
Фотографијата која освои прво место во новинарството на Деветтиот фестивал на арапско-европските фотографи, 10.10.2012. Извор: Фејсбук страница на Yazan Homsi
Делото на сирискиот фотограф Yazan Homsi во рамките на зоните на конфликт и војна во Сирија ја покажува трагичната ситуација на луѓето во градот под опсада, Хомс. Неговата фотографија (погоре) од хендикепирана жена во потрага по својот дом под урнатините на главната улица на градот Хомс ја освои првата награда на Деветтиот арапско-европски фестивал на фотографија, одржан во Хамбург, Германија.