- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Сирија: Божиќен масакр

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Сирија, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Најважни вести, Политика, Протест, Човекови права

Оваа објава е дел од нашата специјална репортажа за Протестите во Сирија во 2011 [1].

Повеќе од 250 Сиријци се убиени во претходните два дена, пракајќи шокантни бранови ширум светот. Извештаите за „ужасните масакри“ дојдоа од опозицијата Сириски Национален Совет (СНС ), кој ја повика [2] Арапската лига да ги осуди убијците, а Обединетите нации да превземат мерки за заштита на граѓаните.

Рима Мактаби објави на Твитер:

@rimamaktabi [3]: СНС изјавува дека 250 луѓе се убиени за 48 часа во #syria  и повикаа за меѓународна заштита на граѓаните

Саудискиот блогер Ахмед Ал Омран, кој работи во НПР, ги поминува неговите денови (и ноќи ) прегледувајќи ги видеата од злосторствата извршени против сиријските граѓани и ги споделува онлајн на неговиот профил на Твитер [4].

Претходната ноќ тој на Твитер објави неколку вознемирувачки видеа и тогаш изјави:

@ahmed [5]: Болно, болно до гадење.

Тој му ги објаснува причините на Саудиецот Иман Ал Ќатани:

@ahmed [6]: @ImaQh се чувствувам многу вознемирено по гледањето на овие видеа од Сирија. Не ги гледајте.

Ал Омран, јасно ги одбележа видеата кои ги линкуваше, со предупредување за експлицитно и екстремно експлицитно, објаснувајќи:

@ahmed [7]: видеата за бомбардирањето на Баб Амр се страшно ужасни. Не сум сигурен дека ќе можам да ги гледам видеата кои ќе излезат од Кафарваид, Идлиб.

Овој хорор и светската тишина како подготовка за празничната сезона, ги поттикна нетизените да твитаат за развојот на настаните во Сирија со хаштагот Божиќен масакр. Целта е да се привлече вниманието на страдањето на Сиријците и недостатокот од акција во коридорите на светските сили.

Јана Слободна Сирија го согледува хоророт на лицата на Сиријците. Таа напиша:

@SYRIAslyJana [8]: За да сфатиме колку овој режим е ладнокрвен, тие убиваат цели фамилии, но оставаат по еден жив за да гледа и да страда #Assad #christmasmassacre

СиикерСк објавува:

@SeekerSK [9]: Додека некои го гледаат „Како Гринч го украде Божиќ“ други го преживуваат „Како Асад ги украде животите“ #ChristmasMassacre #Syria

и додава:

@SeekerSk [10]: #ChristmasMassacre Некои луѓе ги декорираат нивните домови со црвено и зелено, Асад го претвори нашето зелено во крваво црвено #Syria

Се чувствува огорченоста во следниов твит во однос на Јутјуб, каде се објавуваат повеќето видеа на кои се гледа како се извршувани злосторствата врз граѓаните на Сирија.

@SeekerSk [11]: Смешно како видеата на Јутјуб за нашите загинати се сметаат соодветни за луѓе над 18 год., а нашите загинати самите се на возраст под 18 год. #Syria

Друг корисник на Твитер, Сириски Бисер, напиша:

@March15Syria [12]: Како што децата од целиот свет бараат од Дедо Мраз дожд од подароци, така децата од Сирија бараат од светот дожд од помош. #ChristmasMassacre

Карем Лаила не потсетува :

@KareemLailah [13]: #ChristmasMassacre Масакрот за Божиќ е масакр кој се случува во #Syria сега додека вие ги подготвувате подароците за Божиќ.

А Малат Аумран додава:

@MalathAumran [14]: се случи еднаш еден масакр… светот гледаше и го осудуваше цели 10 месеци #Syria

Јас објавив:

@JustAmira [15]: Кога ќе го гледате најгледаното видео на Твитер ќе видите обезглавено тело на дете. Добро направено Башар. Се надевам дека си горд. #ChristmasMassacre

За повеќе реакции, проверете го хаштагот #ChristmasMassacre [16] на Твитер.

Оваа објава е дел од нашата специјална репортажа за Протестите во Сирија во 2011 [1].