- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Сличноста помеѓу францускиот Чарли Хебдо и еквадорскиот Бонил

Категории: Латинска Америка, Еквадор, Граѓански медиуми, Слобода на говор

charlie_hebdo_1

Масакарот [1] на персоналот на Чарли Хебдо ја поттикна дискусијата за слободата на изразување на карикатуристите и означи време на преиспитување на цензурата и лошите услови во кои работат карикатуристите во повеќе земји. 

Популарниот хаштаг на Твитер #JeSuisCharlie кој ја осудува трагедијата на Чарли Хебдо [2] се залага за ерадикација на било каков вид на опресија врз карикатуристите низ светот. Во Еквадор се појави низа на твитови кои го подржуваат карикатуристот Ксавиер Бонила [3] (познат и како Бонил [4]), кој со помош на своите цртежи со кои ги пренесува своите силни ставови стана пример за сатиричен карикатурист во својата земја.

Една од карикатурите на Бонил: „Го добивме тоа што ни требаше… Обвинет е за шпионирање…“

Неколку твитови ги користат санкциите врз Бонил во Еквадор за да ја споредат неговата ситуација со онаа во Франција.

Претходната година Бонил беше санкциониран и приморан да промени едно од своите дела бидејќи не било базирано врз факти, според еквадорската агенција за комуникации (Supercom).

 

Бонил нацрта група од полицајци како влегуваат во дом на член на опозицијата и излегуваат со компјутери. Објаснувањето на сликата е „Обвинет е за корупција“.

Претседател Рафаел Кореа [5] се разгневи поради сликата од грабежот и го предизвика Бонил да го докаже тврдењето.

Еден твит од Andrea R. го прикажува начинот на кој претседателот го опишува Бонил и неговите „контраверзни“ карикатури:

 #Mashi го нарече #Bonil „убиец со мастило“ и го натера да плати за своите цртежи. Имаме проблеми и во #Ecuador #CharlieHedbo

Некои луѓе шпекулираат што би се случило ако има списание како Чарли Хебдо во Еквадор.

Замислете си еден неделен стрип како @Charlie_Hebdo_ во Еквадор со LeyMordaza, SuperCan8A, el rompediaris, Alvarados.

Мислам дека ако #Bonil црташе карикатури како #CharlieHebdo ќе поминеше доста време позади решетки.

Во меѓувреме Борис Мантила го проценува влијанието на Чарли Хебдо во Еквадор и упатува кон интервју на Си-Ен-Ен со Ксавиер Бонила.

Политичката одмазда води до реакција како во случајот на  #Bonil #CharlieHebdo @patriciajaniot до @bonilcaricatura тука: http://t.co/TQDJJ1iEeM [19]

Корисниците исто така одвоија време да ја одбранат слободата на изразување во Еквадор. 

Но, санкционирањето на #Bonil беше целосно оправдано! Слободата на изразување се брани од било какво напади, па дури и легални.

Овие мизерни напади само ги зајакнуваат нивните креативни пенкала ://Драг @bonilcaricatura, ОГРОМНА прегратка !!

Многу луѓе силно ги осудуваа изјавите направени од претседателот Кореа слични на онаа поради која Бонил беше принуден да го измени цртежот: 

 @ahorapodemos @Pablo_Iglesias_ Циничниот  #Correa кој се восхитува на карикатурите, ги лови и ги осудува #Bonil

Роман Маспонс и Санти Серано веднаш одговорија со следниве коментари:

 Не, немој да почнете да ги споредувате карикатурите на #Bonil и реакциите на #Correa со  #CharlieHebdo бидејки нема ништо слично меѓу нив. 

@ceppdi слаба е основата за споредба со #bonil тој е критикуван поради неговиот лош вкус, неговото измамничко пенкало, лагите и неговата политичка необјективност.

Агенцијата за информации (Supercom) го одложи судењето на Бонил од 16 јануари на 9 февруари.

Карикатуристот ја објави оваа промена на Твитер:

SUPERCOM го договори судењето за 16 јануари, но 2 дена после Чарли Хебдо судот ја смени датата во 9 февруари. Којзнае зошто? 

Минатиот ноември Supercom ja прифати [38] жалбата поднесена од африканско-еквадорски организации кои го обвинуваат Бонил за наводна дискриминација спрема Агустин Делгадо.