- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Шпанија: Борба за право на сопствен дом

Категории: Западна Европа, Шпанија, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Економија и бизнис, Политика, Протест

Овој пост е дел од нашата специјална репортажа Европа во криза. [1]

Експлозивната мешавина од високи цени на недвижностите, финансиската криза и високите стапки на невработеност оставија илијадници фамилии без домови во Шпанија. Меѓутоа жртвите на хипотекарните иселувања не се анонимни, тие имаат имиња и приказни за кажување.

Франциско оваа недела мораше да го напушти Гетафе (во Мадрид); и Шејла и Меделејн, самохрани мајки со пет деца ќе бидат иселени од нивните домови во Барселона; како и Алекс со неговото семејство, кои се вратија да го окупираат својот дом кој што го изгубија, во Каталонскиот регион на градот Тераса.

Сите тие склучиле договор за хипотека во годините на привиден просперитет и поволни услови за кредит, останале без приходи и сега не можат да ги отплатат хипотеките. Не само што ги изгубија становите, туку се и задолжени. Уште многу други се наоѓаат во ваква ситуација, тие се дел од илјадници луѓе. Тие излегоа од анонимност благодарение на колективот од активисти, сочинет од засегнатите, како и приврзаниците, кои се здружиле во кампања за мировен отпор со цел да се запре кризата. Мотото е јасно: „Нема да и дозволиме на банката да не исфрли од нашите домови.“

Овој вид на герила против иселување беше формирана во 2009 во Барселона кога група на жртви ја создадоа Платформата за луѓе-жртви на хипотеки [2] (ПАХ скратено од шпански), со цел да ги осудат овие малтретирања и правната заштита на финансиските субјекти. „Ниту банките, ниту јавната моќ се интересираат за нашата галама“, потврдуваат тие во нивниот блог. „Да пружате отпор на протерувањата значи да ги предизвикате, да им се спротивставите, да гледате на нив како рамноправен на себе (…). Нашата куќа е наше борбено орудие, нашето ниво на притисок, нашиот најголем сојузник.“

Во ноември 2010 тие поставија камен темелник: запреа иселување близу Барселона и спречија Луис и неговиот 13 годишен син да бидат избркани на улица.

ПАХ продолжи да дејствува додека оваа пролет доби неочекувана поддршка од здруженијата кои се дел од движењето 15М [3]. Сега постојат други слични групи, вклучувајќи ги и здруженијата на соседствата, како и социјални и локални субјекти во повеќе шпански градови, кои се борат за право на достоен дом. ПАХ уверува дека спречиле севкупно 109 иселувања.

Иако овој број е доста голем, останува уште голем дел од работата кој треба да се заврши, земајќи го предвид фактот дека предвидени се уште речиси половина милион запленувања на хипотеки помеѓу 2007 и 2011 година во Шпанија (се спроведоа 32,000 постапки во првата половина на оваа година и речиси 48,000 во 2010, според информациите на Генералниот совет на судството [4]).

Дигитален сојуз

Кампањата смета на еден силен онлајн составен дел, од каде што ги организира и поврзува сите засегнати активисти и останатите во општеството. Веб-страницата [5] „Стоп за иселувањата“ беше создадена во јуни, со цел да се создаде една мрежа на предупредувања и генерална слика на драматичната ситуација. Секој кој ќе стане жртва на хипотекарно иселување тука може да го изнесе неговиот т.е. нејзиниот случај и да побара помош.

Предупредувањата се распрскани низ твитер-профилите на кампањата, @LA_PAH [6] и @stopdesahucios [6] и со таговите #stopdesahucious [6] (#stopevictions) или #stopdesnonaments [6] (стоп за иселувањата на каталонски). И успева – твитовите се ретвитаат и информациите се шират, повикувајќи ги симпатизерските групи, соседите и активистите да учествуваат во запирањето на протерувањата. Подолу следи дел од актуелните примери:

@oscartaxibcn [7]: Mañana pararemos un desahucio 13D, Barcelona – Ciutat Meridiana. A las 08:30h, C/ Les Agudes 58b, bloque K #stopdesnonaments [8] via @LA_PAH [9]

@oscartaxibcn [7]: Утре ќе ги запреме протерувањата во 13Д, Барселона – Ciutat Meridiana. Во 8:30, Лес Агудес, 58б, блок К #stopevictions [8] виа @LA_PAH [9]

@alertadesahucio [10]: L'Hospitalet. Parado hoy desahucio en la C. Jardín. Próxima cita el jueves a las 8 en C. Llançà, 7 miguel-delamo.blogspot.com/2011/12/otro-d… [11]#stopdesahucios [12]

@alertadesahucio [10]: L'Hospitalet. Денес спречивме иселување во C. Jardín. Следна дестинација е улицата Llançà 7, четврток во 8:00 часот. miguel-delamo.blogspot.com/2011/12/otro-d… [11] #stopevictions [12]

@GetafeAsamblea [13]: Si conseguimos ayudar a Antonia, el miércoles hay que apoyar a Paco ¿venís?#stopdesahucios [14]bit.ly/sMs2pi [15]

@GetafeAsamblea [13]: Ако успееме да и помогнеме на Антонија, мора да го поддржиме и Пако во среда. Ќе дојдете ли? #stopevictions [14] bit.ly/sMs2pi [15]

„Семејството протерано, куќата повторно на продажба!“

Со текот на времето, ПАХ и 15М отворија уште еден борбен фронт. Веќе не се занимаваат само со спречување на иселувања, туку и со релоцирање на семејства во ненаселени згради поради шпекулацијата: Семејството протерано, куќата на повторна продажба! Првите случаи се регистрирани на 15ти октомври во Барселона и Мадрид и се резултат на масивната глобална демонстрација во двата града. Под слоганот „од огорченост до акција“ тие окупираа зграда во Барселона која што беше сопственост на запленета градежна компанија, и „Хотел Мадрид“ во Мадрид кој што беше ставен на аукција.

За двете иницијативи беа креирани и блогови: Edifici 15O [16] и Hotel Madrid [17]. Иако полицијата ги протера семејствата релоцирани во Хотел Мадрид, движењето не замре. Твитер корисникот @Arganda15m [18] твитна истиот ден: „Тие скандираат ‘Уште едно протерување, уште една окупација’ #withoutahome [19].“

Месец подоцна, на 18ти ноември, имаше сличен случај во Барселона, кога членови на Собранието на огорчените од соседството Сантс, кои се членови и на 15М, окупираа блок станови, кои што останале празни долги години. Вдомија пет протерани семејства и лансираа блог [20], како и профил на Твитер [21], за да рашират информации во врска со случајот, сега познат и како „Habitatge18N“ („Куќа18Н“ на каталонски). Дванаесет дена подоцна, алармот се слушна надалеку:

@La_Directa: [22] Els #Mossos [23] tenen previst desallotjar @habitatge18n [24] d'Hostafrancs aquesta matinada

@La_Directa: [22] The #Mossos (Каталонската полиција) утрово планира да ги протера @habitatge18n [24] од Хостфранкс.

@Acampadabcn: [25]Va, som-hi! Hashtag per seguir tot el que (no) passi aquesta nit a @habitatge18n [24] ->#totesambH18n [26] Recordem: c/ Hostafrancs, 3

@Acampadabcn: [25] Одиме! Таг за се што ќе се случи (или нема да се случи) вечерва во врска со @habitatge18n [24] ->#everyonewithH18n Запомнете: Улица Хостафранкс, 3

Зградата утрово беше успешно евакуирана со контроверзна полициска операција, која што, според колективот, е под истрага на Амнести Интернешнал. Како и да е, проектот останува доста активен.

Кампањата против иселувањата го привлече вниманието на медиумите, а некои предлози кои што ги застапува си ослободуваат место во нивната политичка агенда. Ова е случај на „dación en pago [27]“, кој покажува дека според законот долгот е простен кога имотот ќе биде стекнат, како што е и во други европски држави. Тие исто така преместиле неколку семејства во субвенционирани домови, а убедиле и некои градски совети да побараат измена на законот за хипотеки.

Јасно е дека постојат мотиви за славење. Еве како ги споделиле успесите на Твитер на 30ти ноември:

@acampadasol [28] Cumpleaños feliz para @La_PAH [29]: 100 desahucios paralizados, ¡sí se puede! bit.ly/tBUefB [30]#stopdesahucios [14]

@acampadasol [28] Среќен роденден @La_PAH [29]: спречени се 100 иселувања! Да, ние го можеме тоа! bit.ly/tBUefB [30]#stopdesahucios [14]

и како одговор:

@LA_PAH: “ [9]@acampadasol [28] felicidades tb a vosotr@s! es una victoria de tod@s [11]!”

@LA_PAH: “ [9]@acampadasol [28] Честитки и до вас! Ова е победа за сите!

Овој пост е дел од нашата специјална репортажа Европа во криза. [1]