Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Куба: Дијаспората дискутира за новиот закон за недвижности

Блогерите, првенствено оние од кубанската дијаспора имаат ден преплавен со вести за новиот закон со кој ќе се дозволи Кубанците всушност легално да можат да купуваат и продаваат недвижности. Додека оваа значајна реформа се стреми да отвори цел нов свет за Кубанците, кои сега можат да им го отстапат имотот на нивните роднини во своите тестаменти, многумина мислат дека се уште постојат премногу ограничувања и уште поважно, постојат уште поважни проблеми.

Ел Јума го објави официјалниот ПДФ документ на новиот закон, придружен со подбивен коментар :

Нека започнат игрите!

Ларица Диверсент го направи истото, но се воздржа од коментар.

Меѓутоа, Белешки од квартот на кубанско прогонство не се воздржува, започнувајќи ја неговата објава велејќи:

Без човековите права, ‘правото’ да се купува и продава недвижности е правото да се одзема од сиромашните.

Објавата продолжува:

Редакциите ширум светот известуваат со голема возбуда дека Кубанците ќе можат за првпат по половина век да купуваат и продаваат недвижности. Тоа беше оценето како развој на економската слобода. Реалноста е далеку помрачна. Во Куба не постојат човекови права. Таму постои моќна елита позната како номенклатура која ја има моќта, кои во реалноста можат да прават што сакаат во однос на „законот“. Правата на поседување недвижности спаѓаат во човекови права. Во Куба не постојат човекови права.

Блогерот продолжува понатаму:

Во реалноста, под големо политичко влијание може да му биде одземен имотот на еден сопственик и да му се даде на друг сопственик. На она што досега беше de facto пракса со децении, ќе му биде дадено привидно легален изглед со цел да се даде на богатите, моќните и политички поврзаните во Куба право да го опљачкаат островот.

Во меѓувреме, нивото на насилство врз активистите за човекови права се зголемува.

Ова тврдење го потврдува Педазос де Ла Исла, кој ги објавува од прва рака сметките на дисидентите кои неодамна беа уапсени.

Врз основа на позадината на ваквите актуелни апсења, Нездрав разум целата оваа работа ја нарече „измама“, велејќи:

Насловите беа ударни… со извештаи дека диктатурата на Кастро ќе им дозволи на Кубанците да купуваат и продаваат недвижен имот, повеќето од кои беа украдени од диктатурата пред околу 50 години.

Но, ми беше тешко да прифатам, уште помалку да ги сфатам сериозно вестите бидејќи знаев дека повторно Кубанците се тепани, под закани, малтретирани, апсени итн. поради нивната политичка опозиција на режимот. Дозволувањето на зделките за недвижностисе чини како уште еден начин да се задржи режимот на власт и да заработат повеќе пари за нив, без да ја менуваат фундаменталната природа на своето владеење.

Објавата продолжува :

Без оглед на точните бројки [на политички мотивираните апсења ], тие денес ја одразуваат реалноста во Куба многу повеќе отколку „новиот закон“ со кој им се дозволува на Кубанците да купуваат недвижен имот кој е украден од нив со пари кои тие не ги поседуваат.

Белешки од квартот на кубанско прогонство го има последниот збор, признавајќи дека „Во Куба се случуваат промени… од лошо кон полошо“:

Без владеење на правото, почитување на човековите права и ескалација на насилството против ненасилните активисти, работите се предодредени да станат полоши.

 

Сликата искористена во оваа објава , „Куќа со зајдисонце во Виналес, Куба“, е на Ј Г Бланчард Луис, употребена со лиценца на Кријетив Комонс (CC BY-NC 2.0).  Посетете го профилот на Фликр на Ј Г Бланчард Луис.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.