- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Сириски фотограф освои прво место на натпревар во Германија

Категории: Западна Европа, Среден Исток и Западна Африка, Германија, Сирија, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Жени и род, Медиуми и новинарство, Фотографија, Човекови права
[1]

Фотографијата која освои прво место во новинарството на Деветтиот фестивал на арапско-европските фотографи [2], 10.10.2012. Извор: Фејсбук страница на Yazan Homsi [3]

Делото на сирискиот фотограф Yazan Homsi [3] во рамките на зоните на конфликт и војна во Сирија ја покажува трагичната ситуација на луѓето во градот под опсада, Хомс. Неговата фотографија [1] (погоре) од хендикепирана жена во потрага по својот дом под урнатините на главната улица на градот Хомс ја освои првата награда на Деветтиот арапско-европски фестивал на фотографија, одржан во Хамбург, Германија.