Новиот закон за онлајн криминал во Нигерија можеби се бори против финансиските измами, но исто така може и да ги занеми критиките. Властите во Аргентина собираат податоци со кои се мапира ДНК на граѓаните, нивните очи (шареници), начинот на кој одат. Активистите во Тунис се плашат дека новата агенција за телекомуникации може да започне нова ера на масивно надгледување.
Нема воопшто сомневање, масовното надгледување од владите претставува глобален проблем.
На 11 февруари, индивидуи, граѓански организации и илјадници веб-сајтови ќе се здружат за да се борат против масовното надгледување. Секој може да учествува, без разлика дали преку настан или преку активност на интернет.
Програмите за масовно надгледување ги нарушуваат нашите права за приватност, слобода на изразување и здружување. Тие ја загрозуваат отвореноста на интернетот и се против демократските вредности. Документите објавени од Едвард Сноуден минатиот јуни открија илјадници програми за собирање податоци и го шокираа светот. Додека документите објавени од Сноуден покажаа незамисливи прекршувања на приватноста од страна на американската влада, тие овозможија и нови аргументи за дебата против надгледувањето и приватноста насекаде во светот.
Сакате да се вклучите? Еве неколку начини:
ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ НА АКЦИЈАТА
Групи насекаде во светот организираат протести, хакатони и спроведуваат онлајн кампањи. Откријте што се случува блиску до вас:
Аргентина • Австралија • Австрија • Бразил • Канада • Колумбија • Германија • Франција • Индија • Мексико • Холандија • Перу • Полска • Србија • Уганда • Велика Британија • САД
Не ја гледате вашата земја? Користете ги материјалите од тука и од партнерските сајтови да создадете своја кампања! Прочитајте ги постовите на Global Voices за надгледувањето низ целиот свет на нашата страница на оваа тема.
ПОКАЖЕТЕ ЈА ВАШАТА ПОДДРШКА
Покажете ја вашата солидарност со кампањата на 11 февруари! Објавете банер на вашиот веб-сајт. Споделете ја пораката или пак некој од супер кул карикатурите, како овие во овој пост, на социјалните медиуми.
КАЖЕТЕ „ДА“ ЗА ГЛОБАЛНИТЕ ПРИНЦИПИ ЗА НАДГЛЕДУВАЊЕ НА КОМУНИКАЦИИТЕ
Потпишете ги тринаесетте принципи за интернационалното надгледување на комуникациите, развиени од експерти за човекови права. Овие принципи се основата на напорите на граѓанските организации за да ги заштитат правата за приватност на дигиталните граѓани. Принципите претставуваат сет од насоки за владите со кои се почитуваат човековите права кога станува збор за надгледување.
Прочитајте ги и потпишете ги принципите во било кој од следниве јазици:
Русский • Español • Hrvatski • Македонски • Shqip • Polski • Čeština • Svenska • Nederlands
Français • English • हिन्दी • العربية • Italiano • Ελληνικά • Română • Slovenčina • Eesti • Slovenščina • Dansk
Magyar • Suomi • Deutsch • فارسی • Български • Latviešu • Lietuvių • Português • Quechua
繁體中文 • Tiếng Việt • 한국어 • Українська • ภาษาไทย • اردو
Покажете ја вашата поддршка за принципите со објавување на банер.