- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Реформаторите на судење во Саудиска Арабија

Категории: Граѓански медиуми

Активистите за човекови права Мохамед ал Катани (лево) и Абдула ал Хамид (десно) пред нивното шесто сослушување во Ријад, Саудиска Арабија. Фотографија на корисникот на Твитер @thumarm.

Двајца истакнати реформатори и активисти за човекови права во Саудиска Арабија се на судење. Мохамед ал Катани и Абдула ал Хамид се товарат за „откажување од верност спрема владетелот и неговиот наследник“ и „обид да се попречи развојот на земјата“.

Реформаторите

Мохамед ал Катани е професор по економија и скоро беше наведен во листата на Топ 100 глобални мислители за 2012 година [1] во однос на надворешната политика. Абдула ал Хамид најпрво беше притворен во 1993-та година и е најверојатно најдолгостоечкиот реформатор во државата. Тие повикуваат на уставна монархија, заштита на правото на политичко неединство како и крај на прекршувањата на човековите права. Двајцата се дел од основачите на Саудиската асоцијација за граѓански и политички права [2] (ACPRAHR), најактивната независна група за одбрана и застапување на човековите права. Организацијата која е формирана во 2009-та година и се до ден денес не е лиценцирана продолжува да ги документира прекршувањата на човековите права, да поднесува локални тужби против Министерството за внатрешни работи и да ги пријавува прекршувањата до Советот за човекови права на ОН. Неколку основачи на асоцијацијата се гонети од властите, а еден од нив веќе е осуден на затворска казна во текот на тајно судење. [3]

Историско судење

Судењето на ал Катани и ал Хамид започна во јуни 2012-та, одделно и тајно. После првото сослушување судијата ги спои двата случаи. Десетици активисти присуствуваа на второто сослушување и во живо твитаа од заседанието на судот, правејќи и неколку фотографии поради што подоцна судијата означи дека редот во судницата е прекршен и реши да ги затвори следните заседанија. Во текот на наредните неколку сослушувања, двајцата активисти одбија да им биде судено во тајност и се заканија дека нема да проговорат. До петтото сослушување судијата конечно капитулираше со тоа што го претвори процесот во јавно судење. Осмото сослушување привлече деведесет луѓе вклучувајќи и локални и странски новинари.

Саудиска Арабија е една од неколкуте преостанати апсолутистички монархии во светот и има разурнувачки рекорд  во поглед на човековите права којшто вклучува 30000 осудени и притворени лица. Од официјалното наметнување од страна на државата (на нејзиното толкување) на Шеријатското право, судењата и сослушувањата се очекува да станат религиозни дебати околу значењето на Шеријатот.

Следење на судењето

2013 
13 јануари - Одложена е пресудата за саудиските активисти [4]

2012
29 декември – Финално сослушување: Завршува сослушувањето на саудиските активисти  [5]
15 декември – Деветто сослушување: Саудискиот судија: Башар ал Асад е последицата на демократијата [6]
9 декември – Осмо сослушување: Саудиски активист: „Јавното судење го открива нивниот менталитет и недостатокот на докази” [7]
1 декември – Седмо сослушување: Саудиски активист: „Ова е инквизиција, не гонат поради нашите мислења“ [8]
24 ноември – Шесто сослушување: Саудискиот судија: „Тоа што се однесува на владетелот не се однесува и на оние со кои тој владее“ [9]
10 ноември – Петто сослушување: Саудискиот судија: „Владетелот има право да го прави тоа што мисли дека е соодветно” [10]
6 октомври – Четврто сослушување: Саудиска Арабија: Тајното судење продолжува, а со тоа и одбивањето на активистите [11]
8 септември – Трето сослушување: Саудиска Арабија: Бројот на реформатори одби тајно судење [12]

1 септември – Второ сослушување: Саудиска Арабија: Судење оспорено од истакнати реформатори за човекови права [13]

Ресурси

Твитер

Следете ги на: @MFQahtani [17] | @Abubelal_1951 [18] |@acprahr [19]
Хаштагови: #محاكمة_حسم [20] | #acprahr [21]

Ве молиме контактирајте го уредникот на Глобал Војсис за Блискиот Исток и Северна Африка, Амира ал Хусеини [22] или пак авторот за Глобал Војсис за Саудиска Арабија, Осама Халид [23], доколку имате линкови, идеи за статија или пак сакате да направите придонес во однос на ресурсите на оваа страница.