Меѓународни синџири за брза храна инволвирани во скандал со пилешко во Кина

Кинеската централна телевизија неодамна објави дека најмалку два снабдувачи на пилешко месо за американски, јапонски и тајвански синџири за брза храна ги хранеле своите кокошки со прекумерна мера на хормони и 18 различни видови антибиотици, за да направат „инстант пилиња“ коишто растат од 30 грама до 3,5 кг. во рок од 40 дена.

Синџирите за брза храна кои се вмешани во скандалот за безбедност на храната се американските KFC и McDonald's, јапонскиот Yoshinoya и тајванскиот Yonghe King.

Во моментов, Кина е најголемиот пазар за индустријата за брза храна. KFC, синџир на брендовите Yum!, моментално прима 44% во својот годишен приход од Кина и стана главна цел во овој скандал со пилиња хранети со лекови. Според извештајот на шангајската администрација за храна и лекови, помеѓу 2010 и 2011, од 19 прехрамбени примероци на брендовите Yum!, осум не поминаа на тестовите за безбедност од антибиотици.

Фотографија за правата на животните од корисникот на Фликр, Шира Голдинг (CC: BY-NC)

Бидејќи Кинезите се навикнати на разни скандали поврзани со токсична храна, повеќето од нив се чувствуваат фрустрирано поради целата ситуација. Следниве саркастични забелешки се прилично вообичаени:

美丽人生2673263427:我很幸运,吃过瘦肉精,喝过三聚氰胺,皮鞋胶囊,假的药,人造鸡蛋,速生鸡,塑化酒,,,,,一般的毒我已习惯,望猛烈的产品结束我的幸运生涯

美丽人生2673263427: Многу сум среќен. Пробав месо со рактопамин, млеко со меламин, капсули направени од износени кожени чевли, лажни лекови, вештачки јајца, кокошки што забрзано растат, пластицирано вино… Навикнат сум на сите работи што се отровни. Со нетрпение очекувам повеќе отров за на крајот да ја заврши мојата среќа.

库洪哈密瓜:以后生病了不用买药了,直接吃只鸡腿就行了。

库洪哈密瓜: Во иднина, кога ќе се разболиме не ќе мора да купуваме лекови, пилешка нога ќе ни заврши работа.

Некои националистички коментатори ја искористија можноста да ги нападнат странските брендови, поради тоа што во скандалот се вклучени и странски синџири за брза храна, кои се сметаат за посигурни во контролата за прехрамбена безбедност во споредба со локалните ресторани. Истовремено, има и противаргументи во кои се наведува дека локалните власти треба да ја сносат вината. Подолу е прикажан избор на коментари од ifeng.com:

Weirdo_Hai:希望肯德基这种暴力黑企业能早日退出中国市场

Weirdo_Hai: Посакувам злобните корпорации како KFC веднаш да го напуштат кинескиот пазар.

易租易购_以租代购_以租代售:还吃肯德基吗?事实证明洋快餐同样会为了利益入乡随俗,在监管不力违法成本低廉的地方,任何企业都有可能以身试法。

易租易购_以租代购_以租代售: Можеме ли сè уште да јадеме во KFC? Сега е докажано дека странскиот синџир за брза храна исто така, ги следи нашите навики. Во земја каде што има малку контрола и санкцијата за незаконско однесување е толку ниска, секоја корпорација може да го тестира законот.

璐瑶谣:关闭这些洋拉圾店,多开北方大饼店,至少富一群下岗人。

璐瑶谣: Затворете ги сите овие продавници за нездрава храна. Отворете повеќе локални кинески пицерии, и тогаш среќата ќе дојде кај невработените.

g老三:毒鸡横行,相关部门到那里去了?肯德基是个企业,难道也要自己成立个食品检疫局?

g老三: Отровното пилешко е насекаде, каде се нашите надлежни за контрола? KFC е само корпорација, дали треба самата да постави свои контрола на квалитетот, инспекција и оддел за карантин?

木小兔向前冲:树大招风,不吃肯德基,其他餐饮业的鸡难道就能放心吃吗??

木小兔向前冲: Големо дрво привлекува ветер. Ако не можеме да јадеме од KFC, дали можеме да веруваме на другите ресторани?

秦大勇Y:市场上卖的鸡就安全?中国供应商也不是好东西,尤其是政府监管睁一只眼闭一只眼,你敢说他们不知道?

秦大勇Y: Дали пилешкото на отворениот пазар е безбедно? Кинеските снабдувачи се оние кои треба да се обвинат. Владата не е доследна во контролирањето на безбедноста на храната, дали верувате дека властите навистина ги игнорираат таквите практики?

Други нетизени развија теории на заговор од овој скандал:

即墨雅泰侯屹:肯德基速生鸡的养殖方式至少在中国存在10年了,缘何今天才被央视报道?有人一语道破天机:广告!2013年肯德基不准备在央视做广告了。2011年以前双汇在央视一直投放广告多年,于是什么问题也没有发现,而当决定不投放广告了,结果就出事了。

即墨雅泰侯屹: Практиката на фармите за кокошки на KFC во Кина постои најмалку 10 години. Зошто Кинеската централна телевизија [CCTV] ги одбра токму овие вести денес? Некои одговорија: Реклама. KFC планира да го прекине рекламирањето на Кинеската национална телевизија. Истото се случи и на Shuanghui. Пред да го прекине своето рекламирање на телевизијата, немаше вести за проблеми со безбедноста на храната на компанијата. Штом компанијата престана и понатаму да се рекламира на CCTV, избувна скандалот.

楚奇文kevin:我觉得吧,其实白羽鸡,速生鸡什么的都是多少年公开秘密了。全世界都是这么养殖的,曝光主要是针对白胜公司。针对美帝,因为美帝最近搞过我国企中石油啊,华为啊,中兴啊什么的。赤果果的报复!

楚奇文kevin: Всушност, кокошките со бели пердуви или кокошките кои забрзано растат веќе многу години се отворени тајни. Кокошките се одгледуваат на ист начин секаде во светот. Веста е наменета да го скандализира брендот Yum! и да ја нападне американската империјална моќ. Неодамна, владата на САД им отежнуваше на кинеските компании. Погледнете ги скандалите околу CNPC, Huawei и корпорацијата ZTE. Ова очигледно е одмазда.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.