За Валентајн научи некој што го сакаш да блогира (или микро-блогира)

Денот на вљубените (14 февруари) е ден за љубов, пријателство и дружење. Дали постои подобар начин да се одбележи пригодата од тоа да научите некој што го сакате да блогира или микро-блогира?

Доколку придонесувате за Глобал Војсис или сте негов читател, знаете дека блогирањето носи радост, среќа и многу нови пријатели. Блогерите од нашата заедница веќе се заложија дека ќе ги научат своите пријатели и сакани и ќе пишуваат за тоа на нивните блогови на Валентајн. Може да се приклучите и вие…

Би сакале да ве поканиме да ни се приклучите во овој мем (брзо ширење на оваа информација).

Помислете за момент на луѓето во вашиот живот. Споделете го овој подарок со вашата фамилија, пријатели, читатели и сакани – и кажете ни како помина!

Љубовта е комуникација

Еве четири едноставни чекори како да ни се приклучите за Валентајн:

Чекор 1: Никогаш не сте сами со блог. Кажете им на вашите читатели зошто ги сакате и зошто тие треба да ве сакаат.
Чекор 2: Научете некој што го сакате да блогира (или микро-блогира)
Чекор 3: Линкувајте до нивните први постови и охрабрете ги читателите да ги посетат блоговите. Користете го овој таг #SMK [Social media kisses – Бакнежи од социјалните медиуми]
Чекор 4: Ставете тагови до вашите пријатели-блогери за да се вклучат

Еве неколку фотографии со кои може да го украсите вашиот пост: мала | средна | голема

Споделете ја љубовта

ВалентајнНие сме сериозни за сакањето. Ние во Глобал Војсис ги засилуваме зборовите на блогерите од сите краеви на светот. Потребно е само да ги разгледате станиците на овој сајт и да видите дека обични луѓе влијаат и додаваат перспектива на светските настани, едноставно со пишување на што го мислат. Или со преведување на мислите на другите.

Во земјите во развој, ние помогнавме со финансирање на неколку работилници за блогирање и проекти преку Рајзинг Војсис. Наскоро ќе ги најавиме новите проекти, заедно со иницијативата за поттикнување повеќе блогови за ХИВ/СИДА. На Глобал Војсис Адвокаси ја следиме работата на блогери кои се борат со цензура и кои се организираат со други онлајн активисти за слобода на говор.

Сите ние можеме да им помогнеме на луѓето да ги совладаат бариерите (техничките и слично) кои ги спречуваат да се приклучат во оваа секојдневна онлајн медиумска револуција. Помогнете да се прекине дигиталниот јаз  во вашиот круг на пријатели или заедница.

Водичи за блогирање и микро-блогирање

Водич во граѓанските медиумиДоколку ви треба помош да објасните што е блогирањето или зошто луѓето треба да бидат заинтересирани, преземете го водичот Вовед во граѓанските медиуми (Introduction to Citizen media) од Рајзинг Војсис.

Откако ќе им го привлечете вниманието, можете да го погледнете водичот на Глобал Војсис Адвокаси: Блогирај за кауза (Blog For a Cause).

Овие видеа од Common Craft може да ви помогнат да објасните како функционира се:

Блогирање:

Tweeter:

Среќен Ден на вљубените – Ве сакаме > Споделете ја љубовта > Пренесете ја >>>>**** Бакнежи од социјалните медиуми #SMK #SMK #SMK

1 коментар

Откажи го одговорот

Приклучи и се на дискусијата -> ribaro

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.