Блогер од Брегот на Слоновата Коска се сомнева во владиниот одговор за стампедото во Абиџан

Блогерите од Брегот на Слоновата Коска, Мохамед Диаби и Киријак Гбогоу, беа пуштени од притвор. Двајцата помогнаа да се направи хуманитарна платформа за да им се помогне на жртвите од стампедото во Абиџан на први јануари, 2013. Меѓутоа, на 4ти јануари, 2013, тие беа уапсени откако беа обвинети за вплеткување во официјалните операции за спасување. Мохамед Диаби пишуваше за настаните на неговииот блог кои доведоа до нивно апсење. Сведочењето на Диаби го истакнува недостатокот на јавните служби во Брегот на Слоновата Коска:

Qui était censé mettre en oeuvre le dispositif sécuritaire pour cette soirée ? Qui a pris le temps de créer les couloirs de dégagement nécessaires ? Y a-t’il eu anticipation sur les flux naturels de circulation des populations après les feux d’artifice ? Si déploiement massif des forces de sécurité il y a eu, quels sont les éléments affectés à la tâche et quel a été leur rôle avant, pendant et après les évènements ? Pourquoi le dispositif mis en place la veille qui a garanti une sécurité maximale pour le concert pour la paix n’a-t’il pas été conservé pour cette soirée qui prévoyait attirer beaucoup plus de monde ?

Кој требаше да ги имплементира сигурносните мерки таа вечер? Кој одвои време да создаде неопходни безбедни излези? Имаше ли некаков план за природниот тек на движење на луѓето по огнометот? Ако имаше масовно ангажирање на безбедносните сили, кои елементи им беа пропишани за работа таа ноќ и која беше нивната улога пред, за време и по настаните? Зошто присуството на полицијата беше одредено претходниот ден, кое гарантираше максимална безбедност за мировниот концерт наместо на новогодишната ноќ, настан за кој веројатноста е поголема да привлече многу повеќе луѓе?

Ова е видео снимка од интервју со Мохамед Диаби со AJ Stream за она што се случило од негова перспектива:

Мохамед Диаби и Киријак Гбогоу не се веќе во притвор. Нивниот труд да им помогнат на жртвите во стампедото продолжи дури и за време на нивниот притвор.

Ова е постер со информации за како да ги најдеш роднините кои исчезнале во стампедото:

Постер направен од активисти од Брегот на Слоновата Коска за помош во закрепнување по стампедото во Абиџан. Вели: „За да се вратат исчезнатите роднини од 31ви декември (во околината на Абиџан), јавете се на +22505346713 преку @cyriacgbogou -јавен домен

Додека луѓето се собираа да го гледаат огнометот на прославата за Нова Година во Абиџан, смртоносно стампедо уби повеќе од 60 и повреди уште 49 луѓе. Ова е трета катастрофа од овој вид од 2009 во Брегот на Слоновата Коска.

Ажурирање: Причините за катастрофата сега се јасни, како што наведе главниот обвинител. Тој ги обвинува стеснувањето на патот кое се должи на привремената метална ограда, стебла на тротоарите и недостатокот на осветлување кои се главни виновници за оваа катастрофа.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.