Куба: Ништо не се смени на Први Мај

Денес, Куба го слави Први Мај како ден на Кубанската револуција. Тоа е пригода што е тесно поврзана со концептот на еманципација на трудот, како и со работниците од различни градови кои марширале по Плаза де ла револусион за да се слушне гласот на народот – најважните од кои историски биле донесени од страна на Кастро – во подножјето на статуата на Хозе Марти.

Исто така има многу културни и музички случувања во чест на оваа пригода. Државниот јавен сервис на овогодинешната парада објави дека државата „ќе им служи демократски на луѓето за да им покаже дека ќе се заложи за исполнување на економските и социјалните реформи на Комунистичката Партија.“

Но, некои од блогерите се прашуваат дали навистина ќе се промени нешто во Куба и покрај фактот дека самовработените ќе учествуваат во маршот за прв пат.

Во Преведувајќи ја Куба, Енди Сиера Алварес пишува:

Пропагандата започна со учество на Први Мај, тие рекоа дека никој не е присилен да оди, иако тоа не е реалноста. Не се принудени да учествуваат само Кубанците кои припаѓаат на Комунистичката партија, тоа им е кажано и на сите оние кои ги посетуваат бирократските средби секој месец.

Целта на маршот е да покажат на светот дека Кубанците се чувствуваат добро, нема губење на надеж, нема незадоволство од страна на Владата, нема глад и сите ние Кубанците кои се трудиме Владата да го смени начинот на владеење или да го сруши, сме лажговци или платеници за да ја подржиме програмата и интересите на Барак Обама.

Генерација Y повлекува паралела за тоа „кога последен пат Плаза де ла Револусион бил полн, преполн“, што се случи во март кога Кубанците присуствуваа на папската миса:

Теливизиските новинари повторуваа, со чудно инсистирање, дека оние кои учествувале на мисата биле „верници и неверници“. Тоа беше… објаснување — и воопшто не беше субтилно — што… Кубанците беа таму поради ‘дисциплина’ наместо од ‘почитување’ или поради тоа што се ‘спокоен народ ‘ поради верата.

Се прашувам дали на на овој Први Мај ќе се фрлаат придавки за да се контрастира. Тие можат, на пример, да кажат дека на овогодинешниот Ден на работниците заедно марширале работници и неработници, коешто може да не биде толку абсурдно на ваков ден каде треба да се зборува со еден тон на соработка и на обединување, наместо со политички. Дали може да го замислите гласот на спикерот кој потврдува дека под веењето на знамето сите се и вработени и невработени? Од овие, вторите несомнено ке ги има во поголем број во толпата, затоа што бројот на невработени оваа година пораснал и изнесува 170 милиони низ цел остров. Пред микрофонот тие треба да направат разлика дека во оваа маса на луѓе кои стојат пред статуата на Хозе Мари, има симпатизери и несимпатизери со владата на Раул. Затоа што после се, кој би поверувал дека милиони индивидуи се согласуваат со администрацијата на претседателот?

Таа продолжува:

Нeма да има изненадувања или нијанси, туку стотици илјади луѓе ќе се обидуваат да се здружат како една грутка, и со еден глас како во хор да викнат дека го поддржуваат системот. И Први Мај уште еднаш ќе биде земен, како и многу други пати претходно. На подиумот оние кои поздравуваат ќе бидат точно оние кои треба да бидат критикувани и извикувани, а не оние кои треба да ја водат комеморацијата за работниците. Денот ќе заврши без да да се извика името на државата да го исполни ветеното да ги покачи платите, да ги намали трошоците за живот или да ги подобри условите за работа. Наместо тоа, секоја мала глава која ќе е видена од кулата на Плаза ќе се смета само за аплауз.

Without Evasion забележува дека „официјалниот прес ја најавуваше парадата за овој Први Мај со новододадена компонента на армијата на вработените кои ќе маршираат во име на поддршката за револуцијата и социјализмот: самовработените“:

Јас неможам да го разберам ова. Нели самовработените се оние кои го претставуваат приватниот сектор? Нели во училиште ни велеа дека приватната сопственост е едно од „злата на капитализмот“, извор за експлоатација на пролетаријатот? Дали кубанскиот систем има формирано нов вид, сопственик-работник?

Она што нејзе ја засега најмногу е:

… кога се повикуваа независните на оваа парада, владата имаше намера да продолжи со надгледување на понудата со робови, дури и секторот за слободни луѓе, т.е. оние кои се во првата фаза за купување на нивната слобода преку нивната активност во економијата, независно од Владетелот. Службените контролни механизми сметаат дека оние индивидуи кои се автономни да не станат и независни или слободен соработник, и во исто време, владата треба да му понуди на светот впечаток дека приватните бизнисмени и работници се усогласени со револуцијата, легитимирајќи ја ‘обновата.’

Најлошо од се е тоа што има репрезентативен примерок на самовработување и многумина ќе се впуштат во тоа. Тогаш, самовработените ќе маршираат овој Први Мај под банерите на социјализмот, и можеби наскоро унијата на револуционерните самовработувачи ќе биде основана. Ова, ни оддалеку, нема да биде марш за никој.

Bad Handwriting смета дека целата работа е „нереална“:

Во Куба, кадешто работниците се подложени на понижување, каде постои несигурност за нивните работни места, и каде несигурноста за нивните плати за неживот е доста загрижувачка, Први Мај е прославен со масивни паради во сите провинции. Знаци со поддршка за револуцијата има во изобилие, но нема ниту еден знак на кој пишува побарување за покачување на платите, за исчезнување на дуплата валута или пак за транспарентноста во отпуштањето од работа.

Оваа држава е толку нереална, што новосоздадените самовработени работници, ќе парадираат во масовен број. Група чија единствена преокупација треба да и биде потребата од недискриминирачки третман, олеснување на пристап за дозвола за работа, зголемување на списокот на активностите кои ќе бидат дозволени и помалку строги даноци.

На крај, Through the Eye of the Needle оваа година ја нарекува годишнината на „непарниот Први Мај“:

За прв пат во повеќе од педесет години самовработените и сопствениците на малите бизниси ќе земат учество. Тие се веќе обединети.

Па, дали овие нови луѓе ќе бидат под притисокот на работните концесии, нешто забрането од социјализмот, или едноставно и тие ќе ја поддржат револуцијата и партијата?

Дали ова ќе биде приказ на нивна кукавичност? Ако тие на овој собир одат со чувство на убедување, тие треба да бидат поздравени со аплауз. Но се плашам дека дури и во приватниот сектор двојниот стандард е очигледен. Тоа е индикација дека тие не се сметаат себе си слободни. Ја почитувам нивната одлука. Но она што тие се трудат да бидат почитувани од страна на државата, којашто не само што манипулира со нив, туку им воведува и високи даноци, им ги продава испораките на веќе надуваните цени на мало без никакво размислување, додека ги олободува од мноштво на инспектори. И иако нема никој кажано јавно, тие се сметаат за кукавици во општеството. Тоа ли е начинот да се правиме дека промените земаат место во државата?

Овие промени ќе имаат успех по реконструирањето на граѓанското општество. Но, за тоа да се случи, потребно е да се исфрлат сите индуцирани ставови и двојните стандарди. Ако не ги злоупотребувате законите на државата, без разлика колку и да чувствувате дека се неправедни, се однесувате како граѓанин кој почитува, без да нанесете штета на некого, тогаш од што друго треба да се плашите?

Сликата употребена во овој пост, “Cuban flag”, е од Фил Гест, употребена со лиценца Криејтив Комонс (CC BY-SA 2.0). Посетете го фотостримот на Фил Гест на Фликр.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.