Која е иднината на ИКТ за развој

Има една стара приказна за рибарот и неговиот мобилен телефон. Понекогаш рибарот довикува од Сенегал; друг пат од Индија Но приказната – и нејзината лекција – секогаш останува речиси иста. Тоа иде вака. Пред рибарот да пристигне на пристаништето со брод полн со риби, тој го користи неговиот мобилен телефон за да изврши повици до различни откупувачи на риба. Откупувачот што ќе понуди највисока цена најверојатно ќе ја добие понудата на рибарот.

Реклама за мобилен телефон на Banglalink, Дака, Бангладеш, од Wonderlane на Flickr (Криејтив комонс)

Оваа лекција е пуштена наоколу како одличен пример за значењето на интернетот и комуникациските технологии – особено за евтини и сигурни мобилни телефони – помагајќи да се подобрат животните стандарди во светот во развој. Оваа едноставна технологија овозможува некој од така нареченото дно на економската пирамида да ги напредне своите економски изгледи за подобрување на квалитетот на животот на  целото негово семејство. Ако мобилниот телефон може да му помогне на рибарот да ги прошири своите врски и контакти и да ја зголеми продажната цена, размислете што тоа ќе направи за сиромашните кои работат низ целиот свет?

Оваа година бројот на корисници на мобилните телефони во светот стигна од 4.6 милијарди луѓе. Голем број од порастот е од светот во развој. И, како што се зголемува бројот на мобилните телефони во некои земји, се зголемува и економскиот развој. (Тоа барем го кажуваат мобилните компании)

Додека бројките остануваат силни и дигиталниот јаз се намалува, останува еден проблем: приказната за рибарот застарува. Како и други нешта, технологијата продолжува да се развива. Ако ИКТ продолжат позитивно да влијаат врз човековиот развој, тие исто така ќе мораат да го следат развитокот.

Во првите два поста, јас би сакал да истражам како ИКТ за развој, може да се промени за краток период во иднината. Потоа, би сакал да истражам некои од новите врвни проекти кои се случуваат низ светот. Како и секогаш, доколку имате нешто да споделите, ве молиме да не известите.

Ричард Хекс тврди дека за оваа нова фаза, ИКТ ќе има потреба од нов поглед за тоа како ги гледаат сиромашните. Луѓето во земјите за развој повеќе не треба да се карактеризираат како пасивни консументи. Наместо тоа, на нив треба да се гледа како на активни производители и иноватори.

Од неговиот блог, ИКТ за развој, Хекс претставува нова академска програма каде што дава краток преглед за тоа каде тој мисли дека ИКТ треба да се движи.

А) Приоритети на новиот хардвер: потреба од иновации околу ниски цени, широко достапни терминали, телекомуникации и моќ. Потреба да ја донесе приказната за успешниот хардвер во последната декада –  мобилните – дури и на поцентрално место. Програмата исто така расправа за импликациите на широкопојасниот интернет, клауд компјутинг (cloud computing) и индивидуализацијата на хардверските уреди.
Б) Приоритети за нови апликации: порастот на партиципативното создавање на содржини и употребата на ИКТ за креирање на нови приходи и вработување на сиромашните во светот. Програмата, исто така, ги разгледува импликациите на слободниот софтвер и развојот на апликациите кои се однесуваат на урбаната сиромаштија, безбедност, економски раст, како и на климатските промени.
В) Нови иновациски модели: растечката потреба за – и потенцијалот за – иновација која се движи кон врвот – надолу, лабораториски – тип на модели. Ова вклучува соработувачки (para – poor) модели кои работат рамо до рамо со сиромашните заедници. Исто така тоа значи поголемо внимание за инвенциите (per- poor) од обичните граѓани кои произлегуваат од тие заедници. Програмата, исто така, ги разгледува новите иновации за посредување кои се појавуваат во приватниот и невладиниот сектор.
Г) Спроведување на нови модели: базиран на ограничувањата на ИКТ за развој програмите 1.0, ќе има поголем акцент ставено на одржливоста, приспособливоста и евалуацијата на проектот ИКТ за развој. Ова ќе бара повеќе процес отколку плански пристапи кон имплементацијата, како и подобри техники за затварање на дизајнерско реалните празнини. Програмата, исто така, разгледува нови фондовни механизми и нови организациски форми кои се сè повеќе видливи.
Д) Нови погледи кон светот: ефективна 2.0 политика за ИКТ за развој, стратегиите и проектите ќе имаат потреба од “tribrid” шампион. Тие мораат да разбираат доволно за три домени на компјутерските науки, информатички системи, како и развој на студии да се подготват клучните лекции и да комуницираат и управуваат со домен професионалци. Програмите за обука и формирањето на работна група треба да ги одразуваат овие потреби.

Јошаи Бенклер е професор за претприемачки и правни студии  на универзитетот Харвард и ко – директор на Беркман центарот за интернет и општество, кое одржа трибина на 23-24 септември за „Комуникација и развој: Слобода на врската“.

Во еден есеј на трибината, Бенклер расправаше за тоа дека наредната генерација на ИКТ мора да продолжи да биде флексибилна и динамична, а истовремено да станува да станува помоќна. Можеби дизајнерите ќе создадат клауд апликации, социјален софтвер или организациски алатки.

Но, мобилните телефони, сами нема да го решат проблемот.

Причината зошто мобилните телефони беа толку успешна ИКТ платформа во сиромашните земји, беше тоа што тие се многу поевтини и тие се потпираат на мрежи кои раководат со цела интелигенција во мрежата, и одобруваат многу евтини мрежни уреди. Сепак тоа беше токму глупавоста или едноставноста на мрежата поврзана со „интелигенција“ или пресметувањето на комплексноста на  мрежните уреди што беше толку критична за развојот на мрежната информациска економија и општеството какво што е. Поттик да се направат евтини уреди достапни за посиромашните земји кои не водат сметка за тоа дали евтиното доаѓа на сметка на навистина отворена, неутрална мрежа ќе резултира со еден сосема поинаков вид на ИКТ платформа од онаа што ние ја замислуваме како толку креативна и продуктивна во побогатите економии……

Еве го неговиот рецепт за наредната генерација на ИКТ за развој.

Уредите мораат да бидат доволно евтини за да видат широко дистрибуирани како основни карактеристики од втор план, во сопственост на физички лица во модел неповрзан со претходно постоечки односи со моќта. Уредите мораат да бидат придружени со вештини за обука за употреба на уредот и на отворената мрежа, така што тешкотиите за користење не продолжат да ги водат луѓето кон поедноставните уреди што носат предвидливи, контролирани и „сигурни“ апликации. Во блиска иднина, ова може да значи програми фокусирани на жените, колку што беа и микро – заемите, или млади и деца. На подолг рок, мора да значи истакнување за поевтини компјутери од лозата на персонални компјутери, а не souped-up мобилни телефони. Или, како алтернатива, тоа значи дека ни треба потежок фокус на регулаторни инвенции кои ќе бараат мобилните телефони и телефонските мрежи да бидат поотворени и пофлексибилни- иако ова е потешкиот начин. Тоа значи дека во сите настани, уредите се поврзуваат во комбинација со обуката.

Се прашувам дали некој предвидува свет каде што ИКТ за индустријализираниот свет ќе биде скоро ист како и за милиони корисници во светот во развој? За сите напредоци што ИКТ го направил во последните шест години се чини дека ние се уште не сме во точка каде што се спојуваат двата света на технолошките прашања.

Од Akiwitz на Flickr (Криејтив комонс)

Од Akiwitz на Flickr (Криејтив комонс)

Еве една интересна истрага од Мира Славова во блогот Mobile Market Design for Development. Таа гледа во еден неодамнешен напис “The Cloud, the Crowd, and Public Policy“ од Мајкл Нелсон, каде што Нелсон „ја следи еволуцијата на ИКТ од фаза 1: самостојни уреди, преку фаза 2 : Светската глобална мрежа (WWW), до фраза 3:  Облакот (The Cloud)“.

Па за светот во развој?

Секако јас не очекувам дека еволуцијата на технолошките иновации во земјите во развој ќе мораат да го следат истиот пат како индустријализираниот свет. Но јас го наоѓам интересен фактор да се разгледаат можностите за социјални, економски и технолошки развој….

Гледајќи во оваа перспектива, мислам дека е фер да се каже дека мобилната технологија во земјите во развој е веројатно во фазата 1 во нејзиниот развој. Други настани, како користење (макар и на ограничен) на GPRS или 3G во земјите во развој и достапноста (исто така ограничена) на интернет пристап на мобилен во сугестија дека ИКТ за развој можеби ја достигнал фазата 2.

Паралелната приказна за еволуцијата на техниката за употреба во земјите во развој јасно се развива со многу поголема брзина отколку еволуцијата и адаптацијата на персоналните компјутери во напреднатите индустријализирани земји. ИКТ за развој исто така не се развива во изолација од технолошки и деловни модели на решенија чија цел се поразвиените индустриски земји, и обратно.

Што се случува кога ќе го одделиме ИКТ за развој од општиот разговор за ИКТ? Крис Кауард , на неговиот блог, second recess, има добра поента дека не сите технологии кои целат кон земјите во развој мораат тоа да го прават со капитален- Д развој.

Еден од проблемите со ИКТ за развој е тоа што тој конотира различни работи до различни луѓе – со повеќето дефиниции вртејќи се околу апликациите (претежно дигитални) за ИКТ до интервенции кои  имаат експлицитни развојни цели како што се здравство, образование, транспарентност на владата, или други од врстите кои произлегуваат од Милениумските развојни цели. Како таква постои тенденција да се игнорираат прашања кои не одговараат на конвенционалните развојни цели (квалитетот на живот, игри, социјални движења, итн), или нешто што може едноставно опишано во контекст на било каква употреба на ИКТ во светот во развој……

Со цел да се прилагоди поширок опсег, многу луѓе се свртеа кон терминот ИКТР (ICTD) или ИКТ за развој, за да го сместат акцентот на феноменот на ИКТ употребата во земјите за развој, без разлика дали постои „развојната“ цел или не. И покрај добрите намери зад ова, се плашам дека за нијанса веќе е изгубено за повеќето луѓе, па затоа не мислам дека тоа служи за подолг рок во нашата заедница. И јас мразам акроними.

Има и други проблеми исто така – како на пример, што претставува „развој“ и дали е значајно да продолжи да ги групира земјите на земји во развој или развиени ( јас мислам дека не) – но овие се теми за друг ден.

Еден начин за да се помогне е да погледнете што точно ИКТ за развој треба да прави, ајде да се обидеме да погледнеме преку очите на еден компјутерски научник. Беки70, авторот на блогот Beki’s Blog, има добар аргумент за обид да се мешаат ИКТ за развој и ИКТ чија цел се пазарите како САД.

Целта на ИКТ за развој е да ги реши тешките истражувачки проблеми кои истовремено прават разлика во животот на луѓето под служба на ИКТ. Ние не ја мериме компјутерската наука преку доброто кое го создава за средната класа во Америка, ние ја мериме преку комплексноста на решението.

Таа вели дека постои голема дискусија за поврзаноста на компјутерската наука со ИКТ за развој.

Некои учесници кои што се ориентирани во компјутерската наука, се напрегаат да одговорат на прашањето: „каде е компјутерската наука во ИКТ за развој?“ други пак, набројуваат многубројни можности (за емпириски да покажат кој може да биде потенцијалот на оние области, во кои се простираат полињата на компјутерските науки, како што се евтина интернет конекција, стекнување зафатнина во регионите во развој, преку необичните мрежни конструкции и кешинг системите, мобилни со апликации за траги, менаџмент на моќ, компјутерска визија за откривање на проблемите во здравството).

ИКТ за развој ме предизвикува да размислам за економското влијание (кое што е благонаклонето, кон оние што создале успешен бизнис и се единствените соодветни луѓе кои можат лесно да повлечат линија, помеѓу она што тие го создале и колку луѓе тоа нешто го купиле или го употребуваат) како метрички систем за влијанието на компјутерската наука. Воедно, поради тешкотиите да се пронајде соодветна мерка, се прашувам дали ИКТ за развој се развива во погрешен редослед, ако ние се уште учиме како да ја измериме продуктивноста на добивката од употребата на компјутери во корпоративна Америка (каде што компјутери постојат со декади). Можеби е нереално, да постојат добро разбрани мерки за оние околии каде што снабдувањето со компјутери ќе претставува прв значаен предизвик?

Обидувајќи се да ја доведеме оваа дискусија доле на земјата, да ја погледнеме улогата која ИКТ ја игра во барем една земја. (Во мојот нареден пост, ќе ја разгледам наредната генерација на ИКТ проекти насочени кон светот во развој). Во Шри Ланка, блогерот и активистот на ИКТ, Самера Вијератна, истражува што ќе се случи ако Владата и операторите на мобилните компании ги сфатат мобилните телефони погрешно. Наместо да се гледа на нив како алатка за развој, тие ги продаваат телефоните како стока за широка употреба.

Од блогот, Информатички и комуникациски технологии за развој.

Една неодамнешна реклама, од Шри Ланка, прикажува девојка која добива СМС порака на нејзиниот мобилен телефон и вели: „Моето момче ми испраќа СМС пораки, дури и откако разговараше на мобилен со мене со часови“
Пораката од момчето: „Ти си прекрасна“
Таа возвраќа: „Ти си паметен“

Повеќето од мобилните оператори во Шри Ланка се обидуваат да ги сместат мобилните телефони само како алатка за забава и одржување контакти. Тие главно целат кон младите со своите маркетинг кампањи.
Ова доведе до разни забуни и недостатоци за двата мобилни претплатници, како и за мобилните компании. Негативни мислења се развија меѓу луѓето и повеќето од нив од дното на пирамидата, не веруваат дека мобилните телефони влијаат позитивно на нивните животи.
Погрешна позиционирање на мобилен телефон во Шри Ланка доведоа до дури и најлошите политички одлуки, како што Владата на Шри Ланка  ги забрани  мобилните телефони во училиштата http://ict4d-in-srilanka.blogspot.com/2009/08/sri-lanka-bans-mobile-phones-at-schools.html
Значи, голема е потребата за да се разбере потенцијалот на мобилните телефони за развој и за позиционирање на вистинското место. Исто така, време е да се доведат многу повеќе дополнителни корисни услуги кој ќе одат подалеку од само забава.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.