Хрватска: Атентат врз новинарите Иво Пуканич и Нико Фрањич со автомобил бомба

Загреб, главниот град на Хрватска беше запрепастен од бомбашкиот напад кој се случи во четвртокот врз главниот уредник и издавач на хрватскиот политички неделник Национал, Иво Пуканич, а ги уби него и неговиот колега Нико Фрањич.

Архангел тоа го резимираше детално:

…вечерва околу 18:20 часот на улицата Палмотич во Загреб, во дворот на „Национал“, експлозивна направа ги уби Иво Пуканич, главен уредник на НЦЛ и неговиот колега Нико Фрањич. Од тоа што го видов на вестите, бомбата што се наоѓала под автомобилот Лексус на Пуканич е активирана со далечински управувач. Хрватска е во шок.

Приче из Бечке шуме ја даде следнава изјава:

Не можам да поверувам. Уште едно мафијашко убиство во центарот на градот, на среде бел ден! Иво Пуканич е убиен како и неговиот колега од Национал. Хорор!

Фанки бизнис за ситуацијата што се случи во центарот на Загреб, град со 1 милион жители, напиша:

…центарот на Загреб беше блокиран. Низ улиците на главниот град владее страв, неверување и паника помеѓу граѓаните. Препорачано е ограничено движење на граѓаните во центарот на градот поради блокадата на полицијата која се обидува да блокира поширок обрач од градот со цел да не се уништат доказите.

Како главен на хрватскиот весник Национал, многумина гледаа на Пуканич како на обележан човек. Иво самиот веруваше дека постои заговор за негов атентат, но другите се сомневаа во тоа. За жал, тие згрешија, како што беше забележано од страна на Денис Авдагич на неговиот блог:

…очигледно, и тоа сите оние кои се сомневаа во претходниот обид за убиство на Пуканич – сосема згрешија!

zagreb
Горниот дел на градот Загреб, Хрватска. Од Hudin

Загреб, којшто во овие неколку години постојано се градеше како достојна европска престолнина, одеднаш почувствува како довербата на граѓаните опадна со овој и други неодамнешни настани на брутално насилство. ВиН пишува повеќе:

Дали дојде време за масовен, но помалку тежок протест? Може ли полицијата да го сопре сето ова? Дали можам да помогнам во последната промена на министерствата за внатрешни работи и за правда? Се сомневам. Можат ли луѓето да го променат тоа? Поради сето ова сметам дека денес не е лесно да се биде граѓанин на Загреб. Ова нема да запре толку лесно.

Не е потребно да се каже дека овој настан ќе се развие уште повеќе во деновите што доаѓаат со откривањето на повеќе детали. Дури тогаш ќе може да се обвини некој и да се разбере што овие неодамнешни напади навистина значат за безбедноста и слободата на медиумите во Хрватска како што земјата се подготвува да започне преговори за влез во Европската Унија наредната година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.