Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Ленин во Таџикистан: „подобар Хитлер“ или „вистински херој“?

На 21 септември, 1991 година, за помалку од две недели откако Таџикистан ја прогласи својата независнот од Советскиот Сојуз, лута толпа го сруши споменикот на Владимир Ленин во центарот на Душанбе. Отстранувањето на споменикот го симболизира очајничкото брзање на националистичките интелектуалци и некои политичари да се ослободат од сите потсетници на нивното комунистичко минато.

Граѓанската војна којашто избувна набргу потоа, го одложи уништувањето на многу други споменици на водачот на Болшевичката револуција во Централно-азиската република. Само во 2000-тите, кога лидерството на Таџикистан започна со нов проект за изградба на нацијата, спомениците на Ленин почнаа да паѓаат низ целата земја. „Дедо Ленин“ исчезна од централните плоштади во поголемите и помалите градови во Таџикистан. Неговите споменици беа заменети со новоизвајани статуи на Исмоили Сомони, владетелот кој ја има заслугата за создавањето на таџикистанската империја во 10-от век.

Во повеќето градови во Таџикистан, советските споменици на Ленин беа заменети со статуи на Исмоили Сомони. Овој споменик на Сомони се наоѓа на централниот плоштад во Душанбе, на истото место каде што во 1991 година беше уништен споменикот на Ленин. Фотографија од Александар Содигов (2010).

„Подобар Хитлер“

Брзањето на владата да ги отстрани сите споменици на Ленин предизвика жешка дебата помеѓу блогерите во земјата. Некои сметаат дека спомениците од советскиот период треба да бидат уништени и заборавени поради сета болка и страдање што Болшевичкото освојување му го нанесе на регионот.

Во декември, 2011 година, новинарот Салим Ајоубзод во својот блог објасни зошто нема место за статуите на Ленин во новиот Таџикистан:

Ленин дар моҳи ноябри соли 1919 Михаил Фрунзеро ба ҳайси фармондеҳи Ҷабҳаи Туркистон ба Осиёи Марказӣ фиристод. Бо ин шиор, ки “мақсад ишғоли қаламрав нест, мақсад нобуд кардани ҳариф аст.” Барои ман инҳо далели кофиянд, ки ҳама чизи марбут ба Ленин ва шайкаи ӯ дар гулхан сӯзонида шавад. Пайкараҳои ӯро бояд барчид ва нобуд кард. Онҳо таърих нестанд, дарде таърих аст, ки аз он замон то ҳоло ва боз ҷовидонаҳо мардуми ҷаҳонро азият медиҳад.

Во ноември, 1919 година, Ленин го назначи Mикаил Фрунзе за командант на Туркестанскиот фронт и го испрати во Централна Азија. [Причината за испраќањето на Фрунзе] „не беше да освојува територии, туку да ги елиминира сите непријатели“. Верувам дека ова доволно го оправдува уништувањето на сè што е поврзано со Ленин и неговата дружина. Неговите скулптури треба да се соберат и уништат. Тие [скулптурите] не се историја; историја е болката којашто оттогаш измачува толку многу луѓе и секогаш ќе продолжи да ги измачува.

И по 21 година од независноста на Таџикистан, се уште има статуи и бисти низ земјата. На оваа фотографија е прикажана голема скулптура на Ленин во градот Истаравшан во северен Таџикистан. Слика од Сергеј Абашин (2012), искористена со дозвола од авторот.

Исто така, блогерот го спореди Ленин со Адолф Хитлер, лидерот на фашистичка Германија:

Агар пайкараҳо таъриханд, чаро дар Олмон пайкараҳои Адолф Ҳитлерро аз ҳама ҷо бардоштанд? Оре, Ленин Ҳитлери каме беҳтар буд, ҳарчанд шояд дар шумораи қурбониёни ҷангу террори онҳо тафовути зиёд нест. Миллионҳо нафар.

Ако скулптурите се [важни од историски причини] тогаш зошто Германија ги отстрани сите статуи на Адолф Хитлер? Да, Ленин беше малку подобар од Хитлер, иако веројатно не постои голема разлика во бројот на луѓе убиени во војните и теророт предводени од нив двајцата. Милиони луѓе [беа нивни жртви].

Неодамна, на 1 ноември, Tojikzamin ја продолжи дискусијата. Збунет од еден коментар дека сè уште има статуи од Ленин во некои училишта низ Таџикистан, блогерот напиша:

Мо набояд аз он фаромӯш кунем, ки ҳайкал ин чизи безарар нест. Кӯдаконе ки дар муддати 11 соли хониш хар рӯз Ленинро мебинанд ҳеҷ гоҳ ватандӯстону миллатдӯстон намешаванд. Онхо доимо фикр мекунанд ки мо дар давлати Шуравӣ зиндагонӣ мекунем, яъне давлате ки аз тарафи Русия “матушка” роҳбарӣ мешавад. Ин кӯдакон доимо фикр мекунанд ки “бобои Ленин” кахрамони бузургтарини халқи тоҷик мебошад, ва аз кахрамонҳои аслии миллатамон бехабар мемонанд. Хузури даҳҳо ҳайкалхои Ленин дар ҷумҳурии соҳибистиқлоли мо барои тамоми тоҷикони ҷаҳон айб аст!

Не треба да заборавиме дека статуите не се безопасни предмети. Децата кои секој ден го гледаат Ленин во текот на 11-годишното школување никогаш нема да ја сакаат својата татковина или својот народ. Тие секогаш ќе мислат дека сè уште живееме во Советска земја, земја која е управувана од „мајка Русија“. Овие деца секогаш ќе мислат дека „дедо Ленин“ бил најголемиот херој на таџичкиот народ и нема да ги знаат вистинските херои на нашиот народ. Континуираното присуство на десетици споменици на Ленин во нашата независна република ги понижува сите припадници на таџичкиот народ низ целиот свет.

Оваа статуа на Ленин долго време стоеше на централниот плоштад во градот Корог, во источен Таџикистан, пред да биде заменет со споменик на Сомони во 2010 година. Фотографија од Александар Содигов (2009).

„Вистински херој“

Меѓутоа, некои нетизени размислуваат поинаку.

Коментирајќи на својот блог за отстранувањето на споменикот на Ленин во северно-таџичкиот град Куџанд, кој во периодот 1939-1992 бил нарекуван и „Ленинобод“ („градот на Ленин“), Алексеј Сомин напиша:

Разве этот памятник кому-то мешал? Разве мешал он нам строить новое государство, с новыми принципами и ценностями? Почему он просто не мог оставаться там, где стоял, и служить в качестве исторического памятника?

Самое обидное, что памятники и бюсты Ленина убирают по всей стране, заменяя их памятниками Сомони. Зачем? Что такое сделал Сомони, что он заслужил стоять на месте Ленина? Да, когда-то давно он основал империю, в которой таджикский язык был государственным. Но эта империя никогда не называлась “Таджикистаном” и она развалилась через 100 лет. После этого у таджиков не было своего государства, они жили под гнетом тюркских народов. А при Ленине это государство появилось. Так кто же тогда сделал больше для таджиков и для Таджикистана?

Дали споменикот пречеше некому? Дали нè спречи во градењето нова држава, која се заснова на нови принципи и вредности? Зошто не можеше едноставно да го оставиме споменикот на своето место и да служи како историски споменик?

Најнавредувачко е тоа што спомениците и бистите на Ленин низ целата земја се заменети со споменици на Сомони. Зошто? Што направил Сомони за да заслужи да го замени Ленин? Да, тој навистина создал империја многу одамна, во која Таџичкиот бил државен јазик. Но, неговата империја никогаш не била наречена „Таџикистан“ и доживеала распад по само 100 години. По распадот, таџичкиот народ немал своја сопствена држава туку живеел под ропство на турските народи. А во времето на Ленин [Таџикистанците] имале сопствена држава. Па, кој направил повеќе за Таџикистан и таџичкиот народ?

Огромна статуа на Ленин долго време се издигаше над пејзажот во Куџанд (поранешен „Ленинобод“), северен Таџикистан. Фотографија од Александар Содигов (2003).

Коментирајќи на овој блог, Dalnoboyshchik напиша:

Полностью согласен! Памятники Ленину нужно оставить! Это наша история, её нужно уважать. Пусть ставят новые памятники, кому угодно, но и Ленина пусть не трогают. Одно другому не мешает. История рассудит кто был настоящим героем и больше сделал для нашей страны.

Потполно се согласувам! Спомениците на Ленин треба да останат таму кај што се! Тоа е нашата историја, треба да ја почитуваме. Нека постават нови споменици, на кој сакаат, но не треба да го чепкаат Ленин. Историјата ќе покаже кој бил вистински херој и кој направил повеќе за нашата земја.

Последните денови од споменикот на Ленин во Куџанд. Фотографија од Asia-PLUS, искористена со дозвола.

Што да се стори?

Овие тековни дебати за спомениците се пример за поголеми битки за вредностите и толкувањата на историјата во таџичкото општество. Во меѓувреме, некои нетизени од Таџикистан дискутираат за тоа што да се прави со советските споменици симнати од властите.

Под блогот на Сомин, Beparvo предложи:

Да я согласен что Ленин исторический памятник. Но тогда он не должен стоять в центре каждого города и поселка в Таджикистане. Он должен быть в музее. Да не нужно выкидывать эти памятники или разрушать их. Это история. Нужно их акуратно и спокойно перенести в музей.

Се согласувам дека статуата на Ленин претставува историски споменик. Но, во случајов овој споменик не треба да остане во центарот на секој град и секое село во Таџикистан. Треба да биде во музеј. Овие споменици не треба да се отстрануваат или уништуваат. Тие се историја. Тие треба внимателно и мирно да бидат однесени во музеј.

Темур Менглиев мисли поинаку:

Нужно поступить умнее. Наиболее важные с исторической и эстетической точки зрения памятники Ленину нужно перенести в музеи. А все остальные – а таких по Таджикистану сотни – нужно продать посредством аукциона. Есть ведь граждане, для которых Ленин много значит. Вот пусть и покупают эти памятники и устанавливают у себя во дворе или на даче.

Треба да бидеме попаметни. Најважните статуи на Ленин – од историска и естетска гледна точка – треба да се однесат во музеј. А останатиот дел од статуите – меѓу кои се стотиците од цел Таџикистан – треба да бидат дадени на аукција. Има граѓани на кои Ленин многу им значи. Нека ги купат тие споменици и нека ги стават во своите дворови или дачи ((дача – руски): вид на колиба или куќа на село која служи како повремен втор дом или место за одмор, најчесто во лето).

И во 21 година независност, некои Таџикистанци се уште го почитуваат Ленин. Во Варзоб, населба на 40 км оддалеченост од Душанбе, гранитен барелеф со ликот на Ленин е украс на новоизградена резиденција. Фотографија од Кристијан Марк Блер (2012), искористена со дозвола.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.