еве што некои од граѓаните споделија на социјалните мрежи.

Фју Фју Ти на Фејсбук напиша за значајноста на улогата на народот во изборите.

Денес е денот кој долго го чекавме. Моќ на народот

Хелен Аје Кјав забележа дека првата собраниска седница беше предводена од жена.

ပြောင်းလဲပါပြီ
သဘာပတိကလည်း အမျိုးသမီးပါ
ဒေါ်ခင်ဌေးကြွယ်ပါ

Вистинска промена. Седницата е предводена од жена. Дав Кин Хтај Кјиве.

Фотографија споделена од Хелен Аје Кјав (скриншот од телевизор). Дав Кин Аје Кјиве од партијата НЛД ја чита агендата на собранието.

Активистот за човекови права Аунг Мјо Мин исто така ја препозна значајноста на овој настан:

ပြောင်းလဲမှုတခုတော့ သိသိသာသာပါ… အမျိုးသားထိုင်နေကျနေရာမှာ အမျိုးသမီးတယောက်တယောက် နေရာယူလိုက်ပါပြီ…

Промената е навистина значајна. Сега жена седи на местото каде историски седеле само мажи.

Поранешниот блогер и политички затвореник и сегашен пратеник во собранието Нај Фон Лат оддаде почит на хероите на демократското движење:

ဒီလိုနေ့မျိုးရောက်ဖို့ နည်းမျိုးစုံနဲ့ရင်းနှီးပေးဆပ်ခဲ့ကြတဲ့ အဘဦးဝင်းတင်အပါအဝင် ဒီမိုကရေစီသူရဲကောင်းများအားလုံးကို
ဒီနေ့မှာ ထူးထူးကဲကဲ သတိရနေမိပါတယ်။
ဒီပုဂ္ဂိုလ်တွေရဲ့ စိတ်ဝိဉာဉ်တွေကို ဦးထိပ်ပန်ဆင်ပြီး
ရဲရင့်လေးနက်စွာနဲ့ ရှေ့ခရီးကို ဆက်လျှောက်ပါ့မယ်။

Денеска особено се сеќавам на хероите на демократијата вклучувајќи го тука чичко Ју Вин Тин, кои ги дадоа своите животи за да дојдеме до овој ден. Оддржувајќи го жив нивниот дух во моето срце, (јас) храбро ќе чекорам напред.

Ladies News Journal исто така сподели фотографија од жената на новинарот Ко Пар Гји, кој беше застрелан од војската за време на претходната влада. Таа сега исто така е пратеник во собранието и го застапува нејзиниот роден град:

Фотографија споделена од Ladies News Journal.

Во веста пишува:

ကမ္ဘာ့သမိုင်းတွင် မှတ်တမ်းဝင်သွားပြီဖြစ်တဲ့ မြန်မာနိုင်ငံမှ အကြမ်းမဖက် ဒီမိုကရေစီအောင်ပွဲ

Мјанмарската победа на ненасилната демократија која оддекна во светот.

Сепак, некои луѓе се сѐ уште скептични околу континуираното инволвирање на војската во процесот на донесување закони:

— маунг зарни (@drzarni) 1 февруари, 2016

Ова ги вклучува и карикатуристите, кои се сѐ уште критични кон влијанието на војската.

Карикатура на карикатуристот Винг Аунг. Споделена од BrainWave.

Карикатура на карикатуристот Винг Аунг. Споделена од BrainWave. Во текстот пишува: „ако не е во правата средина, невозможно е да расте.“ Над дрвото пишува: Демократија.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.