
„Рита и Лојд“, две шимпанза од предвоената зоолошка Теноџи во Осака. Фотографија од слика објавена од твитер-корисникот Мулбојн.
Креативниот твитер-корисник Мулбојн објави голем број слики кои овозможуваат неверојатен увид во Осака пред војната, додека Јапонија со широки раце ги прифаќала милитаризмот и тоталната војна.
Мулбојн, долгогодишен жител на земјата, редовно објавува написи за Јапонија на Твитер, опфаќајќи сè од најмалку популарното суши што се продава во супермаркетите во Јапонија до најпопуларните слики при пребарување на “gaijin” („странец“ на јапонски) и трендовите на корпоративното ребрендирање.
Во овој случај, Мулбојн објави фотографии од предвоена Осака, кога градот на многу кратко време станал најголемиот град во Јапонија откако големиот земјотрес во Канто го уништи Токио во 1923 година.
— Mulboyne (@Mulboyne) February 9, 2018
Осака веќе имала корист од успешната текстилна индустрија која на градот му ја донела титулата „Манчестер на Истокот“. Оваа изложба се одржала во 1925 година.
Еве едно од изложените дела од изложбата од 1925 година кое ја прикажува храната од која била составена секојдневната исхрана на луѓето од Осака. Тие во никој случај не пробувале да си ласкаат со ова лице. pic.twitter.com/qYRjTuAQtz
— Mulboyne (@Mulboyne) February 9, 2018
Еве едно од делата од изложбата од 1925 година кое ги пракажува намирниците од која била составена секојдневната исхрана на луѓето од Осака. Тие во никој случај не се обидувале да си ласкаат со ова лице.
Објавите на Твитер, кои започнаа со истражување на предвоена Осака, се насочија кон откривање на животот на еден од најпознатите жители на зоолошката Теноџи во Осака во тоа време, шимпанзото Рита, како што е документирано во книгата на Mајуми Итох од 2010 година, „Воената јапонска политика на зоолошката: Премолчаните жртви на Втората светска војна.“
Во 1930-тите, женката шимпанзо Рита била една од најпопуларните животни во зоолошката Теножи. pic.twitter.com/zDoJXm72zj
— Mulboyne (@Mulboyne) February 9, 2018
Во 1930-тите, женката шимпанзо Рита била една од најпопуларните животни во зоолошката Теноџи.
Еве ја Рита со мајсторот за шоги Јошио Кимура. pic.twitter.com/Xs4G0kEubq
— Mulboyne (@Mulboyne) February 9, 2018
Еве ја Рита со мајсторот за шоги Јошио Кимура.
Неизбежно, сликите го прикажуваат растечкиот јапонски милитаризам како што наближувала војната.
Во 1940 година, зоолошката ја облекла Рита во војничка униформа. pic.twitter.com/HyqEl9a04x
— Mulboyne (@Mulboyne) February 9, 2018
Во 1940 година, зоолошката ја облекла Рита во војничка униформа.
Сепак, пред да започне војната на Јапонија со САД и другите западни земји, Рита добила партнер, само за потоа да почине при породување.
До ова време таа веќе имала партнер, Лојд, па и тој ѝ се придружил во претставите. pic.twitter.com/OtN5u0Dtej
— Mulboyne (@Mulboyne) February 9, 2018
До ова време таа веќе имала партнер, Лојд, па и тој ѝ се придружил во претставите.
Рита родила мртвороденче во 1940 година и умрела кусо по тоа. Нејзиниот наследник во зоолошката, шимпанзо со име Таро, умрел поради преголем напор. Рита имала воедно многу напорен распоред. pic.twitter.com/xWswnkeR0t
— Mulboyne (@Mulboyne) February 9, 2018
Рита родила мртвороденче во 1940 година и умрела кусо по тоа. Нејзиниот наследник во зоолошката, шимпанзо со име Таро, умрел поради преголем напор. Рита воедно имала многу напорен распоред.
Јапонската воена влада вршела притисок на Лојд да му се даде јапонско име сѐ до поразот на Јапонија. Рита умрела како Рита, но воената влада на Јапонија за време на војната му го променила името на Лојд. Споменикот од двете шимпанза сѐ уште стои во зоолошката Теноџи во Осака.
Лојд преживеал, но не како Лојд. Кога министерот за образование ја забранил употребата на англискиот јазик, тој бил преименуван во Кацута. Еве го споменикот од двете шимпанза во зоолошката. pic.twitter.com/mJcVzxlww9
— Mulboyne (@Mulboyne) February 9, 2018
Лојд преживеал, но не како Лојд. Кога министерството за образование ја забранил употребата на англискиот јазик, тој бил преименуван во Кацута. Еве го споменикот од двете шимпанза во зоолошката.
Мулбојн можете да го следите на Твитер овде.