Загадувањето во регионот Ахваз во Иран станува смртоносно

Слика: јавен домен од „Пиксабеј“.

Сериозни песочни бури повторно го покрија регионот Ахваз во Иран изминатата недела, кои предизвикаа луѓето да почнат да се гушат, а нивото на атмосферската прашина се искачи за 57 пати над границата поставена од Светската здравствена организација. При крајот на јануари, избија вести дека луѓето ги преполнувале болниците во регионот претежно населен од арапско население – кој е очајно сиромашен и покрај тоа што е дом на преку 95 проценти на изворите за нафта и природен гас кои се преземени од Иран – кое се жалело на сериозен недостаток на воздух и проблеми со дишењето. Меѓу 21 јануари и 25 јануари, тројца починале од сериозни заболувања на дишните патишта.

Областа е покриена со густ смог од песок и видливоста е спуштена до под 200 метри. Владата ги откажа летовите до и од регионалните аеродроми и ги затвори училиштата, канцелариите и банките низ некогаш-атрактивната провинција.

Во 2013 година, градот Ахваз, главниот град на регионот, беше на врвот на листата на најзагадени градови во светот на Светстката здравствена организација. Според извештајот, просечниот индекс за квалитет на воздухот на Ахваз беше 372 – глобалнниот просек е околу 71 – или „опасен“. Тој беше единствениот град на листата со просечна вредност над 300. За ситуацијата во тоа време известуваше Организацијата на непретставените нации и народи (ОННН) која напиша дека: „фактори кои придонеле се опустинување предизвикано од одведувањето на реките и исцрпувањето на мочуриштата и нафтата, петрохемиските централи, централите за метали и обработка на шеќер и хартија во и околу Ахваз.“

По повеќе од четири години, ситуацијата во Ахваз останува непроменета, и групата која е најпогодена се домордните Ахвази Арапи од регионот, кои се долго дискриминирани од иранските влади.

Причината за високата стапка на загадување е забрзаното опустинување на регионот, заради зголеменото сушење на реките и мочуриштата кое е резултат на големиот проект за правење брани на реките и нивно одведување кое беше отпочнато кога Хашеми Рафсањани стана претседател во 1989 година. Со овој проект се пренасочија милиони галони вода од реките од регионот до други делови на Иран се зголеми и така накачената стапка на загадување и деградација на животната средина во регионот. Прашинските бури се спојуваат со постојаните облаци од загушливо загадување кои се испуштаат во атмосферата од петрохемиските рафинерии и фабрики од регионот – од кои ниедна навидум не прекршува ниеден пропис за животната средина ниту има превид – и исто така и при загадувањето кое е производ на горењето шеќерна трска.

Зборувајќи за условот за анонимност заради стравот од одмазда од страна на иранскиот режим, средношколец од Ахвази за „Глобал војсис“ рече „Обично гореа преку ден, но по протестите на локалните Арапи кои извикуваа „Можеби можеме да купиме питка вода, но не можеме да купиме чист воздух!“ почнаа да ја горат ноќе. Утрово, училиштето беше покриено со неколку сантиметри пепел од горењето. Јас веќе имам сериозна астма, и ова ми ја влошува состојбата.“

Шеќерна трска во регионот Ахваз

Шеќерната трска по потекло не е од Иран, но се одгледува во регионот од 60-тите години. За време на мандатот на Хашеми Рафсањани владата отпочна амбициозен проект со државни субвенции за одгледување шеќерна трска која го вклучуваше одземање на илјадници хектари земјоделски посеви од земјоделците во Ахвази чиишто претци биле земјоделци на тие посеви со генерации. Илјадници фамилии беа оставени во бедна немаштија откако нивните земјоделски посеви беа претворени во големи плантажи за шеќерна трска.

Овие обиди донесоа мал профит: проектот со шеќерната трска се покажа како економска катастрофа, со увоз кој бил доста поефтин од локалното производство. Но, позагрижувачко е проширеното загадување и уништувањето на животната средина кон кое придонело во регион кој некогаш беше извор на храна за областа на Заливот. Низ регионот на Ахваз во градови како Фалахије, Мухамара и Абадан, огромните плантажи на палми чиишто производи се познати низ Блискиот Исток или намерно се уништени или се оставени да скапат. Исто под сериозен ризик се флората и фауната на регионот, бидејќи мочуриштата на Фалахије и мочуриштата Хор-Азим се скоро комплетно уништени.

Рафинериите за шеќер го намалуваат и онака малиот извор на речна вода за нивните процеси кои бараат многу вода, и ги загадуваат преостанантите реки и потоци на регионот со испумпување нетретираин хемикалии кои се користат во процесите за прочистување и рафинирање на шеќерот назад во водните патишта. Ова ја прави водата во долниот тек непогодна за користење и со високо количество салин, кој ги уништува обработливите земји на сиромашните земјоделци на регионот Ахвази.

А тука е и горењето на шеќерната трска, кое се одвива на плантажите околу главниот град на Ахвази и другите градови во регионот пред жетвата од мај до ноември. Чадот од изгорената шеќерна трска е густ и тежок заради големото количество на шеќер и алкохол; наместо да оди нагоре, се шири низ земјата, со што предизвикува сериозни, а понекогаш и фатални проблеми со кожата и дишењето меѓу луѓето. 

Големиот замав по здравјето

На крајот на јануари, најмалку тројца Ахвази Арапи беа пријавени дека умреле од проблеми со дишењето предизвикани или влошени од сериозното загадување на воздухот во регионот. Еден од нив, 43-годишниот Карем Абдул Кани од градот Суса кој страдал од хронична астма, бил со брзање донесен до градската болница Мафи на 21 јануари откако се пожалил на вртоглавици и отежнето дишење заради сериозното загадување во околината, кое е значително повеќе над просечното ниво. Умрел следниот ден.

Вториот човек, 47-годишниот Хамид Хамидан од округот Моласани во близина на градот Ахваз, страдал од болест на дишните патишта веќе некое време. Ненадејно починал откако им подлегнал на тешките проблеми со дишењето.

Третиот човек, 34-годишниот Ахмед Ченани од градот Хамидие, 30 киломтери западно од Ахваз, умрел од хронични проблеми со дишењето ноќта на 25 јануари, по загушување од загадувањето на воздухот кое ја покрило областа. Членовите од фамилијата кои го однеле во болницата Голестан во Ахваз, рекоа дека недостатокот на соодветните медицински установи и негрижата на медицинските лица придонеле за неговата смрт.

Стапката на рак во регионот исто така се зголемува. Член од медицинскиот персонал во болница во Ахваз, кој сакаше да остане анонимен како и другите кои беа интервјуирани, вели дека пред десет години болницата имаше 40 кревети кои скоро воопшто не се користеле. Од неодамна, болницата се преполнила со пациенти со рак.

Сето ова е огромна цена за плаќање, особено за домородните Ахвази Арапи, на кои сѐ уште не им е дозволена ниту една работа освен робски работи со шеќерна трска и нафта – двете индустрии кои создаваат хаос во областа кадешто живеат – додека етничките Персијци се носат од други делови на Иран и им се нудат добри саатници и модерни, наменски живеалишта во прочистени населби. И покрај тоа што се домородци на најбогатиот регион на Иран во смила на ресурси, најголем дел од Ахвази народот живее во средновековни услови под дефакто апартхејд систем.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.