Тајван: Кој го измами Ноам Чомски?

Chomsky's support for the anti-media monopoly campaign in Taiwan has been reported as being misled by activists. [Public domain photo]

Објавено е дека поддршката што ја давал Чомски за кампањата против медиумскиот монопол во Тајван, активистите ја свртеле во погрешна насока. [Слика во јавен домен]

Сликата погоре, на која Чомски држи плакат, е дел од глобалната кампања против медиумскиот монопол во Тајван, организирана од тајванските студенти. Сликата со Чомски беше широко дистрибуирана преку социјалните медиуми на интернет од почетокот на јануари 2013. Меѓутоа, неколку новинарски извори неодамна изјавија дека тој е измамен од тајванските активисти против медиумскиот монопол за да ја поддржи кампањата. Што навистина се случило? Кој го измами Чомски?

Изминатите неколку дена, неколку главни медиумски извори предводени од групата Want Want China Times во Тајван известија дека Чомски го измамила младата тајванска студентка, Лин Тинг-Ан. Подолу е листата на преведени наслови:

1. Чомски: Да знаев дека кампањата е против Кина, јас не би го држел плакатот – China Times 04﹣02﹣2013
2. Антимедиумски монопол стана антикинеска кампања, Чомски беше наместен - China Times 29-01-2013
3. Измамен за да го држи плакатот, Чомски: Ова е сериозно извртување – China Times 28-01-2013

Како дополнување на весниците, каналот Citi TV, кој е исто под контрола на Want Want China, емитуваше едночасовна програма за коментирање на вестите на 29 и 30 јануари 2013, за да ја „разјаснат“ позицијата во која се наоѓа Чомски. Во емисијата беше обвинета Лин Тинг-Ан, која го поканила Чомски да го држи плакатот, за измамување и искористување на познатиот лингвист, „совеста на САД“. Коментаторите во емисијата, исто така, ја критикуваа стратегијата на движењето против медиумскиот монопол за издвојување на прокинескиот главен, имено Want Want China Times, град за својата кампања. Подолу е прикажан краток дел од интервјуто на Citi TV со Чомски:

Извештаите на медиумите беа предизвикани од комуникацијата преку е-пошта помеѓу професорот за медиуми од Макао, Ши-Динг Лиу и Чомски, каде Лиу го објасни своето разбирање за движењето против медиумскиот монопол во Тајван на 27 јануари 2013:

Сепак, не сум сигурен дали разбравте дека ова движење против медиумскиот монопол, во кое учествуваат голем број млади луѓе, не може да се разбере едноставно како движење кое бара слобода на печатот и демократија на островот. Учесниците, говорниците и посредниците (вклучувајќи ги мејнстрим медиумите, научниците, и групите кои го следеа и го прифатија предметот) не само што се фокусираат на проблемот со монополизирање на медиумските ресурси од страна на капиталистите, туку исто така целат кон еден непријател. Изгледа дека овој непријател е оној со кого владата на вашата земја внимателно се справува. Но, во контекст на Тајван и Тајванскиот теснец, користењето на називот „бранење на Тајван“ за да се одбијат и да се отфрлат сите луѓе и работи кои се однесуваат на Кина и на кинеската влада не е изолиран феномен, и тој треба да биде поставен во хегемонистичката структура предводена од САД што ја опишавте за да можеме целосно да ја разбереме. Слоганот во вашите раце, исто така, треба да се толкува во специфичен политички контекст.

Чомски напиша краток одговор на долгата порака на Лиу, кој беше цитиран и објавен на Фејсбук страницата на Лиу:

Благодарам за интересните коментари, кои одат многу подалеку од она за кое јас знам. Јас, исто така, не се сеќавам на плакат кој се однесува на „кинеска манипулација“. Она што ми беше покажано, и што јас го држев, не одеше подалеку од медиумски монопол и слобода на печат. Се надевам дека толкувањата не одат подалеку од тоа.

Во прилог на одговорот на Чомски е долгото толкување на Лиу, што беше објавено од China Times на нивните вести на 28 јануари и претворено во вести и рамка за коментари помеѓу медиумските извори на Want Want China Times за употреба против кампањата за медиумскиот монопол. Лиу ја протолкува сликата на Чомски како „грабнување“:

[…]如果人家喬姆斯基並不知道此一訴求,你把人家“綁架”來舉個牌子迎合你自己的立場需求,是不是也太不尊重對方了?為什麽不充分告知人家你們真正的反對中國的立場呢?為什麼牌子上,只有”反對媒體壟斷”有英文翻譯呢?你反中國的立場大可以明白表示,讓對方清楚認知考慮後再表態,不需要遮遮掩掩。是否因為怕喬老要是知道了這個立場,未必會表態支持,索性就模糊其辭,就不得而知了。但如果喬老人家根本就不知道你運動所包括的反中訴求,就把人家趕鴨子上架,這樣的做法,未免也太缺乏政治技巧了吧![…]

[…] Ако Чомски не знаел за ова барање [антикинески фактор], вие сте го „грабнале“ со тоа што сте го прашале да држи плакат што го изразува вашиот сопствен став. Зар ова не е прилично навредливо? Зошто не му го објаснивте точно вашиот став против Кина? Зошто единствениот англиски превод беше слоганот „антимедиумски монопол“? Зошто го криете ова и не му го кажувате вашето мислење? Дали се плашите дека ако Чомски го знаеше ставот, тој немаше да ве поддржи? Дали затоа слоганот беше замаглен? Секако дека не ја знаеме вистинската намера. Но ако Чомски не знаел дека постои фактор против Кина во вашето движење и вие сте го поставиле како лесна мета [се мисли на одвлекување], вашата политичка тактика е многу лоша!

他所認定和支持的立場,針對的是反對媒體壟斷和媒體新聞自由。喬老並不希望外界的解讀,踰越這個範疇,或加油添醋。 問題是,台灣部分反中人士和媒體,卻綁架他來為自己的立場掩護。每個運動都有自己的立場訴求,但為自己的立場訴求辯護手段要經得起檢驗,要用道理說服人。

按此理解,如果喬姆斯基當時不是被誤導、被糊弄,就不知道怎麽回事了。那些要求他舉牌的,自己應當最清楚。人家顯然沒有被告知完整訊息,就被硬扯進來為你們自己的立場背書。你們這種暗渡陳倉、移花接木的做法,和你們口口聲聲所反對的言論壟斷和扭曲,有什麼兩樣?你們不就是打着”反壟斷”的正義旗幟,做相反的事嗎?

Тоа што тој го знаеше и го поддржуваше беше против медиумски монопол и ги поддржуваше медиумите и слободата на печатот. Тој не сака луѓето погрешно да го сфатат и да додаваат „други епитети“ на неговиот став. Проблемот во крајна линија, е дека некои луѓе и медиуми кои се против Кина го киднапирале за да ја зајакнат својата позиција. Секое движење има свој став, но тие треба да ја воспостават нивната позиција со важечки средства и разум.

Според таквото разбирање, не знам што би се случило ако Чомски не би бил измамен или заведен. Оние кои му кажале да го држи плакатот треба да знаат што точно се случило. Очигледно е дека не му била пренесена целосната порака и бил одвлечен во погрешна насока за да го поддржи вашиот став. Начинот на кој пораките биле сокриени и пренесени е исто толку лош колку и видот на изобличување и монопол што вие го критикувате. Под слоганот „антимонопол“ вие го правите спротивното.

За да се избистри ситуацијата, Лин Тинг-Ан го објави нејзиниот разговор со Чомски на својот Фејсбук профил. Е-поштата, во која се поканува Чомски да се придружи на кампањата, детално ја објаснува позадината на кампањата против купувањето на Next Media од прокинеската медиумска група Want Want China Times, преку преводот на слоганите на плакатот:

Сега се случува ужасен настан на медиумски монопол во Тајван: Претседателот на прокинеската група Want Want China Times, Цаи Енг-менг, ќе го купи тајванскиот дел на Next Media (што беше во сопственост на магнатот од Хонг Конг, Џими Лаи). Ако оваа зделка се одобри, г-дин Цаи ќе контролира околу 46% од тајванскиот пазар на весникот. Г-дин Цаи не ги поседува само весниците (China Times, Commercial Times), туку и списанијата, тв-каналите и кабелската тв-услуга, и неговото игнорирање на кршењето на човековите права во Пекинг (тој го негира масакрот на плоштадот Тиананмен) нè прави многу загрижени за иднината на тајванските медиуми.

За да се спротивстават на оваа зделка и на игнорирањето на владата, тајванските студенти организираа неколку протести од ноември и ќе одржат уште еден на новогодишната ноќ. Сега има активност која ги повикува глобалните поддржувачи да се фотографираат, држејќи го слоганот „Спротивстави се на медиумскиот монопол, одбиј ја црната рака на Кина, поддржи ја слободата на печатот, го штитам Тајван од  ___“, и да ја објават фотографијата на интернет. (Ја прикачив мојата фотографија, направена кај универзитетот Јанг Минг, Тајван.)

Иако Чомски дополнително појаснуваше дека тој не бил измамен од никого и дека инцидентот бил „недоразбирање“, главните медиумски извори не обрнаа многу внимание на неговата изјава.

Дебатата околу тоа дали факторот на Кина треба да се потенцира или не во кампањата против медиумскиот монопол е актуелна во движењето уште од почетокот. Од една страна, активистите се свесни дека политиката на либерализација на медиумите од 90-тите години е движечка сила на капиталниот монопол на тајванските главни медиуми. Од друга страна пак, влијанието на капиталот на континентална Кина, како и нејзината политичка агенда да ја преземе контролата на тајванските медиумски корпорации, стана поочигледно кога Want Want China Times ги презема кабелската тв-мрежа и тајванската Next Media. Помеѓу активистите се развиваа слични дебати со месеци. По инцидентот со Чомски, на страницата за кампањата против Want Want China Times, Jiangeng Chiou повторно се покрена прашањето:

我想我們應該更認真地討論「反媒體壟斷」是否該和「反中國黑手」拖勾。這波反壟斷運動已經引起大眾的廣泛注意,是個推動媒體改革的很好的契機,如果只是勾起藍綠意識和統獨議題,對於更廣的媒體問題幫助不大,非常可惜。看看公視問題,台灣有好的媒體人,受到不只中國還有其他政治和財團力量狹持。反中國黑手的同時,何不連其他政治黑手,財團黑手全部一起反一反?

Мислам дека треба да дискутираме дали „против монополот со медиумите“ треба да биде на исто ниво со „против кинеската манипулација“. Во мометов, движењето против монополот со медиумите го привлече јавното внимание и тоа е златна можност за кампања за реформи на медиумите. Ставот „сино против зелено“ и „соединување против независнот“ не ѝ помага на кампањата. Ајде да го погледнеме проблемот со кој се соочува јавната телевизиска служба на Тајван, притисокот со кој се соочуваат вработените во медиумите во Тајван не доаѓа само од Кина, туку и од други политички кланови и капиталот. Освен со Кина, ние треба да се соочиме со други политички и корпоративни сили.

Во еден коментар, Чарлин Делерк одговори:

關鍵是現在想操控台灣媒體的,正是中國政府,而台灣某些特定人士則做為其手套.討論”要不要拿掉中國政府因素’,那就正中了中國政府的下懷,因為支持者已經在這個問題點上內亂分化了.其實這事幾個月前就討論過了,現在還跟著中天起舞,拿出來炒冷飯,真的是都餿了.喜歡中國的就去中國,沒人攔著

Клучот е во тоа што кинеската влада сака да манипулира со тајванските медиуми. Некои луѓе кои заземале посебни позиции, станале нивни насади [покривајќи ги нивните валкани раце]. Дискусијата за тоа дали треба или не треба да го избришеме кинескиот фактор во кампањата оди во нивна полза, разделувајќи ги луѓето кои нè поддржуваат. Овој проблем се дискутираше пред неколку месеци, сега луѓето сè уште танцуваат со Citi TV и повторно започнуваат нешто што нема ефект [застарените вести се претвораат во актуелни]. Ако толку многу ја сакаат Кина, тогаш можат да одат во Кина, никој не ги спречува.

За оние коишто не се во Тајван, многу е тешко да се разбере политичката динамика и изгледа неизбежно дека Чомски е измамен и неговата слика е искривена во овие медиуми и во политичката средина.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.