- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Иран: „Луда графити седмица“ за политичките затвореници

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Уметност и култура, Човекови права

Од први до седми април, 2012 Фејсбук групата, Луда графити иранска седмица [1], ги повика сите да направат матрици во чест на стотици ирански политички затвореници.

Луѓето ги ставаа нивните ознаки [2] на маици, огради, на нивните домови и на облека.

Трудот беше инспириран и поддржан од страна на египетската „Луда графити седмица“ [3] која привлече илјада приврзаници кои протестираа против моменталниот воен режим.

Поврзување на виртуелниот со реалниот свет

Ова е чекор по чекор, водич на Јутјуб кој објаснува како да направиш матрица и да ја користиш во реалниот свет.

Неколку фотографии од секаде во светот, споделени во фото-албумот на лудата графити седмица [4] кои покажуваат како луѓето во светот ја поддржуваат оваа иницијатива.

Амстердам

Mad Graffiti Week for Iran in Amsterdam [4]

Оукленд, Калифорнија

 

A Free Bahareh stencil during Mad Graffiti Week Iran

Вашингтон ДЦ
Mad Graffiti Week for Iran in Washington DC [4]

Во име на иранските затвореници, графити се појавија во Холандија, Нов Зеланд, Шведска, Египет, многу градови од САД и пошироко, каде лицата на затворениците за кои сме навикнати да ги гледаме на интернет сега се видливи и во реалниот свет.