САД: Стапување во брак за љубов и државјанство

Прстен на библијаБез разлика дали е за љубов или виза, одлуката за брак никогаш не е лесна. Во Соединетите Држави, каде повеќе од 12 милиони луѓе живеат како имигранти без документи, вљубувањето и стапувањето во брак со Американец е еден од начините со кој се решава статусот.

Според Одделот за внатрешна безбедност на САД, во 2007 година 1 052 415 луѓе се здобиле со „легален статус“ во Соединетите Држави. Од тие, 274 358 луѓе го добиле со стапување во брак со американски граѓанин.

На веб-сајтот на анти-миграциската група за застапување Центар за миграциски студии, Дејвид Семинара се прашува колку од тие бракови се навистина од љубов и дава примери за испорачани невести, договорени и платени бракови.

Многумина од имигрантите, кои се блогери, ги дискутираат своите мисли за бракот и добивање документи во Соединетите Држави.

Брак поради непријатна ситуација

El Random Hero во Калифорнија пишува дека како недокументиран имигрант, пријателите и фамилијата му го имаат предложено бракот како опција, но дека тој не ја гледа идејата како привлечна:

Навистина, тоа е една од најтешките работи за мене. Јас мислам дека мојот илегален статус во оваа држава е товар кој треба да го носам самиот. Секако, многу пријатели се шегуваат и ми предложуваат да се оженам со Американка и да ги добијам моите документи. 9-11 го измени светот засекогаш и неговите влијанија сѐ уште се чувствуваат. Стапувањето во брак не е веќе добра опција, бидејќи властите сериозно се обидуваат да ги спречат и обвинат индивидуалистите кои стапуваат во брак за зелена карта. Потоа тука се и моралните пречки од непочитувањето на светиот чин на бракот, па оставен сум на крстопат.

На друг блог, Damn Mexicans, блогерот дискутира напис во весник за Јулија и Густаво, сестра и брат кои дошле во Соединетите Држави на возраст од 11 и 18 години. Густаво се омажил со Американка, но Јулија останува без документи додека се издржува себеси додека студира.

… многумина мислат дека е едноставно како мажење со американски граѓанин. Јулија е 18 и никогаш немала момче. Вратете се во минатото и размислете со кој бевте вие во врска кога имавте 18. Размислете што ако стапевте во брак со таа личност. За повеќето од нас тоа е страшна помисла. 18 е многу рана возраст да се стапи во брак, а да се биде во брак на 21 година за Густаво е исто многу рано, но тој бил присилен на тоа од неговата ситуација.

„Додека смртта не не раздели“

Според организацијата Surviving Spouses Against Deportation, на некои луѓе им се заканува депортација кога нивниот „легален“ маж или жена почине.

Поради недостаток на законот легалните сопружници на американски граѓани се соочуваат со автоматска депортација ако нивниот сопружник почине за време на долгиот бирократски процес за добивање на зелена карта. Има повеќе од 180 вакви случаи низ целата земја кои опфаќаат жени, мајки и деца.

Блогерот My life as an Alien дискутира еден ваков случај:

Дахина Херд е вдовицата на Јефри Херд, кој е убиен во март 2006 кога војникот беше погоден во главата од бунтовниците додека пренесувал опрема за американските трупи во Ирак. Дахина Херд, жител на Венецуела која живее во Калифорнија, сега се соочува со депортација иако таа и нејзиниот маж поднесоа документи за постојан престој и чекаа на комплетирање на документите. Тие исто така имаа и син кој е американски граѓанин, но се соочува со несигурна иднина доколку неговата мајка е депортирана.

Блогерот пишува дека таа поминала низ сите „пречки“ за да дојде до државјанство, но може да ја разбере како се чувствува.

Многу е тешко да се преселиш во нова земја, тоа е големо прилагодување. Откако ќе го направиш новото место дом, старата земја не е повеќе дом. Не можам да замислам да го загубам мојот сопруг, а потоа и мојот дом.

Скршени соништа, силни срца

Еми е граѓанин на Соединетите Држави која живее во Чикаго, Илиноис додека нејзиниот сопруг Карлос, имигрант без документи, сега живее во Монтереј, Мексико. Еми пишува на нивниот заеднички блог, Destinazione Paradiso дека бидејќи Карлос мигрирал илегално од Мексико во САД како тинејџер, тој се соочува со правни проблеми што ни бракот не може да ги поправи.

Спротивно на верувањата (пост за тоа наскоро), луѓето кои се донесени во САД илегално не може едноставно да го решат својот статус со враќање во нивните земји и да побараат виза. Ниту може да ги решат автоматски ако стапат во брак со американски граѓанин. Додека генерално, прекршоците направени како малолетник се гледаат различно од оние извршени како возрасен, во светот на имиграцијата возраста не е важна: може да ве оптужат за истите работи без разлика дали сте влегле илегално на возраст од 8 или 58.
Приказната на Карлос не прекршува само една, туку две сиви полиња на Актот за имиграција и националност од 1996. Значи додека законот заборава да специфицира во одредени делови што се случува во случајот на малолетници, конзулатот на Соединетите Држави во Мексико од неодамна реши да внесе свои правила и да ги третира малолетниците како возрасни.

Во октомври 2008, на Карлос му е пресудено дека тој повеќе не смее да влезе легално во Соединетите Држави. Неговата жена Еми пишува:

За жал, едногодишната миграциска авантура доживеа насилен и разорувачки судир со реалноста на миграцискиот закон. По скоро 11 месеци, две понижувачки мексикански работи, илјадници долари, 9 интернационални летови, бескрајни надежи и соништа, многу молитви, останавме со празни раце. Како што стојат работите сега, Карлос има доживотна забрана за влез во САД и не постои можност за жалба. Ова од секогаш беше можност, нешто како најлошо можно сценарио, но ова е сега нашето единствено сценарио.

Сепак, Еми пишува дека борбата продолжува

Фотографијата од прстенот од Pictr30D на Flickr е користена под Криејтив комонс лиценца

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.