Изгледа револуционерниот дух во Египет е поттикнат благодарениe на моќта на претседателот Мохамед Морси односно скорешната одлука која му донесе големи овластувања. Оваа одлука предизвика протести на национално ниво од кои најзначајно е протестирањето „поставено“ околу претседателската палата.
Фотографот Џонатан Рашад, кој активно ја користеше камерата за да ги документира настаните уште од почетокот на египетската револуција, ги сподели следните фотографии од графити кои ја раскажуваат приказната на неговиот профил на Фликр.
Ова е изборот:
Овој собирен протест пред палатата беше нападнат на 5 декември, што резултираше со 6 мртви и многу повредени. Сведочењата за измачуваните демонстранти анти-Морси, кои паднаа во рацете на приврзаниците на Морси, подоцна започнаа на излегуваат на виделина. Биле изградени многу ѕидини околу палатата за да се спречи приближување на демонстрантите. Овие ѕидини исто така беа мета на графити уметниците.