Курдите во Кобане прогласија победа над ИСИС

Poster of Solidarity with the Kurdish Fighters of YPG/YPJ, shared widely online.

Постер за солидарност со Курдските борци на YPG/YPJ, често споделуван онлајн

По 113 дена војување со ИСИС, Курдите од Кобане конечно имаа малку одмор оваа недела поради повлекувањето на војниците на ИСИС од нивната територија. И покрај претсојните предизвици, вклучувајќи го лоцирањето и деактивирањето на експлозивни направи и опасноста од останати ИСИС војници, Курдите излегоа на улиците (и на Твитер) за да го прослават тоа што тие го сметаат за херојска победа: 

На границата меѓу Кобане и Турција луѓето моментално го прославуваат ослободувањето на #Kobane.

Via @mustefaebdi pic.twitter.com/IGs5ITvczW

— Mazloum Mustafa (@mazlloum_m) 27 јануари, 2015

#Kobane и територијата во радиус од 1 км од градот е ослободена. Фотографија: Луѓето од #Kobane прославуваат во Суруч – Турција. pic.twitter.com/oGOsOfOHpO

— Mazloum Mustafa (@mazlloum_m) 25 јануари, 2015

Неуспехот на турската политика

Улогата на Турција во страдањето на Курдите од Кобане не помина незабележана. Турција е обвинета за партнерство со ИСИС, анонимно западно јавно лице му рекло на Ал Монитор, поради тековниот конфликт помеѓу Анкара и Курдите од Турција. И покрај глобалниот повик за интернационална подршка за Курдите, турскиот претседател Реџеп Таим Ердоган наводно го замолил Обама да не интервенира. И покрај тоа што ја има втората најголема армија во НАТО и флота тенкови на границата со Кобане, Турција не само што се воздржа од напад врз ИСИС, туку дури и им забрани на своите Курди да се приклучат на борбата.

Нашите непријатели (Турција и ИСИС) сметаа дека ќе ја уништат вербата во независност за Кобане. Но, нападите не направија само посилни.

pic.twitter.com/Xvc8rylEWF

— Middle East 24 (@middleeast_24) 23 јануари, 2015

Неактивноста на Турција предизвика огромно сомневање. Цртеж од Kaniwar, споделен на Твитер од Massimiliano Voza, ја обвинува Турција дека им дозволила слободен влез на војниците на ИСИС во Кобане, се со цел да се ослабе курдскиот отпор.

#Erdogan: Нема да дозволам #Kurds да се здобијат со статус во #Syria. #Kurdistan #ISIS #freeKobanê #Kobanê #Turkey pic.twitter.com/6h5BGvMKaz

— Massimiliano Voza (@maxvoza) 28 јануари, 2015

Турскиот одговор на ослободувањето на Кобане не беше воопшто пријателски:

Турција поставува огромно знаме на границата со #Kobane после изјавата на Ердоган дека нема да дозволи да постои слободна Курдска држава – @AJANSAMED pic.twitter.com/ltSsdHFYGK

— Conflict News (@rConflictNews) 28 јануари, 2015

Курдскиот активист Joan Salihi сподели на Твитер:

Нема да ја заборавиме улогата на #Turkey за време на борбата за #Kobane. #Turkey е соучесник #TurkeyOutofNato #TwitterKurds pic.twitter.com/nHmuv8lDbG

— Joan Salihi (@joansalihi) 28 јануари, 2015

Симболична победа 

Беше потребно доста време додека вестите за борбата во Кобане да стигнат до активистите низ светот. Додека глобалните медиуми се фокусираа на коалицијата предводена од САД која напаѓаше територии контролирани од ИСИС, Курдите самите војуваа против силите на ИСИС; борба која помина скоро незабележана. 

David Graeber, професор по антропологија на Лондонското училиште за економија, анархист и главна фигура во движењето Oкупирај, најверојатно беше првиот глас кој го сврте глобаното внимание кон борбата во Кобане. Во една статија напишана на 14 октомври, насловена „Зошто светот ги игнорира револуционерните Курди во Сирија?“ Graeber го претставува Кобане како „демократски експеримент“ кој се развива врз основа на анархистички идеали и ги споредува револуционерните Курди со анархистите кои се бореле во Шпанската граѓанска војна (1936-1939).

Статијата на Graeber беше широко споделувана од страна на левичарски активисти онлајн; процес кој натера неколку левичарски списанија и веб-страници да изјават подршка за револуционерните Курди.

За подобро да се сфати споредбата со анархистите од Шпанската граѓанска војна, неопходно е да се разбере што се жителите на Кобане (и Ројава) морале да преживеат. Graeber објаснува:

Автономиот регион Ројава, како што постои денеска, е една од малкуте светли точки кои произлегле од трагедијата на Сириската револуција. Откако ги истера следбениците на режимот на Асад во 2011, и покрај непријателството на скоро сите свои соседи, Ројава не само што си ја одржа независноста, туку и остана извонреден демократски експеримент. Собранија беа создадени како носители на крајните одлуки, советите беа селектирани со акцент на етничкиот баланс (на пример, во секоја општина, главните тројца службеници мора да вклучуваат еден Курд, еден Арап и еден асирски или ерменски христијанин и барем еден од тројцата мора да биде жена), има здруженија за жени и млади и, налик на вооружената Шпанска група Mujeres Libres (Слободни жени) има и феминистичка армија, позната како „YJA Ѕвезда“ („Унија на слободните жени“, a ѕвездата е референца кон античката божица од Месопотамија – Иштар) која изведе голем дел од вооружените операции против силите на Исламската држава.

Многу луѓе веруваат дека главниот носител на курдскиот отпор против ИСИС не била воената супериорност, туку нивната посветеност, како што курдскиот активист Dilar Dirik тврди во The Kurdish Question: „Луѓето од Кобане беа значително помалубројни. Но, нивната волја да се борат ги носеше напред. Тие се борат за фундаментално различна иднина.“

Надежно, иднината на овој регион ќе остане исполнета со вредностите на демократија, екологијата и полова еднаквост – вредности кои револуционерите досега успеваа да ги одржат изненадувачки добро. Но, ќе биде потребно некое време за да се надмине уништувањето низ коешто помина оваа мала курдска територија.

Слики од  #Kobane. Масивното уништување ќе ги задржи бегалците во #Turkey доста време.

 pic.twitter.com/Vf7oAE5PFy

— Conflict News (@rConflictNews) 27 јануари, 2015

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.