Ново лого, дизајнирано за аеродромот Кабаровск во Русија создава мешаница помеѓу корисниците на социјалните мрежи на РуНет. Ова можеби се случува, бидејќи на логото е прикажана летечка мечка.
Интернет корисниците го открија новото лого на аеродромот Кабаровск (интернационален хаб [1] на далечниот руски исток) сосема случајно. Додека официјалниот веб сајт [2] на аеродромот не покажува знаци на редизајнирање или сменети логоа, неколку луѓе го забележаа новото лого на банер со спонзори на веб сајт на шампионат во хокеј [3]. Откако ќе го забележите, тешко е да се промаши: централниот дел на логото е бела мечка, како лета на сино позадина (небо).
Официальный логотип аэропорта в Хабаровске. Не шутка. pic.twitter.com/XSdFtRn1E5 [4]
— Рустем Адагамов (@adagamov) January 28, 2015 [5]
Официјалното лого на Кабаровск аеродромот. Не е шега.
РуНет реагираше како и вообичаено—со Photoshop.
Очигледно. pic.twitter.com/jmslegE944 [6]
— Кевин Ротрок (@KevinRothrock) 28 јануари, 2015 [7]
Очигледно. pic.twitter.com/jmslegE944 [6]
— Кевин Ротрок (@KevinRothrock) 28 јануари, 2015 [7]
Мечката е важен симбол за Русите, каде ова животно честопати се поистоветува и со самата држава. Нема да ве зачуди тогаш, што варијациите [8] на новото лого беа многубројни.
Предвидливо, првите „преработени фотографии“ од логото вклучуваа и други стереотипни содржини кои често се атрибуираат на руската култура, како што е зимската капа „шанка“, балалајката, и се разбира, водката.
Темата со водката се чини особена популарна.
Некои фотографии се поигруваа со атлетски теми, предлагајќи варијација на логото со уметничко лизгање за циркусот во Кабаровск.
Се разбира, беа преработени и некои класични мемиња.
Варијантата во зелено подолу претставува варијација на Макачкала аеродромот во Дагестан, со две мечки кои играат „легзинка“, национален танц. Рускиот гнев кон белците од северот често е изразен како незадоволство од нивните јавни танци како кристализација на културалните разлики и она што Русите го сметаат за бучен јавен метеж (донекаде иронични, бидејќи и самите Руси уживаат во јавно пеење и понекогаш – танцување.)
pic.twitter.com/ZpgcjTTbps [9]
— эчпочмак и комбикорм (@kocizum) 28 јануари, 2015 [10]
Иако преовладуваше нотата на исмејување на новото лого на руските социјални мрежи, некои корисници всушност сметаа дека логото е симпатично, така што, погодуваме дека тоа резултатот на кој тимот за односи со јавноста на аеродромот се надеваше.
Не ме интересира што велат другите, ГО САКАМ логото на аеродромот Кабаровск. Тој е симпатичен. Тој лета. ТРГНЕТЕ СЕ ОД МЕЧКАТА. pic.twitter.com/cGU9xTA7lz [11]
— Наталиа Антонова (@NataliaAntonova) 28 јануари, 2015 [12]
Не ме интересира што велат другите, ГО САКАМ логото на аеродромот Кабаровск. Тој е симпатичен. Тој лета. ТРГНЕТЕ СЕ ОД МЕЧКАТА. pic.twitter.com/cGU9xTA7lz [11]
— Наталиа Антонова (@NataliaAntonova) 28 јануари, 2015 [12]