Либијците денеска излегоа на улиците на главниот град Триполи, да протестираат против носењето оружје. Тие се собраа на познатиот плоштад Мартир (Плоштад на мачениците), порано познат како Зелен плоштад. Многу Твитер корисници беа подготвени да обезбедат пренос во живо на настанот наречен #ОкупирајГоТриполи.
И како многу други „настани“ кои се одржаа оваа година низ Арапскиот свет, денешниот собир, кој продолжи до 23.30 според времето во Триполи, е организиран како настан на Фејсбук. Страницата вели дека собирот, одржан по покровителство на Локалниот совет на Триполи, е со цел да го изрази гневот на луѓето поради присуството на оружје и вооружани лица надвор од градот Триполи.
На Твитер, Адам ја споделува ова слика од протестите:
@4Adam: Протести на плоштадот Мартир во #Триполи против носење на оружје. 7 декември, 2011 #Либија
Азиа Башир Амри, Либиец кој живее во САД, се шегува:
@Libyan4life: #ОкупирајГоТриполи е историско само по себе. Никогаш под #Гадафи не би можеле да се соберат толку многу луѓе за да го искажат своето мислење. #Либија #17Февруари.
Исмаел Змирли додава:
@ChaingeInLibya: Мајка ми никогаш претходно нема отидено на плоштадот Мартир, денеска ми се јави од #OкупирајГоТриполи – време е за помирување, разоружување и национална армија.
И Триполитаниан го искажува своето возбудување од големината на собирот:
@Tripolitanian: Протестот #ОкупирајГоТриполи е поголем отколку што мислев http://pic.twitter.com/vD1IRIkb #Libya
Многу Твитер корисници од Либија, исто така, сметаат дека е смешен следниов плакат кој беше изнесен за време на протестот.
Алареф Хасан пишува:
من اللوحات الظريفة فعلاً ههههههه
Според @Libyan4Life, постерот гласи:
И недостасуваш на твојата мајка, а татко ти сака ДА ОДИШ ДОМА!!!! ЛОЛ
Ова е повик за вооружените лица да се откажат од нивното оружје и да се вратат на нивниот секојдневен живот.