Русија: Се урна авион на хокеарскиот тим на мраз Локомотива

Попладнето на 7 септември, 2011 авион во кој беа речиси сите играчи на Локомотива професионалниот тим на хокеј на мраз, се урна на приближно 500 метри по полетувањето близу до Јарославал во Русија. Од 45 патници (вклучувајќи меѓународни членови на тимот од Белорусија, Канада, Чешка, Шведска и Украина) само 2 преживееа. Авионот беше Јак-42 на чартер авио-компанијата Јак-сервис, и беше на пат кон Беларусија.

Еднa од првите снимки од местото на уривањето беше прикачено од Мигалки на Јутјуб. На неа се гледаат остатоците од авионот кои горат во плитката вода.

http://www.youtube.com/watch?v=f18w1DZcom4

Првични реакции

Хокеј на мраз е спортот со кој се гордеат Русите и е почитуван низ целата земја. Токму затоа реакциите за катастрофата беа дури повеќе гласни од претходните несреќи, бидејќи не се сметаше само како човечка загуба, туку исто така загуба за рускиот хокеј и спорт. Блогерот Пилгрим-67 напиша:

Я много лет наслаждаюсь хоккеем. Локомотив в любых составах доставлял мне столько удовольствия своей игрой. Услышав об их гибели я испытал шок. В шоке и пребываю. Как будто кусок души вырвали.

Многу години уживав во хокејот. Локомотива со секој состав на играчи ми овозможуваше изобилство на уживање со нивната игра. По веста за нивната смрт, јас бев шокиран.  Сеуште сум во шок. Како некој да истргна дел од мојата душа.

Eдна од првите колекции на податоци за трагедијата беше составена во Livejournal од gooodvins во Ру-хокеј заедницата.

Потресна видео изјава, известувајќи дека авионот се урнал, од страна на претседателот на Континентал хокеј лигата, Александар Медведев, беше опширно цитирана од блогерите. Тој ја изрази неговата тага додека зборуваше со фановите на лизгалиштето за хокеј во Уфа, и предложи минута молк за да се изрази жалење.

http://www.youtube.com/watch?v=4YwWVDuLh6w

Подоцна, Медведев се повторно се појави. Неможејќи да ги прикрие своите емоции, тој соопшти дека првиот меч од сезоната на Континетал хокеј лигата е откажан.

Рускиот воздушен простор – најопасен во 2011

Ова е шестата смртоносна авионска несреќа во Русија од јануари 2011, и потикна нов бран на барања за зајакнување на контролите за безбедност, и да се исфрлат застарените и небезбедните авиони на руските авио-компании.

Корисникot grozaa извика:

Сколько это будет продолжаться????????? ????Я плачу!!!!!!!!!!!!!!!!!!Вашу мать когда мы будем думать о безопасности перелетов?????????? Жизнь одна!!!!

Колку време ќе се случува повторно и повторно???? Јас плачам!!!!!! По ѓаволите, кога ќе почнеме да мислиме за безбедноста на летовите??????  Живееш само еднаш!!!!!!

Avast85 напиша:

Блин как же так в 21 веке……. Е..чее правительсво неужели нельзя нормальные самолёты пускать в полёт(((((

По ѓаволите, многу е жално во 21 век… Нели може е….та влада да пушти нормални авиони во воздухот((((

Треблаин, како и да е, беше сигурен дека не беше во прашање авионот, туку грешка на пилотот:

Хотя тут ошибка пилота судя по СМИ.
Як -42 один из самых надежных в мире.
Тем более тут ВИП самолет,за которым следят по полной.

Според медиумите, беше грешка на пилотот. Јак-42 е речиси најсигурен во светот. Покрај тоа, беше ВИП- авион кој беше прегледан целосно.

newworld2011, кажа дека пилотската грешка би можела да биде еден фактор, и дека и авионот и сервисот за слетување придонесоа за катастрофата.

Кого да обвиниме?

Критиките веднаш се пренесоа врз политичките лица, главно кон Игор Левитин, Министерот за транспорт. Тој го држи тоа место од 2004 година, и неговата политичка кариера преживеа 15 големи несреќи, вклучувајќи ја несреќата на 96 високи членови на Полската влада во 2010 година.

Блогерот ky3necoff напиша:

Левитин железный человек. Столько катастроф, а он все так же сидит в своем кресле.

Левитин е човек од челик. Толку многу катастрофи, и сѐ уште го држи своето место.

 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.