Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Се празнат руските затвори за да се пополнат седиштата за Сочи 2014

Some of Russia's newly freed, prominent former political prisoners. From left to right, Maria Baronova, Nadezhda Tolokonnikova, and Mikhail Khodorkovsky. Images mixed by Kevin Rothrock.

Дел од неодамна ослободените, значајни руски политички затвореници. Од лево кон десно, Марија Баронова, Надежда Толокоњикова и Михаил Кодорковски. Сликата е изработена од Kevin Rothrock.

Многу руски блогери сметаат дека зимските Олимписки игри во Сочи одиграа главна улога во неодамнешната амнестија, со којашто беа ослободени активисти на Гринпис од “Arctic Sunrise” и познатите рокери од Пуси Рајот, како и помилуваниот Михаил Кодорковски, кој oд Русија веднаш пребегна во Берлин. Се смета дека Путин сака да си го зачува образот, избегнувајќи олимписки бојкот од страна на светските лидери, иако пет од седум земји на Г8 веќе најавија дека нивните лидери нема да патуваат за Сочи (Франција, Велика Британија, Канада, САД и најверојатно и Германија).

Јулија Галјамина, од вишата економска школа, на својот ѕид на Фејсбук напиша:

Путин пытается сделать хорошую мину перед Олимпиадой в Сочи, мотивы его низменны, но несколько свободных человек – это все равно счастье.

Путин се обидува да остави добар впечаток за Олимпијадата во Сочи. Мотивите му се безначајни, но знам неколкумина, сега слободни, среќни луѓе, на кои ама баш им е гајле за тоа.

Не секој се согласува со идејата дека амнестирањето и помилувањето имаат за цел да ги спасат Олимписките игри. Земајќи предвид некои претходни гласини дека Кодорковски го чекаат нови обвиненија, како и тоа дека мајка му е постара жена со нарушено здравје, Кирил Рогов напиша на Фејсбук:

Все “третье дело” и болезнь матери – были обыкновенным шантажом, с помощью которого у Ходорковского выбивали согласие на помилование. На кону восе не олимпиада и не возможность широкого жеста под новый год, а – как всегда – деньги.

Целата таа работа за „трето судење“ и за болната мајка, не е ништо друго туку уцена, со којашто [Кремлин] сака да го присили Кодорковски да го прифати помилувањето. Како и секогаш, главната причина не беа Олимписките игри или пак некој добродушен гест за Нова година – туку се разбира, парите.

Олег Макаренко, блогерот fritzmorgen, е исто така скептичен околу тоа дека Путин го ослободил Кодорковски заради Олимпијадата.

Версия «Олимпиада» представляется мне смешной. На Олимпиаде лозунги «свободу Ходорковскому» популярностью не пользовались бы в любом случае, там протесты будут, в основном, под девизом «слава Содомии»….

Плакаты о Ходорковском на фоне радужных флагов выглядели бы совершенно нелепо. Очевидно, причина не в Олимпиаде.

Онаа верзија со „Олимпијадата“ ми е смешна. Доколку на Олимпијадата има слогани за „слобода за Кодорковски“, истите нема баш да станат популарни за време на настанот. Ќе има протести [во Сочи], но најмногу со паролата „Победа на содомијата”….

Постери со Кодорковски и знамиња со боите на виножитото во позадината. Комично! Очигледно, причината не лежи во Олимписките игри.

Според Макаренко, со преземање на заострени мерки ќе се започне напролет, по Олимпијадата во Сочи, а ослободувањето на Кодорковски е како порака до идните затвореници, дека Путин е спремен на преговори.

Олга Аленова, новинар на Комерсант го изрази своето незадоволство:

Само по себе это освобождение перекроет все нарушения прав человека в РФ, весь беспредел в Сочи, всю жуть на Кавказе, – олимпиада владимировна пройдет под бурные аплодисменты, все приедут, даже француз, а ВВП может спокойно править еще мильен лет, вообще не парясь ни о правах, ни о свободах.

В итоге он опять выигрывает.

Как всегда.

Это просто невероятно, как они научились это делать.

Со самото помилување, се засенува нарушувањето на сите човечки права во Русија, неопочитувањето на законите во Сочи, сиот ужас во Какваз – Олимпијадата на Владимир ќе се одржи пропратена со громогласен аплауз, ќе дојдат сите, дури и Французите, а ВВП (Владимир Владимирович Путин) може слободно да владее уште милион години и ниту еднаш да не го засегнат правата или слободите.

И на крај, пак тој ќе победи

Како и секогаш.

Неверојатно како научија да прават вакви работи.

Кордовски е против бојкотирањето на олимписките игри:

Што се однесува до Сочи, тоа е спортски настан; настан за милиони луѓе, па не би требало да го расипеме. Исто така не треба да стане личен настан за претседателот Путин — и тоа не е во ред. Како и да е, јас не би сакал да уништам еден настан за милиони луѓе.

Во меѓувреме, членката на Пуси Рајот, Надежда Толокоњикова, руски политички затвореник и освојувач на сребрен медал, во изјавата за новинарите по нејзиното ослободување од затвор на 23 декември 2013, побара целосен бојкот на Олимписките игри:

Сега барам бојкот, за искреност, ги повикувам сите, да не се продадеме за сета оваа нафта и гас што Русија ги има. Барам да се применат сите човечки стандарди, традиции и уредувања – нормите што Европа ги промовира.

И понатаму остануваат непознати вистинските причини за ненадејното ослободување на Кодорковски и амнестијата со која беа ослободени преостанатите две членки на Пуси Рајот. Доколку се потврди теоријата дека овој чин на помилување е во тесна врска со напорите на Кремлин да го спаси „Сочи 2014,“ ќе мора да се обрне доста внимание во текот на овој период, за да се види дали некој од Западните водачи ќе го смени своето мислење за тоа дали ќе присуствува на Зимските олимписки игри.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.