- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

„Europa“, водич за помош на мигранти и бегалци да ја разберат Европа

Категории: Западна Европа, Среден Исток и Западна Африка, Сирија, Бегалци, Граѓански медиуми, Историја, Миграција и имиграција, Политика
"Europa: An Illustrated Introduction to Europe for Migrants and Refugees" tells the story of European immigration. Credit: Courtesy of the Arab Fund for Arts and Culture

„Europa: Илустриран вовед во Европа за мигранти и бегалци“ ја раскажува приказната за европската имиграција. Извор: Благодарение на Арапскиот фонд за уметности и култура

Овој текст на Дејвид Левеил [1] првично беше објавен на PRI.org [2] на 2 јануари 2017 година. Тука е објавен како дел од партнерството помеѓу PRI и Глобал војсис.

Оваа дебела, шарена книга со наслов „Europa: Илустриран вовед во Европа за мигранти и бегалци“ има за цел да ги прошири перспективите на најновите имигранти во Европа, и содржи многу историски слики, мапи и индивидуални видувања и фактички информации.

Така вели Алиа Малек, сириско-американска новинарка која е една од уредниците на книгата. Општо, водичов се обидува „да ја претстави Европа на луѓето кои (сѐ уште) пристигаат, преку призмата на конфликт и миграција. Ја раскажува приказната од последните 100 години во Европа, како да била формирана поради овие две сили кои вие се стремите да ги најдете заедно – конфликт и потоа раселувањето кое го предизвикува,“ вели Малек.

„Идејата беше преку раскажување на оваа верзија на Европа на луѓето кои доаѓаат од места каде што се соочуваат со истиот вид на уништување кое Европа го искусила пред помалку од 100 години, дека можеби постои начин да се препознае некое од нивните искуства во ова „друго.““

Малек вели дека се сретнала со многу бегалци кои имале различно разбирање за тоа што ги чека во Европа, и во многу случаи тие не сфаќале дека Европејците поминале низ слично искуство.

„Ги имав најнадреалните разговори. Луѓето ќе ми кажеа – бидејќи многу се чекаше, одеше и седеше во полиња – работи како, „Она што се случи во Сирија и Ирак е невидено во човечката историја, начинот на кој соседот се сврте против соседот, начинот на кој врската во општеството се распадна е невидено во човечката историја“, а ние ги водевме овие разговори на границата помеѓу Хрватска и Србија, граница на која требаше да сме многу внимателни затоа што сѐ уште има мини од југословенската војна “.

„Тоа е ироничното за мене. Реалноста е дека всушност историјата не е толку различна и ние одевме по неа додека зборувавме,“ вели Малек.

„Europa“, како што стои на веб страницата, е дизајниран да биде практичен водич за мигранти и бегалци, па затоа е достапен на четири јазици: арапски, фарси, англиски и француски. Има делови кои ги објаснуваат различните политички системи на Европа, географијата и традицијата како и популарни филмови и интересни книги, а има и корисен список на организации кои нудат помош на мигранти и бегалци.

„Europa“ исто така вклучува и лични сведоштва – на жители, имигранти и бегалци, стари и нови – кои раскажуваат лични приказни [3] со свои зборови за „војна, солидарност и помирување,“ вели Малек.

„Ја има приказната која ја обожавам, за грчките баби кои се ќерки на отоманските грчки бегалци кои избегале од Отоманското царство во моментите кога се распаѓало и се населиле на островите како Лезбос, и скоро еден век подоцна, тие им помагаат на сириски, ирачки и авганистански жени кои пристигаат со своите деца… исто така имаме усни историјати на луѓе кои се впуштиле во патешествието како на авганистанскиот лекар, кој сѐ што посакувал пред 10 години било да стигне до Грција бидејќи Грција е местото од каде потекнува Хипократовата заклетва, и сега тој работи како лекар во Грција и се грижи за бегалци… имаме архитекти од Сирија кои навистина сакаа да одат во Холандија, и сега тие сакаат да ги применат урбанистичките идеи што ги добиле во Амстердам назад во Сирија.

За време на неколкуте години известување за имиграција и уредување на „Europa“, Малек вели дека била инспирирана од мигрантите што ги сретнала при нејзината работа:

„Знаете дека секогаш сте исплашени од негативните реакции, но никогаш не сум била трогната и пријатно изненадена од топлината и отвореноста на човечките срца, не само на волонтерите кои трчаат кон железничките станици да запознаат луѓе, но од луѓето кои носат отвореност во своите срца, или знаат за нивните баби, чичковци или тетки – дека во моментот кога бев разочарана од неуспехот на човештвото да ги научи своите лекции, срцето ми беше трогнато, и се интересирав да видам колку луѓе гледаат нешто во ова што се случува и дека не е „друго“ искуство како што гласните политичари нѐ тераат да мислиме.“

Бесплатна, електронска верзија [4] на книгата, оптимизирана за мобилни уреди, е достапна на интернет на сите четири јазици.