Најавување на Global Voices самитот за граѓански медиуми 2010

Почестени сме да го најавиме одржувањето на Самитот за граѓански медиуми на Global Voices 2010! Оваа година, нашата средба ќе се одржи во Сантјаго, Чиле од 6 до 7 мај, 2010.

Посетете го сајтот на самитот за дополнителни информации за целите на состанокот, програмата на настаните, деталите за регистрација и информации за живописниот град Сантјаго. Помеѓу најважните точки од настанот, ќе биде и објавувањето на победниците на наградата „Рушење на граници“, нова награда воспоставена од Google и Global Voices за да се оддаде почит на извонредните веб-проекти ,иницирани од индивидуи или групи, покажувајќи храброст, енергија и способност, со користење на интернетот да ја промовираат слободата на изразувањето.

Во наредните неколку денови и недели, ние ќе ја дополнуваме програмата, ќе додаваме биографии на говорниците, листата на учесниците и повеќе — проверувајте го сајтот за објавените блогови и коментари на учесниците на самитот и секако на другите; придружете се и Вие на разговорот.

Можете да помогнете да се рашири гласот за самитот на Global Voices со поставување на нашите беџови или банери на самитот на вашиот блог или веб сајт.

Самитот за граѓански медиуми 2010 на Global Voices беше овозможен благодарение на широката поддршка од фондацијата MacArthur, Google, Институтот Отворено општество, фондацијата Knight и Yahoo!.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.