Global Voices во Хаити: Артистите од Гранд Ру, после земјотресот

Global Voices испрати тим од двајца во Порт-o-Принс, Хаити, каде што се случи земјотресот, за да ги поддржат активностите на националните медиуми. Џорџија Поплевел и Алис Бекер исто така придонесоа со новинарско известување од прва рака за напорите за закрепнување на областа. Дознај нешто повеќе за нивната задача тука.

Гранд Ру во Порт-о-Принс, Хаити е едно од најнеповолните соседства во градот, но е исто така и дом на една витална заедница од уметници, кои што создаваат уметнички дела од фрлените материјали во околината. Оваа област беше домаќин на првото Гето биенале, во декември 2009та.

Ова видео го истакнува влијанието на земјотресот кој се случи на 12 јануари, врз опкружувањето на уметниците и нивниот начин на живот. (Верзија со англиски превод е достапна на dotSUB.) Тоа содржи интервју со Бел Вилијамс, претставничка на Ti Moun Rezistans – уметничка програма за децата од областа Гранд Ру.

Ако сакате лично да ги поддржите уметниците од Гранд Ру, ве молиме донирајте во фондот Хаити.

Алис Бекер направи видео интервју со Симеон Еванс, друг член на креативната заедница Гранд Ру, каде што тој зборува за фреска, изработена од британскиот уметник Бил Драмонд, за Гето биеналето 2009та. „Еванс верува дека ѕидната слика на Бил Драмонд го предвидела земјотресот. Фреската ги содржи зборовите Imagine si demen pa gen mizik (замисли си да нема музика утре).

Голем број интернационални уметници и новинари поставија онлајн текстови, фотографии и видео снимки од Гето биеналето. Фотографот Емили Трутман постави видео снимка на YouTube од музичката поворка во Гранд Ру. Исто така има фото галерии на Flickr, поставени од PRI’s The World и Џон Т. Унгер. Ричард Флеминг од Бруклин, постави неколку статии на неговиот блог и напиша текст за Мајами Хералд. Корисничката сметка на уметникот Трејси Моберли од биеналето, се појавува на веб-локацијата Дејзд Диџитал.

Верзија на оваа статија, беше оригинално поставена на Карипското бесплатно радио.

Работата на Global Voices во Хаити, беше поткрепена од нашите генерални донатори за поддршка, како и од хуманитарната помош на Интерњус. За повеќе информации, ве молиме посетете ја специјално посветената страница на Global Voices за земјотресот во Хаити.

Николас Лафлин придонесе кон овој пост.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.