Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Австралиските пожари и веб алатки

Она што Австралија го нарекува најсмртоносни пожари во својата историја до сега одзеде најмалку 108 животи, изгоре половина милион ари земја и уништи 750 домови во викендот на 7-8 февруари.

Во најлошо погодената држава, Викторија, пожарникарите пронајдоа повеќе од 45 активни пламени и од понеделникот (по австралиско време) 8 се сѐ уште се активни.

Пожарите се многу вообичаена појава за време на австралиското лето, но невообичаено високите температури (во саботата беа измерени 47 степени), силните ветрови и една од најлошите суши досега искомбинирани заедно ги креираат овие катастрофални пожари кои изненадија цели градови. Сведоци велат дека на некои места пламените достигнувале висина од 4 катови. Луѓето се криеле во базени, во маслинови плантажи, додека други имале време да се евакуираат. Пронаоѓани се луѓе во коли, во куќи, не можејќи да им избегаат на пламените, чадот и топлината.

Бројката на жртви претставува досега најголема природна катастрофа во Австралија, надминувајќи ги 75те жртви од пожарите во 1983.

Со толку големо опустошување и опасноста од негово продолжување, граѓаните-новинари имаа проблеми за да се приближат кон погодените места. Сепак интернетот е полн со релевантни информации за постојаното ширење на пожарите за они кои живеат во погодните области и за оние кои сакаат да се информираат.

Тројца програмери, Алан Нобл, Раул Вера и Памела Фокс, од Google Engineering креираа Гугл мапа која во реално време ги илустрира пожарите во Викторија. Тие исто така додадоа функционалност за барање на корисниците по специфична адреса.

Еве го нивното објаснување на блогот Google Australia:

Денеска создадовме Флеш мапа, која ги содржи најновите информации за локациите каде има пожари и нивниот статус од County Fire Authority (CFA). Флеш мапата се ажурира во реално време од сајтот на CFA преку RSS фид. Се надеваме дека им користи на луѓето кои се погодени, на вработените во итните служби и дека им помага на некои сајтови кои се преплавени од посети. Мапата секако веднаш ја прикажува големината на оваа катастрофа.

Еве ја мапата:

CFA – County Fire Authority- е една од најголемите волонтерски сервиси за критични ситуации, чиј сајт постојано ги ажурира пожарите на кои тие работат низ државата Викторија.

Користејќи слична технологија како програмерите од Google, Австралискиот весник креираше интерактивна мапа која покажува на кои локации имало смртни случаи.

Следува сателитска фотографија од пожарите од Универзитетот од Мериленд/НАСА МОДИС.

сателитска фотографија од пожарите

Истата група креираше и мапа на пожарите користејќи сателитски фотографии на која може да се погледнат пожари од претходните 24 часа, 48 часа, последната недела и се така до 2005 година.

Aus-maps.com овозможи мапа на која се гледаат шумските пожари во Викторија.

[Голема благодарност до Едвард Виелмети за информациите на неговиот блог]

Австралискиот премиер Кевин Руд го искористи неговиот Twitter профил да ги информира 7100те следбеници како да донираат на Фондот за шумските пожари во Викторија или да ги извести за информациите за контакт оние на кои им е потребна итна владина помош.

Луѓето го користеа Twitter за различни информации што се однесуваат на оваа катастрофа. Пожарникар волонтер, со профил cfacolunteer беше дел од многуте случувања во саботата.

Во една од многуте пораки тој напиша:

Седи на кратка пауза за прв пат во 12 саати. Но за кратко повторно ќе се враќа на пожарите.

Друга порака:

Се врати од градот Калигни каде се е уништено.

Друга порака:

7 февруари 2009 ќе остане во историјата од многу погрешни причини. Се надевам дека луѓето се безбедни, особено после она што го видов.

Конечно се смирија ветровите. Барем може да се одморам. Жал ми е за луѓето кои ги изгубија своите домови и сакани.

Веројатно нема да заздрави од она што го виде денес.

Луѓето ја користат платформата и за да постават специфични прашања. Geehall1, кој живее во Мелбурн, се интересира:

Некој со новости од областите Бичворт и Гипсланд? Некој друг дел од земјата?

Стричли, писател и веб-издавач кој живее во Брисбејн, овозможи многу информации:

Важно Crystal Creek итн. западниот дел од Black Range се засилуваат – ЗАМИНЕТЕ веднаш ако можете

46 пожари низ земјата, 8 не се под контрола

Фотографиите се перфектен медиум за да се прикажат уништувањата од овие пожари. Фотографот Aussie_Pecker, кој живее во Австралија, започна група наречена Шумски пожари во Викторија – февруари 2009, бидејќи сакал да креира „историски дневник со фотографии од најлошите пожари кои ја уништуваат нашата прекрасна земја.“

Потоа постојат и Фејсбук групи, меѓу кои за поддршка на пожарникарите, за заштита на австралиските шуми од пожари – „Секоја година во Австралија мора да се справуваме со шумски пожари и тоа доста често, па затоа да се потрудиме да го решиме проблемот.“ – или групи за против пиромани и група која организира настани за собирање пари за помош при шумски пожари:

Мојата држава Викторија гори. До сега бројот на жртви е 108. Илјадници луѓе се без домови, цели градови се изгорени до темел. Ве молам да помогнете за да собере што е можно повеќе пари преку Австралискиот црвен крст за да им помогнеме на овие луѓе да ги обноват своите домови. Фејсбук е прекрасна светска заедница. Да го искористиме за да им помогнеме на овие погодени заедници.

На YouTube, луѓе креираат видеа со фотографии од пожарите со музика во позадина, но досега сите се со авторски права. Ќе провериме подоцна пак.

Фотографијата на почетната страница е земена од корисникот jsarcadia на Flickr

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.