На територијата помеѓу Мексико, Северна Америка и Канада постои еден уникатен феномен кој не потсетува колку волшебна знае да биде природата. Оваа одушевувачка појава ја предизвикуваат пеперутките од видот Монарх, инсекти на кои им требаат три до четири генерации за да ја изведат преселбата од една земја во друга.
На блогот Destinos Inolvidables [шпански] (Незаборавни дестинации), пеперутките Монарх се опишани како:
La mariposa monarca, además de su gran belleza, se caracteriza por su resistencia y longevidad, pues mientras otras especies de mariposas tienen un ciclo vital de 24 días, la monarca llega a vivir hasta nueve meses, es decir 12 veces más.
Секоја година на крајот на октомври, милиони Монарх пеперутки пристигнуваат во шумите Мичоакан во Мексико, откако прелетале приближно 4.000 км. од северна Америка и Канада. Жителите на овој регион и туристи доаѓаат да го набљудуваат големиот број на пеперутки во шумата, во места кои се познати како прибежишта. На блогот Tips de Viajero [шпански] (Совети за патници), се објаснува доживувањето од посетата на едно прибежиште:
Un magnífico paseo, y bastante cansado, pero llegar a la cumbre y ser testigo del vuelo de millones de mariposas a tu alrededor, es indescriptible. Los niños se maravillan y los adultos recobramos la capacidad de asombro: no cabe duda que la naturaleza es sabia.
Видео на DavidDJC84:
Постоењето на докази дека пеперутките биле предмет на обожување ни покажува дека овој настан се случува од старите времиња. Дури и во мексиканските археолошки локации пронајдени се скулптури и цртежи на пеперутките Монарх. За жал, заради сечењето на шумите и острите климатски промени, опстанокот на овие пеперутки станува сѐ потежок. Согласно со весникот El Universal, во почетокот на февруари, 30% од пеперутките Монарх во едно од најважните државни прибежишта, Santuario Piedra Herrada [шпански], умреа од силниот ладен бран во регионот.
И покрај тоа, овој миграциски феномен продолжува да постои во големи размери и денес. Еден од најкарактеристичните празници во Мексико, Día de Muertos (Ден на мртвите), е ден кога Мексиканците ги паметат своите починати. Во културата на староседелците Мазахуа, се верува сека доаѓањето на пеперутките Монарх во октомври, ги претставува душите на починатите и исто така веруваат дека пеперутките разнесуваат пораки меѓу боговите и земјата.
На блогот Rojo Mariposa [шпански] (Црвена пеперутка) се спомнува следниот настан:
Además de ser considerada como un ser mágico en mi país, por llegar en las fechas en que según la tradición de Día de Muertos, llegan también las almas de los santos difuntos.
¿Ahora entienden por qué me fascina tanto esta maravilla?