- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

За Валентајн научи некој што го сакаш да блогира (или микро-блогира)

Категории: Дигитален активизам, Образование, Уметност и култура

[1]

Денот на вљубените [2] (14 февруари) е ден за љубов, пријателство и дружење. Дали постои подобар начин да се одбележи пригодата од тоа да научите некој што го сакате да блогира или микро-блогира [3]?

Доколку придонесувате за Глобал Војсис или сте негов читател, знаете дека блогирањето носи радост, среќа и многу нови пријатели. Блогерите од нашата заедница веќе се заложија [4] дека ќе ги научат своите пријатели и сакани и ќе пишуваат за тоа на нивните блогови на Валентајн. Може да се приклучите и вие…

Би сакале да ве поканиме да ни се приклучите во овој мем [5] (брзо ширење на оваа информација).

Помислете за момент на луѓето во вашиот живот. Споделете го овој подарок со вашата фамилија, пријатели, читатели и сакани – и кажете ни како помина!

Љубовта е комуникација

Еве четири едноставни чекори како да ни се приклучите за Валентајн:

Чекор 1: Никогаш не сте сами со блог. Кажете им на вашите читатели зошто ги сакате и зошто тие треба да ве сакаат.
Чекор 2: Научете некој што го сакате да блогира (или микро-блогира)
Чекор 3: Линкувајте до нивните први постови и охрабрете ги читателите да ги посетат блоговите. Користете го овој таг #SMK [Social media kisses – Бакнежи од социјалните медиуми]
Чекор 4: Ставете тагови до вашите пријатели-блогери за да се вклучат

Еве неколку фотографии со кои може да го украсите вашиот пост: мала [6] | средна [7] | голема [1]

Споделете ја љубовта

ВалентајнНие сме сериозни за сакањето. Ние во Глобал Војсис ги засилуваме зборовите на блогерите од сите краеви на светот. Потребно е само да ги разгледате станиците на овој сајт и да видите дека обични луѓе влијаат и додаваат перспектива на светските настани, едноставно со пишување на што го мислат. Или со преведување [8] на мислите на другите.

Во земјите во развој, ние помогнавме со финансирање на неколку работилници за блогирање и проекти преку Рајзинг Војсис [9]. Наскоро ќе ги најавиме новите проекти, заедно со иницијативата за поттикнување повеќе блогови за ХИВ/СИДА [10]. На Глобал Војсис Адвокаси [11] ја следиме работата на блогери кои се борат со цензура и кои се организираат [12] со други онлајн активисти за слобода на говор.

Сите ние можеме да им помогнеме на луѓето да ги совладаат бариерите (техничките и слично) кои ги спречуваат да се приклучат во оваа секојдневна онлајн медиумска револуција. Помогнете да се прекине дигиталниот јаз  во вашиот круг на пријатели или заедница.

Водичи за блогирање и микро-блогирање

Водич во граѓанските медиуми [13]Доколку ви треба помош да објасните што е блогирањето или зошто луѓето треба да бидат заинтересирани, преземете го водичот Вовед во граѓанските медиуми [13] (Introduction to Citizen media) од Рајзинг Војсис.

Откако ќе им го привлечете вниманието, можете да го погледнете водичот на Глобал Војсис Адвокаси: Блогирај за кауза [14] (Blog For a Cause).

Овие видеа од Common Craft [15] може да ви помогнат да објасните како функционира се:

Блогирање:

Tweeter:

Среќен Ден на вљубените – Ве сакаме > Споделете ја љубовта > Пренесете ја >>>>**** Бакнежи од социјалните медиуми #SMK #SMK #SMK