- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Најавување на Global Voices самитот за граѓански медиуми 2010

Категории: Граѓански медиуми

Почестени сме да го најавиме одржувањето на Самитот за граѓански медиуми на Global Voices 2010 [1]! Оваа година, нашата средба ќе се одржи во Сантјаго, Чиле од 6 до 7 мај, 2010.

Посетете го сајтот на самитот [1] за дополнителни информации за целите на состанокот [2], програмата на настаните [3], деталите за регистрација [4] и информации за живописниот град Сантјаго. Помеѓу најважните точки од настанот, ќе биде и објавувањето на победниците на наградата „Рушење на граници“ [5], нова награда воспоставена од Google и Global Voices за да се оддаде почит на извонредните веб-проекти ,иницирани од индивидуи или групи, покажувајќи храброст, енергија и способност, со користење на интернетот да ја промовираат слободата на изразувањето.

Во наредните неколку денови и недели, ние ќе ја дополнуваме програмата, ќе додаваме биографии на говорниците, листата на учесниците и повеќе — проверувајте го сајтот за објавените блогови и коментари на учесниците на самитот и секако на другите; придружете се и Вие на разговорот.

Можете да помогнете да се рашири гласот за самитот на Global Voices со поставување на нашите беџови или банери на самитот [6] на вашиот блог или веб сајт.

Самитот за граѓански медиуми 2010 на Global Voices беше овозможен благодарение на широката поддршка од фондацијата MacArthur [7], Google [8], Институтот Отворено општество [9], фондацијата Knight [10] и Yahoo! [11].