Логото на аеродромот Кабаровск е вирална сензација. Исто така, тоа е летечка мечка

Images mixed by Kevin Rothrock.

Фотографија на Кевин Ротрок.

Ново лого, дизајнирано за аеродромот Кабаровск во Русија создава мешаница помеѓу корисниците на социјалните мрежи на РуНет. Ова можеби се случува, бидејќи на логото е прикажана летечка мечка.

Интернет корисниците го открија новото лого на аеродромот Кабаровск (интернационален хаб на далечниот руски исток) сосема случајно. Додека официјалниот веб сајт на аеродромот не покажува знаци на редизајнирање или сменети логоа, неколку луѓе го забележаа новото лого на банер со спонзори на веб сајт на шампионат во хокеј. Откако ќе го забележите, тешко е да се промаши: централниот дел на логото е бела мечка, како лета на сино позадина (небо).

Официјалното лого на Кабаровск аеродромот. Не е шега.

РуНет реагираше како и вообичаено—со Photoshop.

Очигледно. pic.twitter.com/jmslegE944

— Кевин Ротрок (@KevinRothrock) 28 јануари, 2015

Мечката е важен симбол за Русите, каде ова животно честопати се поистоветува и со самата држава. Нема да ве зачуди тогаш, што варијациите на новото лого беа многубројни.

"Watch out!"

„Пази!“

Предвидливо, првите „преработени фотографии“ од логото вклучуваа и други стереотипни содржини кои често се атрибуираат на руската култура, како што е зимската капа „шанка“, балалајката, и се разбира, водката. 
1422450016710

Темата со водката се чини особена популарна. 
B8cnwi-CcAMWck9

"The Khabarovsk Duty Free."

„Фри-шопот Кабаровск.“

Некои фотографии се поигруваа со атлетски теми, предлагајќи варијација на логото со уметничко лизгање за циркусот во Кабаровск. 
14224453322456

Khabarovsk Circus.

„Кабаровскиот циркус.“

Се разбира, беа преработени и некои класични мемиња. 
14224494181817

14224420009788

Варијантата во зелено подолу претставува варијација на Макачкала аеродромот во Дагестан, со две мечки кои играат „легзинка“, национален танц. Рускиот гнев кон белците од северот често е изразен како незадоволство од нивните јавни танци како кристализација на културалните разлики и она што Русите го сметаат за бучен јавен метеж (донекаде иронични, бидејќи и самите Руси уживаат во јавно пеење и понекогаш – танцување.)

Иако преовладуваше нотата на исмејување на новото лого на руските социјални мрежи, некои корисници всушност сметаа дека логото е симпатично, така што, погодуваме дека тоа резултатот на кој тимот за односи со јавноста на аеродромот се надеваше.

Не ме интересира што велат другите, ГО САКАМ логото на аеродромот Кабаровск. Тој е симпатичен. Тој лета. ТРГНЕТЕ СЕ ОД МЕЧКАТА. pic.twitter.com/cGU9xTA7lz

— Наталиа Антонова (@NataliaAntonova) 28 јануари, 2015

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.