Политичката коментаторка и писателка, Денис Дресер, за време на презентацијата на својата книга „Мексико, земја на еден“ (нејзината сопствена земја), сподели со присутните на нејзиниот говор, како и со гледачите на Јутјуб, 10 начини преку кои таа смета дека граѓаните можат „да го вратат Мексико“, земја која според писателката, „премногу долго им била издавана на граѓаните“. Според Дресер, Мексико, предолго време, „им припаѓала на своите верски лидери […] на своите освојувачи, на своите либерали, на своите диктатори, на своите партизани на ИРП ( Инситуционална револуционерна партија), на своите империјалистички настроени претседатели, на своите монополисти, на своите политички партии и на своите елити“.
Дресер упатува на лошите работи кои ја исполнија поновата историја на Мексико со тешки предизвици. Од корупција во политиката до социјални нееднаквости, патот на Мексико не бил без тешкотии, особено за сиромашните. Најновите проблеми се длабоко поврзани со насилството поврзано со дрога, и војната против дрогата. Ова исто така резултираше со она што Дресер го смета за одредена рамнодушност која треба да се надмине, со цел Мексико да им се врати на своите вистински сопственици: граѓаните.
Со своите зборови, Дресер обрнува внимание на општеството во тешки времиња; нејзините идеи се базирани на факти кои тешко можат да се игнорираат. Меѓутоа, предизвиците што таа ги наведе и тешкотиите на кои се осврна лесно можат да се однесуваат и на многу други држави и во регионот и во светот:
México vive obsesionado con el fracaso, con lo que pudo ser, pero no fue… con lo perdido, lo olvidado, lo maltratado […] Estos son tiempos nublados de muertos y heridos, de poderes fácticos y reformas que realmente no los confrontan del todo.
Мексико е опседнато со неуспех. Со она што можело да биде, но не било. Со она што било загубено, заборавено, постапено на погрешен начин […] Ова се нејасни времиња на мртви и на ранети, на фактичка моќ и на реформи кои всушност не се справуват целосно со нив…
На тој начин, со цел „Мексико повторно да се врати“ Дресер предложи 10 едноставни чекори, резимирани тука:
- Да не ја почитувате власта/моќта: „Од витално значење е да се биде целосно отелотворен граѓанин”.
- Да гласате и „да го разберете кандидатот, при што треба тој/таа да се испита […] да се знае од каде доаѓа тој/таа и каде оди таа/тој”.
- Да бидете информирани: „Би сакала да разберете дека ако добивате најмногу информации од ТВ, нема да бидете изложени на големи делови од реалноста во земјата. Посакувам да разберете дека најголемите ограничувања на слободата на говорот доаѓаат од [ТВ-мрежите] Телевиса и ТВ Ацтека.”
- Да работите и да го оценувате вашиот законодавец, општински претставник или гувернер: „Би сакала да разберете дека оваа личност е ваш службеник, бидејќи неговата или нејзината плата доаѓа од даноците кои, се надевам, ги плаќате“.
- Да разберете дека „оваа позната војна против дрогата […] не ги произведе резултатите кои се очекуваа од неа [а наместо тоа] ги влоши проблемите кои требаше да се решат”.
- Да разберете дека Мексико „ќе напредува само кога народот ќе биде образован, и тоа прилично добро образован”.
- Да се спротивставите на монополот: „Нема полесен начин да се збогатите во оваа земја од тоа да поседувате лиценца за управување со некои јавни средства”.
- Да го соберете ѓубрето надвор од вашиот дом: „Да бидете одговорни за тој јавен простор кој е всушност вашата земја”.
- Да се поврзете со други преку граѓански медиуми на интернет: „Би сакала да разберете дека од суштинско значење е да се зајакне врската помеѓу новите технологии и остварувањето на политички и граѓански права во Мексико”.
- Да препознаете „дека наша должност е да и вратиме назад нешто на нашата земја. Да ѝ дадеме малку од нашето време, нашиот талент, нашата енергија”.
Целосниот говор, на шпански, може да се погледне тука:
За време на својот говор, Дресер се осврна на тоа што значи да се биде граѓанин во денешно време, и на тоа кои се предизвиците за новата генерација граѓани во Мексико. Таа спомна примери, препорача писатели, филмови, читања, и весници на интернет кои би можеле да ја охрабрат оваа промена во менталитетот на луѓето.
Друга важна точка на говорот беа пороците кои доаѓаат од политичката историја на Мексико. Дресер жали за враќањето на Институционалната револуционерна партија (PRI, на шпански), политичката партија која владееше во земјата повеќе од 70 години и која се врати на власт кога Енрике Пења Нието беше избран за претседател:
Vivimos de paliativo en paliativo, del “Laberinto de la soledad” al yugo de las bajas expectativas. Y aunque es cierto que algunas de las prácticas del pasado han sido enterradas, numerosos vicios institucionales asociados con el autoritarismo y el viejo PRI siguen ahí, coartando la representación ciudadana, y la gobernabilidad democrática.
Ние одиме од едно привремено решение на друго, од „лавиринтот на самотија” до притисокот од имање ниски очекувања. Па дури и кога е точно дека некои од практиките од минатото биле закопани, бројни институционални пороци поврзани со авторитаризмот и старата ИРП се сè уште таму, ограничувајќи го учеството на граѓаните и демократското владеење.
Според Дресер, Мексиканците имаат повеќе заеднички работи отколку што мислат со Фродо, хобитот на чиј товар било да ја спаси сета Средна земја во трилогијата Господарот на прстените, на Џ. Р. Р Толкин. Таа истакна на кој начин повеќето Мексиканци, како Фродо, се повикани да бидат херои и покрај себеси:
El hobbit Frodo es un héroe renuente. Frodo no quiere asumir la tarea que le ha sido encomendada. Frodo preferiría quedarse en el Shire y vivir en paz ahí. Y en México muchos Frodos actúan así, piensan así, viven así. Prefieren criticar a los que gobiernan en lugar de involucrarse para que lo hagan mejor. Eligen la pasividad complaciente en lugar de la participación comprometida. Pero Frodo no tiene otra opción. Y ustedes, los ciudadanos mexicanos, tampoco.
Хобитот Фродо, е неподготвен херој. Фродо не сака да ја преземе задачата која му е дадена нему. Фродо повеќе би сакал да остане во Округот и да живее таму во мир. И во Мексико, голем број Фродовци, се однесуваат на овој начин, мислат на овој начин, живеат на овој начин. Тие повеќе сакаат да ги критикуваат оние кои се на власт наместо да се ангажираат за да сторат подобро. Тие ја избираат безгрижната пасивност наместо ангажираното учество. Но, Фродо нема избор. И вие, граѓани на Мексико, исто така немате избор.
На крајот на нејзиниот говор, Дресер резимираше со надежен тон, потсетувајќи што е најважно:
Creo que es muy emocionante ser mexicano en esta época, aunque uno tenga que coexistir con el regreso del PRI. Yo agradezco esa dádiva. No siento que seamos incambiables, no siento que seamos inamovibles, no creo que seamos inferiores a otros ni que nos merezcamos menos. Somos de la región más transparente del aire, venturosamente, somos de México.
Сметам дека е многу возбудливо во овие времиња да си Мексиканец, дури и ако мораме да коегзистираме со враќањето на ИРП. Благодарна сум за тој дар. Не чувствувам дека сме непроменливи, не чувствувам дека сме неподвижни, не сметам дека сме инфериорни ниту пак дека заслужуваме помалку. Ние сме најтранспарентниот регион на воздухот. За среќа, ние сме од Мексико.
Видео-снимката од говорот има 79.000 прегледи на Јутјуб и привлече интересни коментари од загрижените сајбер-граѓани и гледачи. Повеќето од нив ги поздравија идеите на Дресер и ги споделија 10 начини преку кои, според неа, може да се стане добар граѓанин на Мексико.
Сепак, други коментари се уште беа полни со сомнеж и песимизам, со оглед на тешките околности. ТаузендЈанг напиша:
Toda la historia ha demostrado que sólo ha habido cambios a través de una revolución a causa de un gobierno inútil o fallido. Todos los gobiernos se corrompen después de determinado tiempo. Entonces lo que se necesita es un sacrificio y otra renovación.
Историјата покажува дека промената доаѓа само преку револуција по бескорисна или неуспешна влада. Сите влади стануваат корумпирани по одредено време. Тогаш она што е потребно е жртва и обновување.
Но, на крајот, поголемиот број луѓе го делеа мислењето на Алберто Ескобар, кој ги поддржа идеите на Дресер:
Me inspira esta mujer a exigir lo que merecemos
Оваа жена ме инспирира да го бараме она што го заслужуваме.