- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Лоцирање на местата достапни за лицата во инвалидска количка во Украина

Категории: Источна и Централна Европа, Украина, Владеење, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Здравје, Развој, Човекови права

wm_logo_en

На сајтот BiggggIdea.com [1] (на украински: “Velyka Ideya”, на македонски; „Голема идеја“ – платформа на која луѓето ги презентираат нивните проекти, а заедницата ги плаќа”), Олександар Тељук го насочува вниманието [2] [украински] кон Wheelmap.org [3], проект за лоцирање којшто им овозможува на корисниците да ја означуваат и оценуваат пристапноста на различни локации низ светот за лицата во инвалидска количка. Тељук забележува дека на 96 проценти од јавните места во Киев, главниот град на Украина, се уште им недостасува соодветен пристап за лицата во инвалидски колички и што се однесува на Украинскиот сегмент [4] од Wheelmap.org,

[…] повеќето објекти на картата на Украина се сиво обоени, што значи дека нивната пристапност за луѓе во инвалидска количка се уште не е одредена од страна на некој корисник. […]