Јапонија: Советувајќи некој да се откаже од својот сон

Што ако некој ве праша за совет во врска со неговиот животен сон, а вие чувствувате дека тоа не е најдобриот избор за него? Кое е правилното нешто да се направи?

Ова е тактичкиот одговор на еден анонимен блогер на статијата каде едно девојче од 11то одделение заинтересирано за кариера поврзана со цртање, било да е илустрација, аниме или манга, го прашува за совет аниме творецот и режисерот  Томино Јошијуки. (Мет Алт го преведе овој прилог на англиски на неговиот блог). Јошијуки  се согласува со родителите на девојчето кои сметаат дека таа треба да оди на регуларен универзитет и да најде работа во канцеларија, затоа што не е доволно да се има аспирации за да се успее на ова поле. Освен, се разбира, доколку е подготвена  да се посвети со вештини, одлучност и подготвеност за напорна работа.

Walk of Life by Flickr user [O*] 'BharaT

Чекор на животот од bharat ram корисник на Flickr

Следува превод од пост на блогот „Правејќи некој да се откаже од неговиот сон“(夢を諦めさせる)

Како човек кој успева да заработи како хонорарен дизајнер, понекогаш добивам прашања од студенти кои се интересираат за дизајн. „Би сакал да станам дизајнер“ ми велат. Во повеќето случаи, мојата интуиција ми вели дека не го имаат она што е потребно, но како да им го кажам тоа, како да им кажам да се откажат од нивниот сон? Мора бидете многу внимателни со зборовите со кои соопштувате такво нешто.

Па, тоа ме замисли, како да му го кажеш ова на дете од средно училиште, без да му ги повредиш чувствата?

Искрено, луѓето кои одлучуваат да заработат за живот преку нешто што сакаат да го прават, се малку луди. Не сакам да кажам дека тие се глупави. Всушност, повеќето од нив се паметни. Без разлика дали овие луѓе се аниматори или манга уметници, останува фактот дека повеќето од нив едвај заработуваат доволно за да ги платат сметките и работат во невидени работни услови. Ако размислите логично, нема двоумење дека луѓето кои ги избегнуваат ваквите ризици и се држат кон обичните работи, живеат многу поубав живот. Сепак, луѓето кои го работат тој вид на работа се толку многу посветени што ја губат способноста да го увидат тоа.

Па, штом ќе слушнам некој да ми каже „Размислувам да станам  XYZ“, веднаш знам дека не се створени за тоа. Тие се едноставно премногу рационални за оваа кариера. Дури и ако успеат да најдат место, ќе продолжат да се прашуваат дали да одат понатаму и нема да успеат. Соочена со тежок пат, дали личноста која размислува и се премислува има шанса покрај личноста која продолжува без двоумење? Уште на прв поглед може да се види дали личноста ја има таа одлучност .

Оние кои велат „сакам да станам XYZ, но не сум сигурен како да продолжам“, исто така, не се створени за таа работа. Успешните луѓе во било кое поле имаат чудна способност да гледаат објективно на своите способности и да ги идентификуваат нивните недостатоци, тие се способни да го испитаат своето поле и со јасност да видат што треба да се направи. Мислам дека тоа може да се нарече инстинкт. Мора да ми простите, но сметам дека е навистина тажно што луѓето околу девојчето не успеале да ја натераат да разбере дека она што и е потребно не е само генијалност со пенкалото, туку и способност навистина да се набљудува себе си. (Ова најверојатно ќе изгледа како противречност, но исто така мислам дека она што го прави некој вистински уметник е способноста да ги восприема работите околу себе на објективен начин).

Сè на сè, лесно е да и кажете „ Ти си сеуште млада и постојат многу можности понатаму. Дај се од себе!“ Сепак, ако јас бев нејзин класен раководител, ќе и препорачав да си најде платено место во канцеларија. Можеби ова е навистина љубезно. Ако тие беа оние вистинските ќе одеа понатаму без разлика што зборуваат другите. За учениците кои едноставно ја немаат таа искра, мислам дека е одговорност на наставниците да им помогнат да ја погледнат реалноста, наместо да ги охрабруваат да ризикуваат.

(Додаток)

Многу сум среќен што добивам толку одговори на овој провокативен пост. Ви благодарам. Ги прочитав сите коментари и твитови. Имаше повеќе наклонети гласови отколку што очекував, но во основа луѓето беа поделени на два дела. Мислам дека тоа покажува колку е деликатно ова прашање, и како не е можно некој едноставно да го даде правилниот одговор. Некои луѓе цитираат музичари и диригенти и можам да се согласам дека и овие се натпреварувачки и непростливи полиња.

Затоа што пишував на начин кој ги вознемири луѓето кои се на овој пат, имаше и некои емоционални коментари. Да се биде верен кон себе си и своите соништа е пат исполнет со жалења и искушенија да се тргне по полесниот пат. Едноставно нема време да бидете толерантни кон неразбирањето на семејството и пријателите, уште помалку да бидете вознемирени поради некој обичен, бесчувствителен пост на блог! Запомнете, секој оди низ животот со несигурности.

Исто така, на секоја дискусија за тоа како „обичните“ работи се исто така тешки, очигледно е дека нема да дадам одговор тука. Секако дека се тешки.

Дали да се кажат или не ваквите работи некому в лице е тешко прашање, и малку е кукавички од моја страна да се почне со тоа после пишувањето на овој пост, но јас лично би се држел настрана од луѓе кои вака ги класифицираат своите соништа. Некои работи може да се кажат бидејќи е анонимно и онлајн, а луѓето кои велат дека го одрекувам постоењето на сонувачите треба повторно да размислат. Ова е предлог за тоа како би советувал некој да се откаже од неговите соништа.

Вообичаено, но соодветно мислење, е личноста да го следи својот сон и самата да се увери, доколку сонувачот е некој кој го има потребното време. Враќање во реалноста, ако сакате тоа така да се нарече. Останатото е на нив, дали да продолжат или да се откажат. Запомнете тоа е ваш живот!

Овој пост беше почнат од Крис Салзберг, продолжен од Зиги Окугава, и завршен од Томоми Сасаки. Благодарам.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.