- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Кина: Интелектуалците дебатираат околу политиката во доделувањето на Нобеловата награда за литература

Категории: Источна Азија, Кина, Граѓански медиуми, Политика, Уметност и култура

Благодарение на нејзиниот вселенски проект, златните Олимписки медали и економскиот развој, Кина го зацврсти имиџот на силна земја низ светот. Фактот што Кина ја надмина Јапонија за да стане втората најголема економија [1] во светот и дава доверба на кинеската Влада. Но, сепак, во полето на културата и уметноста заостанува назад.

Многумина се жалеа на нејзиниот неуспех да ја добие Нобеловата награда за литература и покрај петте илјади години на цивилизација и историја. Од една страна про-владините интелектуалци ја доведоа во прашање одлуката на Нобеловиот комитет, но од друга страна побараа признавање на кинескита уметност и култура од страна на нивните западни непријатели. Па така, кога оваа година комитетот му ја додели наградата на кинескиот писател Мо Јан, нивните срца скаменети од долгиот период на одбивање од страна на организацијата, конечно омекнаа. Пролетта конечно дојде.

Mo Yan [2]

Мо Јан. Фотографијата е од корисникот на Фликр – Исак Мао. (CC: BY)

Многу коментатори рекоа дека Нобеловиот комитет за литература не ја зел предвид меѓународната политика кога ја донел неговата одлука. Кинескиот писател Гуангди го реафирмираше [3] литературното достигнување на Мо Јан:

莫言可能是當下中國文壇最博大、勤奮的作家。博大源自其嘗試的路子多而寬,筆法汪洋恣肆、氣勢蓬勃、自由率性。至於深厚,我不敢說,需要時間來說。勤奮源自其寫作的數量和品質之積,也源自其不懈的開拓精神,就中國當下而言,無人能出其右。對社會的介入、對人性的探究是偉大作家理應追求的目標。莫言的語言才華與他的勤奮是矚目的。

Мо Јан е веројатно најистакнатиот и највредниот писaтел во Кина. Тој има експериментирано во многу различни жанрови. Неговиот стил е нескротлив, моќен, величенствен и искрен. Сепак се уште е рано да се каже дали неговите дела се длабоки бидејќи историјата ќе пресуди. Како и да е тој е многу продуктивен и неговите дела се со добар квалитет. Тој продолжува да истражува нови теми и жанрови. Во таа смисла, ниеден друг современ писател не може да се натпреварува со него. Добриот писател треба да интервенира во општеството и да ја истражува човековата природа. Напорите на Мо Јан и владеењето на јазикот се широко признаени.

Меѓутоа, некои луѓе веруваат дека Мо Јан е далеку од голем писател. На пример, медиумскиот работник Каи Фенг истакна [4]:

文學可以不涉及政治,但政治卻總是染指文學,況且是在這樣一個曾經將「文藝要為工農兵服務」推為文學創作的指導方針、有著政治全面控制文學經歷的國度裡,文學怎會脫離政治?

Литературата не смее да има ништо со политика, но политиката секогаш врши инвазија врз литературата. Фактот што ние живееме во земја која некогаш го промовираше слоганот „литературата треба да им служи на работникот, селанецот и на народната армија“ и се уште спроведува целосна контрола врз литературниот сектор, тогаш како може литературата да се оддели од политиката?

Навистина, кога Нобеловата награда за литература беше најавена, Ли Чангчун [5], еден од највисоките кинески чиновници, член на упрaвниот одбор на Централниот Комитет на Кинеската Комунистичка Партија [6] (ККП), испрати писмо со честитки до Кинеското друштво на писатели. Токму затоа Каи Фенг го постави прашањето [4]:

評價一個作品,難道只剩下技術性的文法、結構了嗎?只有所謂「魔幻的現實主義」了嗎?一部作品的靈魂呢?作品的社會指向呢?在人道主義和人類理想主義精神方面的表現呢?

Дали можеме да оцениме некое литературно дело само по неговата структура и синтакса? Таканаречениот „магичен реализам“? А што со неговата душа? Неговата врска со општеството? Неговиот хуманитаризам и аспирации за идеално општество?

Скептицизмот на јавноста кон Мо Јан произлегува од неговото членство во ККП и неговото искуство како заменик-претседател на Кинеското друштво на писатели. Освен тоа, луѓето не се среќни со неговото одбивање да прифати позиција во Франкфурт во 2005-та, само затоа што организаторот исто така го повикал и Даи Чинг, писател дисидент. Многумина исто така го сметаа за срамен акт и учеството на Мо Јан во рачното копирање на делото на Мао Цетунг „Говорите на Јанан за литературата и уметноста “ [7] во мај 2012-та година.

Некои дури го споредуваат Мо Јан и со Харуки Мураками [8], познатиот јапонски писател и уште еден врвен кандидат за Нобеловата награда за литература и го потенцираат изборот на Мураками да „застане на страната на јајцата наместо на страната на ѕидот“ [мислејќи да застане на страната на  угнетените].

Колумнистот на страната My1510.cn Жу Женгјанг сочувствува [9] со положбата на Мо Јан:

莫言在長期以來高壓、僵化的政治社會生態環境中,耍小聰明的生存道術及其自白,也是一大批混文混世、混著混著就混成了大小混混的一大批文人的真實寫照。

Мо Јан беше принуден да живее во многу репресивно и ригидно политичко општество. Тој мора да биде паметен за да преживее. Toj e жив одраз на оние кои пливаат во калливите води на овој каллив систем.

Чен Генг, уште еден писател на my1510.cn исто така се согласи [10]:

我們不應當苛求于莫言,一切偉大者都是平凡者,都是有缺點的人,莫言也不例外!

Не треба да бидеме премногу строги кон Мо Јан. Сите големи луѓе се обични луѓе и имаат свои слабости. Мо Јан е само дел од тие луѓе.

Чен верува дека Нобеловата награда за литература на Мо Јан ќе стави крај на дебатата помеѓу Ху Ши [11] којшто беше под влијание на западната литература и Лу Џин [12], кој веруваше дека литературата постои за да им служи на угнетените и дека го обликува развојот на современата кинеска култура.

Каква личност е Мо Јан? Џи Ваи, којшто го познава Мо Јан уште од кога тој бил млад писател, рече дека Мо Јан е многу срамежлив и не сака да се експонира, што всушност одговара и со значењето на неговото име Мо [не] Јан [се изјасни], тој исто така е и како смешен постар брат на неговите пријатели и се сеќава [13] на времето кога тие биле заедно во едно рурално село:

組織者在寬甸安排我們體驗民生,住在農家客棧,男女各一屋,統睡在大炕上,入睡前男生屋裡傳話過來說,根據莫言的經驗和建議,為避免傳到蝨子,晚上睡覺要脫光衣服,早上起來用炕帚掃遍全身,然後再穿衣服。結果導致女生屋子一片笑駡。

Партијата ни организираше да го искусиме животот на селаните во Куан Диан. Живеевме во селски хостел, машки и женски во две различни соби. Пред да заспиеме, момците рекоа дека Мо Јан тврдел дека за да се спречат болвите да се вгнездат во нивните тела, морало да спијат голи и да се исчистат наредното утро пред да се облечат. Ептен се смеевме таа вечер во собата на девојките.

Без разлика дали го сакате Мо Јан или не, тој сепак е првиот Кинез којшто ја добил Нобеловата награда со согласност на кинеската Влада. Информации што се однесуваат на делата на Мо Јан ќе бидат вклучени во учебниците за основно образование или пак на тоа дека татковината на Мо Јан ќе развие забавен парк како „црвено сорго“, базиран на еден од неговите романи за да се привлечат туристи, ќе продолжат ненадејно да се појавуваат. Мо Јан и неговата Нобелова награда станаа јавно прашање и ќе продолжат да бидат тема на жешки дискусии во политичките и социјалните кругови.

My1510.cn ја има собрано претходно необјавената дебата за Мо Јан од веб-сајтот my1510.cn и има организирано диксусии на посебна страница закомплексот на Нобеловата награда [14].