- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Бугарија: Понудување засолниште за жртвите од земјотресот во Јапонија

Категории: Источна Азија, Источна и Централна Европа, Бугарија, Јапонија, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Катастрофи, Меѓународни односи, Хуманитарен одговор

Оваа објава е дел од нашата специјална репортажа за Земјотресот во Јапонија во 2011 година [1].

Земјотресот што се случи во Јапонија [1]  е трагедија за целиот свет. Ова е очигледно и од желбата на луѓето од најразлични земји и континенти да им помогнат на жртвите од земјотресот кој однесе илјадници животи.

[2]

Бугарите сакаат да им понудат засолниште на жртвите погодени од земјотресот во Јапонија

Групата на Фејсбук која е креирана од страна на Бугари [3] кои сакаат да помогнат на оние кои се погодени од земјотресот е активна во последниве неколку дена. Таа беше започната од страна на неколку луѓе, но за кратко време се прошири со над 900 членови.

Варсениа Стојанова, членка на таа група, напиша порака во која предлага конкретни начини да им се помогне на фамилиите од Јапонија  преку нудење засолниште:

[4]

Порака до членовите на групата

Сите оние кои можат да помогнат објаснете каков вид на засолниште сте подготвени да понудите на Јапонците кои се погодени од оваа катастрофа – соба, куќа, стан, одморалиште, хотел итн. На тој начин ќе можеме да направиме список кој ќе и го дадеме на г-ца Кристалина Георгиева [5] и на Јапонската амбасада.

Бидејќи оваа иницијатива има за цел да се даде на знаење дека Бугарите сакаат да ги сместат Јапонците, ве молам наведете колку луѓе сте во можност да прифатите без некој подетален опис на имотот и местото.

Под овој пост се оставени повеќе од 50 коментари, во кои се дискутира за проблемот со сместувањето и појаснувањето како обичните Бугари се во можност да помогнат.

Нина Каракашева:

Како што кажав порано, Јапонците имаат финансиски ресурси . Бугарската влада едноставно треба само да го означи местото, земјата каде ќе се сместени привремените конструкции, приколки, мобилни домови со цел да се засолнат луѓето од Јапонија.

Овој проблем треба да го реши владата на Бугарија, а не фамилиите од Бугарија. Моментално, потребна е  брза масивна дистрибуција на земја за привремено сместување. Ова се луѓе на кои им е потребна земја, тие имаат се друго илјадници пати повеќе споредено со просечна бугарска фамилија.

Варсениа Стојанова:

Нина ние сме промената. Политичарите нема да направат ништо на своја рака. Што се однесува на групата, предлозите итн. , мислам дека треба да ги истакнеме најтешките кризни ситуации во Јапонија во моментот, така што нашите намери се јасни. Да, ние сме се уште на почетокот, но барем се изјаснуваме дека постојат луѓе кои сакаат да помогнат.

Сијана Игнатова:

Ние можеме да понудиме куќа (за 6 члена ) во селото Водолеи во регионот на Велико Трново, како и стан за двајца во одморалиштето близу Балчик [бугарско одморалиште на Црното Море].

Саниа Копринджијска:

Јас можам да понудам куќа во градот Алфатар, во регионот Силистра [град во северниот дел на Бугарија]. Има двор, голема градина и гаража. Куќата е опремена со најосновните елементи, голема е, во добра состојба и има капацитет да собере поголема фамилија.

Владимир Тодоров:

Драги пријатели, ајде да ја покажеме нашата подготвеност да им помогнеме на оние кои имаат потреба од тоа, без резерви, бидејќи нашата цел е благородна и хумана. Господ нека им помогне и на нив и на нас!!!

Варсениа Стојанова:

Досега 43 Бугари понудија засолниште за над 200 Јапонци без надоместок!!

Ова е снимка, создадена од корисници на Фејсбук групата, во врска со Јапонија и потребата од помош:
На Фејсбук [6] како и на Јутјуб.

Бугарите покренаа петиција [7] на Change.org, со која апелираат да се пријават повеќе луѓе кои можат да понудат помош. Таа до сега е потпишана од повеќе од 400 луѓе. Пораките во врска со овој проблем привлекоа внимание и се раширија и на Твитер:

@norrche [8]:

Бугарската помош за Јапонија – секој може да помогне http://bg.kolektiva.net/sofia/extra/dari-na-zhertvite-na-sendaj-zemetresenieto-japan.html [9]

@apteki_framar [10]:

Бугарскиот Црвен крст е преполнет со понуди за помош на Јапонија http://bit.ly/gcYqeT

@NewsMixerBG [11]:

Бугарија испраќа ќебиња, не пожарникари во Јапонија: Бугарија испраќа ќебиња како хуманитарна помош […]

@svetulchica [12]:

Помош за Јапонија : http://www.facebook.com/event.php?eid=207511772594419&notif_t=event_invite

Оваа објава е дел од нашата специјална репортажа за Земјотресот во Јапонија во 2011 година [1].