- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

„Потпалувачкиот“ рекламен спот на една политичка партија од Костарика се чини дека не ѝ помогна при гласањето

Категории: Латинска Америка, Костарика, Граѓански медиуми, Избори
Elecciones municipales 2010 en Costa Rica. Foto en Flickr del usuario Ingmar Zahorsky (CC BY-NC-ND 2.0).

Локални избори 2010 во Костарика. Фотографија на „Фликр“ од корисникот Ингмар Захорски [1] (CC BY-NC-ND 2.0).

Овој напис првично беше објавен на шпански јазик. Превод од уредена англиска верзија следува подолу.

На 7 февруари 2016 Костарика избра градоначалници [2] на вкупно 81 општина. Овие беа првите избори каде луѓето гласаа и за советници и други функции во општините. Пред реформите во 2009, овие позиции се пополнуваа на претседателските избори. Тогаш беше вообичаено за гласачите, без некои посебни познавања за локалниот кандидат, да гласаат за истата партија на сите гласачки ливчиња.

Секоја од седумте провинции во државата е поделена на кантони, вкупно 81. Во секој кантон се појави низа мали партии со надеж дека ќе ја преземат контролата над локалната власт. За да го постигнат тоа, тие на гласачите, кои историски [3] имаат низок интерес [4] за локалните избори, им ветуваат брда и долини.

За овие избори, кандидатите ги искористија сите средства, од нивни картонски исечоци во природна големина [5] до професионално изработени џинглови [6]. Но можеби најинтересна и контроверзна беше видео рекламата [7] на Партијата на либертаријанското движење (ПЛД) која наиде на критики дека е „потпалувачка“ и агресивна.

A screenshot of the LMP's controversial video ad posted to their Facebook page. "Libre" means "free" in Spanish. [8]

Кадар од контроверзната видео реклама на ПЛД поставена на нивната страница на „Фејсбук“. „Libre“ значи „слободен/а/о“ на шпански.

Новинскиот сајт „CRhoy.com“ објави:

El video toma como base una escena de la película Revolución: El cruce de los Andes, que llama a la lucha y al enfrentamiento para “rescatar a la Patria”. Sobre el video, el Movimiento Libertario coloca palabras con las que dicen estar identificados como “esfuerzo”, “nunca es suficiente”, “dispuestos”, y “libertad”.

Видеото се базира на сцена од [аргентискиот] филмот „Револуција: Крстоносната војна на Андите“, и повикува на борба и конфронтација како би „се спасила татковината“. Во видеото, Либертаријанското движење се користи со зборови за кои тие велат дека можат да се поврзат со нив, како што се „напор“, „никогаш не е доволно“, „волја“ и „слобода“.

Партијата не освои ниту еден градоначалнички мандат [9] на изборите.

Либертаријанци само во името?

Формирана во 1994, ПЛД успеа да стане третата политичка сила во државата до 2010.

Либертаријанците не се многу популарни во Латинска Америка, и се чини дека остануваат [10] во академскиот свет поголемиот дел од времето, што го прави случајот во Костарика доста интересен.

Иако се промовираат како партија со либертаријанска идеологија, многу Костариканци не ја сметаат ПЛД како таква.

Голем дел од населението го смета Либертаријанското движење, кое е релативно ново, како десничарска партија, додека самата партија, со широка книжевна поткрепеност, се нарекува себеси либерална.

Од една страна, тие се противници на даноците, социјалната заштита, регулирање од страна на државата, и ги бранат казината и неформалните возачи на такси.

Од друга страна, на минатите претседателски избори лидерот на движењето, Ото Гевара, изјави дека тој е против абортусот [11] и еднаквост во бракот [12], покажувајќи јасна контрадикторност со нивните наводни либертаријански принципи:

“En estos casos de violación, nos oponemos al aborto. Consideramos que orresponde brindarle a las mujeres un acompañamiento, para proteger la integridad y la dignidad, tanto de la madre como la del niño que lleva en su vientre, esto con la finalidad de que cuando nazca ese niño, la madre tenga la oportunidad de entregarlo en adopción, para que otras familias que estén dispuestas a darle amor tengan la oportunidad de adoptarlo, sin sacrificar la vida de ese menor”, expresó el candidato Otto Guevara.

Во случај на силување, ние сме против абортус. Ние сметаме дека е соодветно жената да се снабди со придружба, да се заштити интегритетот и достоинството на мајката и детето кое таа го носи во својата утроба, така што кога детето ќе се роди, мајката ќе може да ја има опцијата да го даде на посвојување, со тоа што други семејства кои се подготвени да ги сакаат би ја имале можноста за посвојување, без жртвување на животот на детето.

„Симптомите за тоа се малава костариканска војска и екстремно десничарските политички групи“

Видео рекламата беше мета на критики од повеќе нивоа. Но, и покрај контроверзноста, по победата на Луис Гилермо Солис во 2014, Барантес призна дека тој ги комерцијализирал тогашните кандидати на начин како што би промовирал газирани или негазирани пијалоц [13]и:

“Había que dejar de pensar en una campaña para ciudadanos y pensar en consumidores. Este negocio es de vender ideas y esperar que las personas te paguen con su voto”, dice Barrantes, como para empezar a explicar la estrategia de campaña del PAC […].

Моравме да престанеме да мислиме дека е кампања за граѓани, туку за потрошувачи. Ова е бизнис на продавање идеи и чекање на луѓето да платат со нивниот глас.

Судејќи по 1.3 милиони гласови [14] кои сегашниот претседател ги доби од гласачко тело кое броеше околу 3 милиони гласачи на тие избори, се чини дека стратегијата работеше. Сепак, овојпат работите не одеа во полза на ПЛД.

Снимката од контроверзната реклама на Либертаријанското движење не е оригинална. Таа е извадок од аргентинскиот филм „Крстоносната војна на Андите [15]“. Но Иван Барантес [16], познат како Mercadólogo (специјалист за маркетинг), кој беше одговорен за претседателската кампања на сегашниот претседател Луис Гилермо Солис [17]од централно-левичарската [7] Партија за граѓанска акција [18] (ПГА) [7], го бранеше неговото дело:

Aunque el video no es una autoría original, Barrantes alega que no es un plagio ni demuestra que tienen pocos fondos económicos para producir un anuncio publicitario, sino que aprovecharon el mensaje de la película, que está accesible en Youtube “como muchos otros” videos o cortos.

Иако ова не е оригинално видео, Барантес тврди дека не е плагијат ниту покажува дека тие немаат доволно средства да продуцираат видео реклама, туку дека тие само ја искористиле пораката во филмот, кој е достапен на „Јутјуб“ „како многу други“ видеа или кратки филмови.

Рекламата прикажува армија — интересен визуелен момент со оглед на фактот дека Костарика нема своја војска уште од 1949 [19].

Таа исто така потенцира работи кои воопшто не се поврзани со Костарика, како што се некои Јужноамерикански херои кои се едноставно непознати како по локални, така и по битки за независност, бидејќи Костарика е држава која независноста ја доби по пошта два месеца откако беше потпишана во Гватемала во 1821, без ниту една пролеана капка крв.

Рекламата инсистира на концептот на „слобода“ во земја која се смета за една од најстарите и најсилните демократии во Јужна Америка.

Овие прикази на војници и конфликт создадоа чувство на одбивност кај просечниот костариканец, евоцирајќи спомени од движењето наречено Costa Rica Libre [20] (Слобода за Костарика), милитаризирана анти-комунистичка група која се залага за „ослободување“ на Костарика.

Оваа реклама ни се чини идиотска… а симптомите за тоа се малава костариканска војска и екстремно десничарските политички групи.