- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Египет: Нашиот херој, Ваел Гоним

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Египет, Владеење, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Протест, Човекови права

Веќе со денови, Египќаните насекаде го бараат [1] Ваел Гоним, раководителот на Гугл кој исчезна на 27 јануари. Денес, после многу шпекулации [2], Гоним беше ослободен [3].

Самиот Гугл беше меѓу првите кои ја објави веста [4]на Твитер:

Големо олеснување–Ваел Гоним е ослободен. Поздрав до него и неговото семејство.

Неколку часа после неговото ослободување, Гоним даде две интервјуа. Првото, поставено на Твитер од страна на  @ХабибХ [5], е подолу, со преведена верзија достапна на Жив во Египет [6]:

Второто, за ДримТВ, беше пренесувано во живо и поставено на Твитер во живо од страна на новинарот Султан Ал Касеми [7], кој набрзо го преведе интервјуто на англиски. Следуваат неколку изјави на Гоним преземени од Твитер:

Ваел @Гоним: Тие сакаа детали, информации. “Дали луѓето кои го испланираа ова се од надвор?” Ние не направивме ништо лошо, ова беше апел

Ваел @Гоним: Египетските државни ТВ канали не ја прикажаа вистината, затоа сега луѓето ги гледаат приватните канали

Ал Касеми го заокружи пишувањето на Твитер со оваа изјава [8]:

Последните зборови на Ваел @Гоним: Сакам да им кажам на семејствата кои ги загубија своите синови дека ова не е наша вина. Виновни се оние кои грчевито се држат на власт.

Интервјуто е исто така достапно (на арапски) на  ЈуТуб [9] и е транскрибирано тука [10].

Египќаните и другите на Твитер беа освоени од интервјуто на Гоним, многумина нарекувајќи го херој. @ЕгипетСекуларист пишува [11]:

Ова е пресвртна точка во револуцијата. Емоциите на @Гоним ќе дадат поголема одлучност за #тахрир. Утрешниот ден ќе биде голем.

@СараМонеир исто така ја искажува нејзината благодарност [12]:

Египет плаче… се давам во сопствените солзи. БОГ ДА ТЕ БЛАГОСЛОВИ @Гоним

@КаироДевојка Шерин Елбанхави исто така му ласка на Гоним [13]:

@Гоним Ние сме толку горди на тебе. Никој не те обвинува. Ти си вистински патриот. Те сакаме. Држи ја главата високо исправена. Ти го ослободи  #Египет #јан25

Новинарот од Каиро Бен Ведеман (@bencnn) се согласува [14]:

интервјуто на ваел @гоним на ДримТВ: Потресно. #јан25 #Египет #тахрир

Египетскиот новинар @СараКар ги гледа работите на ист начин [15]:

Следниот пат кога некој ќе се посомнева во логиката на окупирањето на Тахрир нека го гледа интервјуто на  @гоним #јан25