Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Сирија: Технолошки војни

Ако сте некој кој е малку заинтересиран за технологијата, тогаш мора да сте слушнале за војната која се случува помеѓу Google и Аpple. Изминатите години овие компании се развиваа одвоено, наместо како сојузници станаа жестоки конкуренти со најврвниот новитет на Google, Nexus One, семоќниот телефон кој се рекламира како вистинска закана на Apple iPhone. Па, така Сиријската блог сфера се приклучи со војната на блогерите.

Пред неколку месеци беше промовиран Адроид. Промовиран и рекламиран како „прва Арапска веб страна“ фокусирана на осврти, совети и промени кои се однесуваат на новиот Android OS на Google. Веб страната стапи во војна на зборови со напад врз освртот на Андроид телефоните и нивната споредба со iPhone и најскоро со iPad. Скоро се коментираше на последните забелешки од Стив Џобс, генералниот директор на Apple, за Google:

يبدو أن الانتشار والنجاح الهائل للهواتف التي تعمل بنظام أندرويد (والحواسب اللوحية قريباً) هو من الأمور التي تُقلق ستيف جوبز Steve Jobs مؤسس شركة آبل, ففي تصريح لا يخلو من نبرة توتر عندما كان جوبز يتحدث أمس في اجتماع لموظفي آبل قال (متحدثاً عن غوغل): “نحنُ لم ندخل سوق البحث, لكنهم دخلوا سوق الهواتف. بدون أي شك يريدون القضاء على آيفون. لكننا لن نسمح لهم”

Изгледа дека феноменалниот успех и распространувањето на моќниот телефон Android OS (скоро како и компјутерски бележник) е една од работите кои го загрижуваат Стив Џобс, основачот на Apple. Во неговите изјави, без никаква тензија, на вчерашниот состанок со вработените (за Google) рече: „Ние не влегуваме во потрага за бизнис, тие влегуваат во бизнисот на телефони. Без грешка тие сакаат да го убијат iPhone. Нема да им дозволиме.“

Одговорот од заедницата на Apple брзо дојде, со лансирањето на  iPhad- технолошка веб страна фокусирана на iPhone и на новитетот од iPad. Не дозволувајте сличноста во дизајнот да ве измами, тие исто така мислат бизнис, така и во нивната Изјава бр.1, одат во напад:

1- عملنا سيكون احترافي ضمن خطط دورية مدروسة: فلم يعد هنالك مجال للصدفة والفوضى والإتكالية التي تشوب الكثير من المشاريع.
2- سنكون عن قرب من المنتجات والبرامج ولن نلقي الكلام على عواهنه دون تجربة
3- منهجنا ليس الكلام فقط دون العمل بل ستكون لنا أعمالنا ومنتجاتنا الخاصة بالايفون والاي باد ومن اجل ذلك كانت مختبرات ومعامل الآي فاد.
4- بعيدون جداً عن التعصب ولن نقارن بمنتجات أخرى منافسة وننتقصها عكس ماتفعله الكثير من المواقع.

1. Нашата работа ќе се заврши професионално согласно со планираното време: Нема повеќе место за шанси, хаос или зависности што ги оптоваруваат и другите проекти.

2. Ќе донесеме искуства од прва рака на самите производи и софтверите и нашиот развој ќе се базира на искуство.

3. Нашиот пристап ќе има и практична страна, со наши дизајни и производи предводени од iPhone и iPad пазарите и со наши сопствени iPhad лаборатории.

4. Нема да има нетолеранција и нема да има понижувачка компарација со другите конкурентни производи, како многу други веб страни.

И така започна борбата на срца и умови и телефони на сиријските и арапските технологии.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.