Локалната иранска „Хумано општество“ сака да стави крај на турнирите по дисекција на животни

A campaign was underway by Iran's Humane Society for the Disectomy Contest of Mashhad.

Во тек е кампања спроведена од иранската Хумано општество против натпреварот во дисекција на животни во Машад.

 

Оваа статија прво се појави на IranVoices.org. Преведена е на англиски и објавена овде како дел од договор за споделување содржини.

Хуманото општество на Машад неодамна ургираше кај Факултетот за ветеринарна медицина на универзитетот во Фердоси да се прекине традиционалниот турнир во дисекција на животни меѓу средношколците. Овој годишен настан беше закажан за крајот на декември во универзитетот.

Хумано општество ги замоли сите љубители на животните да ја покажат својата подршка со учество на протестот пред универзитетот. Погоре е прикажан кампањскиот постер (напишан на персиски) што беше објавен на 17 декември на Фејсбук страницата на Организацијата за заштита на правата на животните.

Во претходните турнири во кои учениците се натпреваруваа меѓу себе, задачата на учесниците беше вадење на внатрешните органи на глушец во рок од 20 минути. Цената за учество беше 75.000 томани (околу 1.600 денари) – пари кои беа пренесувани на сметката на Факултетот за ветеринарна медицина на универзитетот во Фердоси.  

И покрај протестите, турнирот беше одржан на 16 декември. Кампањата на Организацијата за заштита на правата на животните го претстави натпреварот како неморална злоупотреба на лабораториски животни и не го смени својот став дека за овој турнир нема место во полето на науката. 

Како и да е, барањето на општеството да се стави крај на настанот остана игнорирано. Напорите на организациите кои ги штитат животинските права дури сега почнуваат да го добиваат вниманието на дневните ирански вести. Веста за кампањата беше објавена на мал персиски блог за вести, наречен Iran News Online и беше често споделувана на Фејсбук страницата на иранската Организација за спречување на суровост кон животните. Кампањата доби 245 споделувања, 821 лајк и поплава од коментари.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.