Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Франција: Меѓународните студенти на парискиот блог Cité Babel

Интернационалниот универзитетски град на Париз [француски] е комплекс во кој е сместена меѓународната заедница на студенти кои живеат и учат во француските универзитети. Универзитетскиот град беше создаден во периодот меѓу двете Светски војни во мирољубив дух, кој во тоа време растеше во Франција. Основачите на студентскиот комплекс, базирани врз хуманистички идеали, имаа визија за ова место како дом кој ќе ги зближува студентите од сиот свет кои доаѓаат да учат во Париз и да им дадат дом во кој ќе можат да дејствуваат заемно и да учат еден од друг. Како што и е наведено на нивната веб страница, интернационалниот универзитетски париски град е „школо во кое владеат мирољубиви човечки односи“.

Интернационалниот универзитетски град на Париз

Интернационалниот универзитетски град на Париз

Постои еден блог на кој многу студенти пишуваат за искуствата во оваа заедница. Блогот е наречен Cité Babel и е локација во блогосферата во која се разменуваат мисли, впечатоци и искуства, на француски и на разни други јазици.

Постојат и три печатени публикации кои се поврзани со блогот и достапни се на Интернет. Публикациите се дело на еден тим кој се занимава со идентитетот, заемните дејства, културните размени, јазиците, идеите и со тоа како младите ја гледаат Франција и светот. На тој начин, Cité Babel е сржта на патувањето кое го доживуваат студентите и професионалците, станувајќи на тој начин граѓани на светот.

За да имате претстава како функционира овој блог, овде ќе најдете извадоци од она што го пишуваат членовите на заедницата во врска со разни теми.

Во својата статија „Зошто Париз е грозен (и зошто не сакам да заминам од него)“, Џејк Хелер, американски студент, ја истражува сликата што ја имаат неговите американски врсници за животот во Париз и шокот од реалноста на еден динамичен и комплициран град:

Високата цена на моето студирање, всушност не е поради овдешните превисоки трошоци за живеење; произлегува дека одделувањето на моите вистински искуства од очекувањата на останатите околу тоа како би требало да биде, ми нанесе поголема загуба(…) Кога луѓето ме прашуваат за Париз… па, обично не ме прашуваат ништо. Претпочитаат да поставуваат изветвени прашања како на пример: „Сигурно си поминуваш одлично!“ или „Кажи ми нешто за твојата француска девојка!“, или прашуваат, но веќе го знаат одговорот: „Сигурно е многу убаво таму, нели?“. Бидејќи не се задоволни со својот живот, очекуваат од мене да го живеам нивниот сон – макар и по цена, кога ќе се вратам во татковината да бидам обвинет како плачко, неблагодарен глупак – мојот одговор на таквите „прашања“ мора секогаш да ги содржи зборовите „одлично“ или „неверојатно убаво“. Меѓутоа, проблемот е што како и повеќето споредби меѓу идеализираната фантазија и реалноста, Париз во северноамериканската фантазија не се споредува со вистинскиот Париз.(Белешка: Јасно ми е дека многу северноамериканци гледаат на светот како да е телевизиско шоу наместо како реалност, но јас сметам дека тоа само го зајакнува моето гледиште.)

А. Ауфил, палестински студент, пишува за мислењата во француските медиумски гласила во врска со сложените конфликти во Газа [француски]. Ауфил дискутира за вниманието кое му се придава на конфликтот од страна на главните медиуми (во овој случај ударните француски телевизиски вести) и поставува сериозни прашања и тврдења. Бидејќи од првото бомбардирање на Газа помина веќе една година, овој студент укажува како јавното мислење одбира да игнорира еден дел од околностите кои толку долго го измачуваа животот и на Палестинците и на Израелците:

Apparemment, les tribulations de Berlusconi, et de Johnny Halliday, sont plus importantes que le sort de 1,8 million de palestiniens enfermés dans la ville-ghetto de Gaza (…) même chez les progressistes ou les soutiens du début 2009 à la Palestine, l’apartheid et la ghettoïsation d’un peuple, est moins important qu’une bonne bouffe en famille (…)
Ah Palestine! Ce soir, la majorité silencieuse te pleure encore, et ses larmes sont gonflées par l’outrecuidance de ces escrocs et de ces hypocrites de médias et de collaborateurs qui veulent nous faire avaler des couleuvres que leurs gorges rejettent pour éviter leur propre étouffement. Ah, j’oubliais… Bonne année 2010 !

Очигледно, проблемите на Берлускони и Џони Халидеј се многу поважни од 1.8 милиони Палестинци кои се заробени во градот-гето, Газа (…) дури и најпрогресивните групи кои ја поддржуваа Палестина во почетокот на 2009, апартхејдот и „гетоизацијата“ на еден народ е помалку важна од еден семеен оброк. (…)
Ах, Палестина! Вечерва, молчаливото мнозинство повторно плаче за тебе и нивните солзи се проголтани од вообразеноста на овие лажливци и на медиумските хипокрити, заедно со нивните соработници, кои сакаат наивно да веруваме во она што самите тие не се способни да го прифатат за да го избегнат сопственото задушување. Ах, заборавив…Среќна 2010!

Истовремено, Чен Миао, од Кина, ја дискутира општопознатата слика за луѓето од Кина во својот пост „Дали Кинезите се срамежливи?“ [француски/кинески]

Un jour, un de mes amis qui habite la Cité Universitaire m’a dit « je pense que les chinois sont timides, réservés et renfermés. » (…) Mon ami n’est pas le seul à penser cela… Bien que cela ne soit pas une critique, il existe quelques malentendus.
D’abord – et nous ne sommes pas les seuls à ressentir cela, beaucoup d’étrangers en France, ont la même impression – on se sent solitaires quand on s’éloigne de son pays natal (…) Les chinois peuvent faire preuve de grandeur d’âme et de largesse d’esprit. Si cela venait d’un pays où habitent des « timides », alors cette timidité serait associée à un charme certain et à une sacrée séduction, basés sur une culture profonde, vigoureuse, saine et puissante ! Les chinois ne sont plus fermés au monde. Nous sommes sortis et nous regardons dans tous les coins de planète, nous possédons des idées innovantes et des ambitions nobles.

Еден ден, еден од моите пријатели кој исто како мене живее во универзитетскиот град ми рече: „Мислам дека Кинезите се срамежливи, резервирани и повлечени.“ (…) Мојот пријател не е единствениот со овој впечаток. И покрај тоа што немаше намера да критикува, мислам дека се работи за некои недоразбирања.
За почеток – и ние не сме единствените што се чувствуваат така, многу странци во Франција се чувствуваат исто – чувствуваме осаменост кога сме далеку од родното место (…Сепак) Кинезите можат да докажат дека имаат голем дух и широка душа. Ако тоа потекнува од една земја која е населена со „срамежливи“ луѓе, тогаш, таа срамежливост би била поврзана со еден вистински и заводлив шарм кој се базира врз длабока и силна култура, нешто што истовремено е нормално и силно! Кинезите не се повеќе затворени кон светот. Ние сме тука и ги набљудуваме сите места на планетата.

Темите и идеите се различни и многу живи. Ова е всушност една меѓународна заедница на луѓе кои се свесни за големината на светот и дека, со секој поминат ден, народите се наоѓаат меѓусебно поблиску од било кога. Со секој пост на Cité Babel, дискусиите и гледиштата се читани и дискутирани. Без разлика на јазикот, потеклото и академското образование, студентите на блогот Cité Babel наоѓаат простор каде можат да го употребат својот глас и да ја прикажат својата визија за една интернационална арена која се сметаше за една од најмултикултурните, најразновидните и најкосмополитските во светот: Париз на 21-от век.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.