Масакарот на персоналот на Чарли Хебдо ја поттикна дискусијата за слободата на изразување на карикатуристите и означи време на преиспитување на цензурата и лошите услови во кои работат карикатуристите во повеќе земји.
Популарниот хаштаг на Твитер #JeSuisCharlie кој ја осудува трагедијата на Чарли Хебдо се залага за ерадикација на било каков вид на опресија врз карикатуристите низ светот. Во Еквадор се појави низа на твитови кои го подржуваат карикатуристот Ксавиер Бонила (познат и како Бонил), кој со помош на своите цртежи со кои ги пренесува своите силни ставови стана пример за сатиричен карикатурист во својата земја.
Неколку твитови ги користат санкциите врз Бонил во Еквадор за да ја споредат неговата ситуација со онаа во Франција.
Претходната година Бонил беше санкциониран и приморан да промени едно од своите дела бидејќи не било базирано врз факти, според еквадорската агенција за комуникации (Supercom).
Бонил нацрта група од полицајци како влегуваат во дом на член на опозицијата и излегуваат со компјутери. Објаснувањето на сликата е „Обвинет е за корупција“.
Претседател Рафаел Кореа се разгневи поради сликата од грабежот и го предизвика Бонил да го докаже тврдењето.
Еден твит од Andrea R. го прикажува начинот на кој претседателот го опишува Бонил и неговите „контраверзни“ карикатури:
#Mashi calificó a #Bonil de “sicario de tinta” y le ha hecho pagar por sus caricaturas En #Ecuador tbm tenemos problemas #CharlieHebdo
— andrea r. (@andre_monita) enero 8, 2015
#Mashi го нарече #Bonil „убиец со мастило“ и го натера да плати за своите цртежи. Имаме проблеми и во #Ecuador #CharlieHedbo
Некои луѓе шпекулираат што би се случило ако има списание како Чарли Хебдо во Еквадор.
Imaginen un semanario satírico como @Charlie_Hebdo_ en Ecuador, con LeyMordaza, SuperCan8A, el rompediarios, Alvarados y una justicia servil — David Rosero (@davidroserow) enero 8, 2015
Замислете си еден неделен стрип како @Charlie_Hebdo_ во Еквадор со LeyMordaza, SuperCan8A, el rompediaris, Alvarados.
Creo que si #Bonil hiciera caricaturas del “calibre” de #CharlieHebdo hace rato estuviera en rejas.
— Josué Intriago (@JintriagoL) enero 9, 2015
Мислам дека ако #Bonil црташе карикатури како #CharlieHebdo ќе поминеше доста време позади решетки.
Во меѓувреме Борис Мантила го проценува влијанието на Чарли Хебдо во Еквадор и упатува кон интервју на Си-Ен-Ен со Ксавиер Бонила.
Represalia política genera fama en contra golpe, casos #Bonil #CharlieHebdo @patriciajaniot a @bonilcaricatura aquí: http://t.co/TQDJJ1iEeM — Boris Mantilla (@BorisMantilla) enero 8, 2015
Политичката одмазда води до реакција како во случајот на #Bonil #CharlieHebdo @patriciajaniot до @bonilcaricatura тука: http://t.co/TQDJJ1iEeM
Корисниците исто така одвоија време да ја одбранат слободата на изразување во Еквадор.
Pero cuando sancionaron a #Bonil ahí si era justificado! Defensa de la Libertad de Expresión se da frente a cualquier arma así sea jurídica!
— Dani Pazmiño (@danipazmino) enero 9, 2015
Но, санкционирањето на #Bonil беше целосно оправдано! Слободата на изразување се брани од било какво напади, па дури и легални.
Estos ataques miserables solo dan más fuerza a sus plumas creativas://Querido @bonilcaricatura, un GRAN abrazo!! — basol (@B3scobar) enero 8, 2015
Овие мизерни напади само ги зајакнуваат нивните креативни пенкала ://Драг @bonilcaricatura, ОГРОМНА прегратка !!
Многу луѓе силно ги осудуваа изјавите направени од претседателот Кореа слични на онаа поради која Бонил беше принуден да го измени цртежот:
.@ahorapodemos @Pablo_Iglesias_ Cinismo #Correa q admira,persigue y condena caricaturistas #Bonil http://t.co/fwJGn6tCnp @Charlie_Hebdo_ — borisvian1 (@shababaty) enero 7, 2015
@ahorapodemos @Pablo_Iglesias_ Циничниот #Correa кој се восхитува на карикатурите, ги лови и ги осудува #Bonil
Роман Маспонс и Санти Серано веднаш одговорија со следниве коментари:
No, como pana, no empiecen a comparar las caricaturas de #Bonil y las reacciones de #Correa con lo de #CharlieHebdo, no hay por dónde.
— Roman Maspóns (@badpons) enero 7, 2015
Не, немој да почнете да ги споредувате карикатурите на #Bonil и реакциите на #Correa со #CharlieHebdo бидејки нема ништо слично меѓу нив.
@ceppdi la comparación es poco adecuada a #bonil se lo critica x su mal gusto su pluma mentirosa calumnias y alto grado de parcialidad polit — Santi Serrano (@santi_adelante) enero 7, 2015
@ceppdi слаба е основата за споредба со #bonil тој е критикуван поради неговиот лош вкус, неговото измамничко пенкало, лагите и неговата политичка необјективност.
Агенцијата за информации (Supercom) го одложи судењето на Бонил од 16 јануари на 9 февруари.
Карикатуристот ја објави оваа промена на Твитер:
SUPERCOM me había citado para el 16 de enero. Pero 2 días después de CharlieHebdo pospuso la Audiencia para el 9 d febrero. ¿Xq será?
— Xavier Bonilla (@bonilcaricatura) January 12, 2015
SUPERCOM го договори судењето за 16 јануари, но 2 дена после Чарли Хебдо судот ја смени датата во 9 февруари. Којзнае зошто?
Минатиот ноември Supercom ja прифати жалбата поднесена од африканско-еквадорски организации кои го обвинуваат Бонил за наводна дискриминација спрема Агустин Делгадо.