Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Камерун: Изумители, производители и креатори

Напис на блогот АфриГаџет ни го привлече вниманието со објава за работата на неколку камерунски занаетчии и производители, преку видеата кои се снимени од Вил Зимерман за неговиот блог 27 Месеци, кој што блог го документира „Камерун од технолошка гледна точка“.


Металски работнички колектив од Бил Зимерман Криејтив Комонс лиценца, Наведи извор- Некомерцијално- Сподели под исти услови

Првата група на занаетчии која што ќе ја провериме е групата на ковачите, пишува г. Зимерман за Извонредните произведувачи од Маруа. Тие го топат старото железо за да направат практични предмети кои подоцна ќе можат да ги продадат за пониска цена од цената на истите увезени предмети. Не само што копираат делови, тие исто така ги модифицираат и го подобруваат нивниот дизајн, дури и си прават свои алати: забележете ги на пример ковачките машини направени од тркало од велосипед на почетокот од првото и третото видео.

Неколку луѓе со специјализирани вештини се собрани овде со една цел: да ги претворат куповите старо железо во фино изработени алати, печки, резервни делови и други корисни алатки за продажба на локалното население. Млади ученици го учат занаетот додека работат со ковачките машини или оформуваат дрво за дрвени рачки. Производството е целосно рачно и е на такво ниво што мора да се види за да се цени.

Уште едно видео на г. Зимерман снимено во текот на Агро-селското шоу во 2009 година во Лимбе, Камерун. Во него, производител го прикажува домашно изработениот, евтин инкубатор за јајца:

Во истото Агро-селско шоу тој е исто така зачуден од друг занаетчија што го видел со неговите очи:

Помеѓу сите изложени производи, еден човек стоеше настрана со некаква креација што само може да биде опишана како перфектен спој помеѓу форма, функција, зелен дизајн и скоро целосна опсесија со бамбус. Лекуама Кетуагор е сопственикот на Бамбусовата магија, индустрија на еден човек во колиба кој ја почнал како надополнување на својата работа како учител.

Во придружното видео можете да видите уметник кој од глава до пети носи бамбус и ги покажува неговите производи: футрола за мобилен и лаптоп, исто така изработени од шумски треви.

Можете да прочитате за овие и други камерунски иноватори во блогот на Бил Зимерман- 27 Месеци.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.