Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Aргентина: Демонстрант убиен во конфронтација меѓу синдикатите

Плоштад de Mayo. На паното во средината пишува: „обвинение и казна за убијците на Маријано Фереира“. Фотографија на корисникот на Фликр, Беатрис Мерх – blmurch, користена под Криејтив комонс лиценца

Конфронтацијата помеѓу членовите на Феровиарианската Унија (унијата на работници на железници) и работниците кои протестираа против отпуштањата од работа заедно со милитантните од левоориентираните политички партии, заврши со убиството на Мариано Фереира, студент на Универзитетот во Буенос Аирес и член на Partido Obrero (Работничка партија). Тој бил застрелан. Додека да се напише оваа објава, неговиот убиец се уште не беше идентификуван. Брзо беа организирани демонстрации кои го осудуваат овој настан. Најважниот се случи овој четврток на Плаза де Мајо, традиционално место за протести во Буенос Аирес, но имаше и неколку други масивни средби во други делови од градот.

Блогерите брзо реагираа на убиството на Мариано Фереира. На блогот Todos Gronchos [шпански], авторот вели :

Al chico Mariano Ferreyra, hijo de una compañera mía del Magisterio Técnico de Avellaneda lo mató la corrupción, la complicidad entre los organismos de control; las policías bonaerense y Federal y los perros rabiosos de la Gendarmería kirchnerista, muy parecida a la de De la Rúa. Lo mató la ausencia del Estado, que se retira para que sus sindicalistas amigos se hagan más ricos y no le rompan las pelotas

Мариано Фереира, синот на мој колега во Магистерио Текнико де Авељанеда, го уби корупцијата, компликациите меѓу организациите на контрола, полицијата на Буенос Аирес и бесните кучиња на жандармериската партија Kиршнер, која наликува на таа на Де ла Руи. Тој беше убиен од страна на отсуството на државата, кој се повлекува за да им дозволи на неговите пријатели од партијата да се збогатат и да не се мачат.

На Mendieta El Renegáu [шпански] се фокусираат на тоа кој бара политичка придобивка од убиството:

Todos salen a opinar tan rapido. Tan rápido. Insisto, opinan en la tele, en la radio, en tuiter y parecen contentos, todos parecen morbosamente contentos. A mí me dan asco. En especial aquellos que son dirigentes y que debieran dar el ejemplo al resto

Сите излегоа многу брзо да дадат мислење. Многу брзо. Даваат мислења на ТВ, на радио, Твитер и сите изгледаат среќни, морбидно среќни. Ми се гади. Особено лидерите на политичките партии, тие треба да им даваат пример на останатите.

Весникот „Prensa Obrera“ (Весник за работниците) пишува: „Криминал врз работничката класа“. Фотографија од Фликр корисникот archivo redeco, користена под Криејтив комонс лиценца Наведи извор – Некомерцијално 2.0

На El Buen Salvaje [шпански], блогерот Мариано ја осуди реакцијата на некои поддржувачи на владата:

Sí me sorprendió y me alarmó la reacción de mucha gente simpatizante del kirchnerismo que en twitter rozó el mal gusto, el revanchismo y la especulación sobre ‘la verdad oculta’ que se escondía detrás del asesinato de Mariano

Јас бев изненаден и алармиран од реакцијата на многу луѓе кои сочувствуваат со актуелната власт. На Твитер тие покажаа лош вкус, кривично однесување и шпекулации за некоја „скриена вистина“ која се крие зад убиството на Мариано.

Политичка евалуација од ист вид може да се забележи кај Revolución Tinta Limón [шпански]. Имаше, исто така, упатувања на обид за манипулација од некои официјални медиуми на блогот Señales [шпански].

На Твитер немаше конкретни ознаки за организирање на твитови, но може да се пребарува за “Mариано Фереира” за да се пронајдат коментари на темата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.