- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Eгипет: Во живо од Каиро

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Египет, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Најважни вести, Политика, Протест, Слобода на говор, Технологија, Човекови права

Оваа објава е дел од нашата специјална покриеност на протестите во Египет во 2011 година [1].

Додека илјадници Египќани маршираат од плоштадот Тахир, за да го прекинат 30 годишното владеење на претседателот Хошни Мубарак, светот ги поздравува.

И покрај целосното укинување на интернетот, извештаите продолжуваат да се трупуваат. Еве ја последната селекција од Твитер пораки со 140 знаци-некои од луѓето на местото на случувањата, известуваат во живо од Каиро.

@фустат [2]: Р @aлaa ♻ @џастимејџ: Денес е денот. Никој околу мене не е исплашен, туку само се возбудени и подготвени. #Eгипет #jaн25

@бенсиенен [3]: Да, ви пишувам како Џек Керуак на Ред Бул бидејќи не знам кога ќе можам да ви пишам пак, благодарение на oстрите мерки за комуникација. #Jaн25 #Eгипет

[4]
@ЏастАлмира [5]: Моментално кај Ал Џазиира Мубашер. #jaн25 http://yfrog.com/h5z6jfzj

@СултанАлКасеми [6]: Ал Арабиа: Главниот пат кој го поврзува Каиро со Суец е затворен. (Суец е 130 км од Каиро, населеност од 500 000 жители, сведоци на големите протести)

@ноланџазеиира [7]: ОК се враќам на звучните бранови, доста густ ден денес! Војниците запленија камери, лаптопи, телефони. Сега имам Нокиа кирк 1995 но работи #eгипет

@ноланџазеиира [8]: Тогаш маршираа кон плоштадот Либертарион доволно иронично но свртеа десно кон местото каде што се наоѓа музејот на Каиро за испрашување #Eгипет

@ноланџазиир [9]а: Командантот рече дека тој знаел дека ние си ја вршиме нашата работа но ја отежнуваме неговата! “Џазиира е проблем” и исто така ни рече да престанеме да известуваме

@шарифкоудоус [10]: Бев претресен на 3 војнички контролни точки и на 5 граѓански контролни точки. Претресување и барајње на лична карта за ги да спречат безбедносните сили да влезат

@шадихамид [11]: Опозициски активист во тахрир: ‘веруваме дека ова е крај’ #jaн25 #eгипет

@шадихамид [12]: Активистичките повикувања и предупредувања: последната шанса на режимот е пред претседателската палата и се користи како изговор за да се нападнат протестирачите #jaн25

@шадихамид [13]: Активистите: поручниците им рекоа дека постојат наредби за пукање но тие беа повлечени, најверојатно поради меѓународниот притисок #jaн25

@aлaa [14]: Не можам да поверувам дека мубарак е толку глуп? пратил 3 силеџии со ножеви во обид да тероризира десетици илјади?!!! #Jaн25

@Абош [15]: #Eгипет! Очите на целиот свет се свртени кон тебе денес! Возбудени што те гледаат како се залагаш за својата слобода и достоинство! Направете не горди! #фeв1

@шадихамид [16]: Извештаи на НДП надвор од Каиро за тоа како силеџиите напаѓаат автобуси во обид да влезат во градот #jaн25

@шарифкоудоус [17]: Уау. Само е 1о часот е наутро а во Тахир веќе има повеќе луѓе отколку што некогаш имам видено. И се повеќе надоаѓаат #Eгипет

@томгара [18]: Интернетот, потоа телефоните, потоа возовите – Мубарак го преобратува напредокот во обратен редослед. Ова ќе заврши и со забранување на грнчарството или на земјоделието. #jaн25

Оваа објава е дел од нашата специјална покриеност на протестите во Египет во 2011 година [1].