И покрај новото лидерство, Кина изгледа мрачно во новата декада

18-тиот Национален конгрес на Комунистичката партија на Кина, кој траеше една недела, конечно заврши на 14 ноември, 2012 год. Новата генерација на лидери, предводена од Кси Џинпинг и Ли Keквијанг, го презедоа лидерството од нивните претходници Ху Џинтао и Вен Џијабао.

Кога Ху и Вен стапија на оваа функција пред десет години, медиумите кои фаворизираа политички реформи, особено оние кои беа дел од Southern Daily Group, веруваа дека новото лидерство ќе отвори нова страница за правни и политички реформи. Но, деценијата Ху-Вен заврши, a наследство од нив е пакет социјални мерки кои имаа за цел контрола на стабилноста, зголемување на националната одбрана, брза урбанизација и брз пораст на БДП. Јасно е дека луѓето се разочарани од недостатокот од правни и политички реформи. Сепак, критичкото оценување на минатото е премногу чувствителна тема за конвенционалните медиуми. Генерален став и тон на државните медиуми е да се гледа напред во новата деценија на новото лидерство. Меѓутоа, на социјалните мрежи, нетизените беа поотворени и покритички настроени.

18-тиот Национален конгрес на Комунистичката партија на Кина. Фотографија од Гласот на Америка. Јавен домен.

Адвокатот за човекови права Гуо Феишионг ги оцени последните 10 години во еден граѓански форум [записот е објавен на блогот Charter 08]:

在这十年中,官员腐败的规模,同经济成就一道,登上了历史高峰。乘时崛起的世袭家族、官僚特权阶层和部门利益集团,构成了今日中国社会的三大等级-半等级势力。…从当年社会财富总量中割走的份额越来越大,底层民众越是被经济增长的高速列车所抛出,部分人甚至在医疗、教育、社保新“三座大山”压迫下回归赤贫,那些曾经分享了经济增长部分红利的城市地区,则由于“一套房子消灭一个中产家庭”,出现了“中产人为不定形”的阶层结构振荡,一旦遭遇大衰退,年轻人群的供给能力将难以为继。而权力私有化、社会等级化的大势决定下的普遍的机会不均等,更使得整个平民阶层越来越感到出路渺茫,因而越来越气馁、受挫乃至绝望。

更大危害则在于维稳体制的尾大不掉…通过对“新黑五类”的打压,维稳体系成功地为后极权主义扩充了数十倍的敌人,由此,他们反弹出更大的恐惧,并试图用升级的暴力迫害彻底抹平自己的恐惧。迄今为止,他们仍陷入制造对立,拒绝和解的迷雾中。

Во изминатата деценија, корупцијата зазеде пошироки размери, ја зафати и економијата, со што го достигна највисокото ниво во историјата. Богатите семејства, привилегираните службеници и групите од интерес ги сочинуваат трите главни сили во денешното општество… делот од богатството кое тие го зедоа од сумата на општественото богатство станува се поголем и [луѓето на] дното е исфрлено од овој воз кој се движи со преголема брзина. Некои станаа пролетери поради товарот од здравствена заштита, образование и социјално осигурување. Во некои урбани подрачја кои имаа доста придобивки од економскиот пораст како резултат на станбените меури, семејствата од средна класа се заглавени со хипотеки. Кога ќе се случи регресија, младите генерации нема да можат да се издржуваат. Властите издвојуваат за приватни интереси и не постојат еднакви можности. Обичните луѓе не можат да најдат спас и се чувствуваат исфрустрирано и очајно.
Најголемата закана лежи во системот за одржување на стабилноста… Угнетувањето на новите пет црни категории создаде 10 пати повеќе непријатели во пост-авторитарната ера. Создава повеќе страв и тие се обидуваат да го избришаат својот страв со повеќе насилство. Фатени се во стапица во овој магичен круг на создавање непријатели и страв, одбивајќи да склучат примирје [со дисидентите].

Оценката на микроблоговите за лидерството Ху-Вен од минатата деценија, на некој начин ја отсликува фрустрацијата за која зборуваше Гуо. Еве некои избрани коментари:

说山东话的李:十年前,大家对新政抱有厚望,可结果却是大失所望。十年后,大家没什么期望,也就没什么失望的了。

Шандонг Ли: Пред десет години луѓето многу се надеваа на новата политика, но резултатот од тоа е разочарување. Десет години подоцна, немаме надеж, а со тоа ни разочарување.

奋青张珑耀:十年前你来了,大家对你充满了期待,以为会有新政。结果十年来除了房价飙升、腐败横行、贫富差距剧增以外,什么都没发生。但我们还是对你报以希望,以为你能最后一搏做出改变,结果最后你居然被一只诈尸的蛤蟆给搞趴下了。你辜负了跟随你多年兄弟们的期望,更辜负了多年来对你寄予厚望的人民的期望!

Гневна младина Занг Лонгјао: Пред 10 години дојдовте и луѓето имаа многу очекувања. Мислеа дека ќе има нова политика. Но, она што го видовме во тие 10 години беа екстремно скапи имоти, корупција, нееднаквост помеѓу богатите и сиромашните. А сепак сè уште се надевавме дека можете да направите некои промени пред да заминете. Но, вие треперевте пред катиљот кој се преправаше мртов [мисли на Џианг Земинг]. Вие ги разочаравте вашите браќа кои ве следеа сите овие години и сите луѓе кои се надеваа на вас.

彭泓源:有人说虎哥完败,我认为未必,还是那句话,灯一关,谁都一样,当年鼓吹某某新政的西方周末,留下十年笑柄而已。

Панг Хонгјуан: Некои велат Ху заврши. Јас не мислам така. Всушност, таму каде што нема светлина сите лидери се исти. Медиумите кои тогаш на крајот од неделата имаа само пофални зборови за т.н. нова политика сега се изложени на потсмев.

t-sd:所谓糊稳新政,压根儿没有的事。2002-2012糊稳十年,乃大历史上较1992-2002更不堪的十年。

t-sd: Таканаречената нова Ху-Вен политика никогаш не беше спроведена. Развојот во деценијата на Ху-Вен од 2002 до 2012 година беше полош дури и од оној од 1992 до 2002 година.

突然空闲_: 别告诉我谁谁谁多英明多有能力多有魄力,去想想10年前那“谁谁新政”!一个绝对倒退的十年,今后的十年能否前进,不得而知,但求倒退的速度慢点。

Одненадеж слободни: Немојте да кажете дека тој некојси е паметен, способен или силен. Само потсетете се на еднодецениската нова политика на тој некојси! Деценија во која се движевме назад. Не знам дали во новата деценија ќе се движиме напред, само се надевам дека побавно ќе се движиме назад.

刘胜军改革 : 【我的未来十年十大心愿】1、不用再到海外买婴儿奶粉;2、能在大超市买到安全的食品;3、白领不再沦为房奴;4、环境污染不再恶化;5、贫富差距不再扩大;6、企业家不再忙着移民;7、裸官不再增多;8、股市从圈钱机器变成价值创造场所;9、人民不再“拼爹”,机会公平;10、对公权力的约束取得显著进展

Колумнистот Лиу Шенџун: [Моите 10 надежи за наредната деценија] 1. Да не мора да купувам бебешко млеко во прав од прекуокеанот; 2. Да купуваме безбедна храна од големите супермаркети; 3. Да нема потреба луѓето од средната класа да стануваат робови на пазарот на недвижнини; 4. Да не се влоши загадувањето на животната средина; 5. Да не се прошири јазот помеѓу богатите и сиромашните; 6. Претприемачите да не брзаат надвор од земјата; 7. Помалку корумпирани службеници; 8. Берзата да престане да биде машина за пари туку оригинален пазар на инвестиции; 9. Луѓето да не мора да зависат од врските на своите родители за да се искачат повисоко на општествената скала, повеќе еднакви можности; 10. Поголемо ограничување на моќта на власта.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.